1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патување низ времето

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Strumfeta93, 12 декември 2010.

  1. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    :D
     
  2. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Јас пред некое време гледав една емисија, таму зборуваа за патувањето низ времето. Значи кажуваше како има можност за да се патува според некоја формула, што Анштај на напишал, некој закон, не го запомтив но нешто беше со патувањето. И, емисијата одеше во тој правец, да речеме дека може... Па, ја одведоа емисијата неколку години кога техниката е развиена и може да се патува. Па, тој побара патување низ црната дупка, објаснувајки како таму времето тече многу побавно, а кога се врати на земјата, девојката што му го даде билетот веќе беше стара бабичка. Потоа се реши за патување низ времето и се врати во минатото, поточно на почетокот на емисијата. Се поздрави со самоит себе од пред половина час и си продолжи понатаму. Потоа од никаде почнаа да излегуваат илјадици како него, поздравувајки го. А, тој емисијата ја заврши со зборовите: Ако сите се вратиме во минатото, повторно и повторно, во светот би настанал хаос, па запрашајте се, дали е тоа што навистина го сакате... :^) Оваа емисија многу ме потресе, па си реков: Човекот е многу паметен, жими се! :D
     
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    наводно, според квантната физика, ситните честички можат да патуваат низ времето, кај нив нема минато, сегашност или иднина :) а ние за едно 500 години можда ќе направиме нешто :D
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.430
    Пол:
    Женски
    Мене ова никако не ми изгледа возможно. Можеме да уживаме само во книгите и филмовите кои раскажуваат за временски машини, но во реалноста тоа не е возможно.
     
  5. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Ние луѓето можеме да патуваме низ времето и тоа го правиме цело време но само умствено.
    Пример и доказ за тоа е , затворете очи и помислете на некоја ситуација каде што сте биле многу одалечени од местото каде што се наоѓате моментално - веднаш ќе креирате ситуација за неколку секунди , а физички за да стасате до тоа место ви треба многу време.
    Тоа е еден вид на патување низ времето.
    Тоа е микрокосмосот во кој ние живееме.
    Благословени сме со тие знаења, имајте го тоа на ум.
     
  6. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    се согласувам со тебе. умствено може да се патува во времето. но кој знае можеби еден ден ќе се измисли вистински времеплов со кој ќе можеме да патуваме низ времето
     
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Види откачено е ама ако имаш истражувано околу овие полиња тоа веќе постои на едно многу повисоко ниво на разбирање на физичкиов универзум.
    Евентуално би можеле вистински да патуваме преку астрална проекција,
    така и физички и умствено , али тоа е нерелеватен муабет и за џабе би дискутирале. :)
     
  8. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    во право си искрено многу сум заинтересирана за темава
     
  9. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Обрати ми се преку приватна порака доколку сакаш да те упатам во тој свет на тие мистерии.
    Има доста матријали за обработка околу таа тема и само малкумина можат да ги сконтаат.
     
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Искрено во последно време многу сакам да видам што ќе биде со мене во иднина, па од друга страна си викам ако знам можеби ќе сакам да ги сменам некои работи а со тоа ќе расипам други така да што е од Бога, ќе биде.
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Патникот познат под името Адам Арчон тврди дека доаѓа од не толку далечната 2045 година. Таинствениот човек скриен зад замагленото лице вели дека се согласил на детектор за лаги во обид да ја потврди неговата приказна. Во видеото, тој е поврзан со Алиенвер лаптоп и жици, но на снимката нема вистински полиграф.

    Тој продолжил да одговара на прашања за себе и за иднината, а на екранот постојано блескал зборот “вистина”.

    “Морам да ви докажам дека е вистина така што ќе ги прифатите информациите кои ви ги давам и ќе го направите светот подобро место”, вели Адам.



    Патникот одговарал на низа прашања за имплантираниот чип во неговата рака, вонземјаните кои ја посетуваат Земјата во 2028 година и откривањето на патувањето низ времето.

    “Да, вистина е дека вонземјаните слетаа на Земјата во август 2028 година. Всушност, ние знаеме за нивното постоење и пред 2028 година, но тогаш ѝ станува познато на јавноста. И да, вистина е дека патувањето низ времето стана познато во 2028 година, но истото е измислено во 1981 година”, истакнува самонаречениот патник низ времето.

    Арчон потоа го потврдува името на последниот претседател на САД, храброто тврдење кое претходно го изнел подеднакво таинствениот патник Ноа Новак.



    Тој вели дека Јоланда Рени Кинг, внуката на активистот за човекови права Мартин Лутер Кинг Џуниор, ќе победи во претседателската трка. Според неговите зборови, вонземјаните нема да дојдат на Земјата од вселената, но не можел да даде повеќе детали. Во 2030 година, сите земји од светот ќе се спојат под знамето на една глобална супердржава.

    До 2045 година, со светот ќе управува супер напредна форма на вештачка интелигенција која ќе ја надгледуваат само 10 луѓе.

    “Да, постои вештачка интелигенција која ќе раководи со целиот свет, позната е како Светлост. Таа се поставува во секој поединечен уред и можете да ја прашате што сакате, а таа ќе ви го даде одговорот на најдобриот можен начин”.

    Што мислите за ова?
     
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ова е клирли фејк но постој една фотка од временски патник во 40-те, лик шо се двои меѓу толпата по гардеробата....не знам зошто, ја рачунам за кредибилна
    [​IMG]
    и да не е, сепак верувам дека е изводливо и кријат факти од нас
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    И последната теорија на заговор дека Грета е временски патник :rofl:

    [​IMG]
     
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Додека не видам со свои очи не верувам . И Маите викаа дека во 2012 ќе не удри метеорот . Така и временските патувања .
     
  15. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.479
    Не знам од кои извори се горенаведените слики, но еве интересна статија каде луѓе совршено наликуваат на историски ликови од музејски слики: https://www.google.com/amp/s/www.th...ger-lookalike-paintings-museums-gallerie/amp/
    Маите предвидуваа крај на светот, но на некој друг начин, не онаков како што си го замислувавме
    [​IMG]
    Најмногу мразам кога за било каква теорија на заговор, мистерија и сл, американците се први да изложат свое објаснување, како видеото погоре. Како во Тангузија или Урзикистан не се појавеше некој "временски патник" или нло, па за тоа да слушнеше цел свет?
    овие приказни не изгледаат фејк но се фасцинантни. Инаку луѓето што 'гледаат' во иднината или минатото, нели се на некој начин временски патници? Само умствено, физички е навистина незамисливо. Којзнае...
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.