Јас само во соседството сум патувала со автобус. До каде вие сте биле со автобус и дали мислите дека е убаво попат да видите повеќе земји?
До Холандија, со децата од школо. Инаку, мразам било какво патување со автобус на подолги релации, којзнае кој го валкал седиштето кое ми следува, а и премногу луѓе во толку ограничен простор, честопати ми се гади од непознати.
Јас не би со автобус пат подолго од 4-5 часа. Едноставно е премногу, неудобно, не можеш да спиеш, ниту да се протегнеш, ограничен кога да одиш во тоалет, кога да се размрдаш и да земеш воздух...па уште и ако ти се погоди стар автобус и луѓе без хигиена...кај и да одиш низ нос ќе ти искочи. И онака денес авионските карти се малтене поевтини од автобуски...
Со автобус имам патувано до Италија, Унгарија, Австрија, Словенија, Германија, Швајцарија, Луксембург. А сакам до Холандија да отидам. Само не знам кој прави тура до NL.и колку чини, за колку се стигнува и каде и сл.инфо. Обожувам да патувам, голем авантурист сум и сакам да поминам што повеќе дестинации. Без разлика дали е со автобус,авион,кола..
Сум била со автобус до Барселона, интересно беше бидејќи посетивме многу други градови и држави имаше и многу дружење. Недостаток е тоа што не можеш да се одмориш, неудобно е и напорно. Исто беше и на екскурзија кога бевме во Братислава, Виена, Прага...
По екскурзии во средно, бевме до Виена и Будимпешта. А така самоиницијативно, еднаш бев до Загреб со автобус. Се измалтретирав по пат и за џабе изгубив време. Нема поента кога авионските карти се толку евтини и толку брзо се стига.
До Бугарија-Албена,3пати одамна и отогаш никогаш повеќе со автобус. Малтретирање кога имаш авионска карта до секаде.
Имам патувано до Прага на екскурзија. Интересно ми беше и возењето, единствено што ми сметаше беше тоа што од седење толку долго се укочував. Така да дури со автобус мислам е поинтересно, само со чести паузи.
Не сум била на некоја ептен долга релација со автобус ама би одела. Многу сакам патувања и не ми е никаков проблем ниту долгото седење на седиштето. Добро, моето тело можеби после ќе се побуни, ама брзо се решава тоа. Инаку, досега најдолгото патување со автобус ми е само 5 часа.
Јас мислам дека е подобро да се оди со автобус на подалечни дестинации.Секако дека е помачно со автобус, но зошто да не видиш други градови и држави Јас обожавам да гледам низ прозорец додека патувам, така да дефинитивно одам само со автобус на далечни дестинации Најдалеку сум била до Шпанија, но планирам и многу подалеку
До сега не сум патувала со автобус на долги релации , мислам ван Македонија , ама би сакала . Најдалеку каде сум била се школските екскурзии до Битола и Охрид со попатни застанувања во други градови . Многу сакам да патувам некаде далеку со автобус , иако знам дека е макотрпно и телото нема да се согласи со мојот авантуристички дух , сепак тоа нема да ми претставува проблем . Можам и 5 дена да издржам да патувам со автобус , секако со паузи за тоалет , кафе , цигара и малку шетање низ попатни градови . Штета што се одкажа средношколската екскурзија до Италија , баш бев загреана за патување
Имам отидено до Љубљана, Словенија со автобус. Се измалтретирав, кога се возам неможам да спијам, ограничен си со простор, застанување... Не би пак...
Со автобус бев до Шпанија и до Германија и не згрешив воопшто.Ем повеќе места и градови видов ем не ми беше заморно воопшто.Мене ми беше удобно во текот и на двете патувања.
Најдалеку до Будимпешта... ама со тоа што заглавивме на граница не фати можеби 18-20 саати... Никогаш повеќе! Не сум голем фан на автобуси..не би отишла никаде Сакам авиони..
Се имам возено и би се возела пак. Секогаш кога патувам кратко, онака имам потреба од поќе, едино до сега еднаш ми било тешко во автобус и тоа последниот пат кога си идев од Охрид до Битола, најмала дистанца, ама имав проблеми со стомакот. Најмногу уживав на релација Грција - Италија - Словенија - Хрватска - Србија, од која имав само две вечери во хотел, а зошто сум мал чоек си развив техника за спиење во автобус и буквално уживав дур патував, да сакав еден ден одмор да се изнаспијам ко чоек и тоа причина шо при крајот сакав дома, ама доколку би спиела барем уште една вечер во хотел би продолжила со автобусот уште долго. Исто тука сфатив дека неќам бродови, и неќам да се возам со нив, е сега за авиони уште немам искуство ама од досегашното патување со автобус и кола, го обожавам. Не ми смета шо неможам да одам во тоалет кога сакам или да јадам како човек, то ми е интересно, и кога сум некаде баш така и сакам да ми се одвива животот. Успат застанав низ многу места за разлика ако сум летала на секое од местата поединечно. Па дури и кај шо не застанвавме има шо да се види по пат, а уште од мала сум сакала низ прозор да гледам и уште то ми е некако убо. И баш сакам пак и пак и пак да имам вакви некои ланчани шеткања со автобус, баш сакам.
Со автобус имам отидено до Италија, Австрија, Србија (Белград), Чешка. До Србија се издржува некако 7-8 часа. Ама до другиве дестинаци ужасно!! Убер досадно еден ден и повеќе да го поминеш во автобус. Неможеш на раат да се напиеш нешто бидејќи попатните застанувања се ограничени, неможеш да спиеш, другиот ден се ќе те боли. УЖАС!! ама пак мене ми е страв да се возам со авион