Здраво,јас бев за Санторини со автобус и искрено многу е патот 8 саати со автобус и 8 саати со брод се патува,никогаш повеке не би одела така.
Со автобус најдалеку сум патувала до Истанбул, околу 11-12 часа, ама кога ќе стигнеш и излезеш од автобусот, се’ уште имаш чувство дека си во возење. Напорно е, ама зависи кој како е навикнат и како поднесува долги патувања.
28 саати до Германија. Последно до Истанбул оваа година за 8 март, околу 14 саати пат се фати со граници и паузи. Мене не ми смета, издржувам и сакам возење. Воопшто не сакам авиони, да можам секогаш би бирала автобус.
Најдалеку до Љубљана па и заглавивме на една граница Од тогаш ми се одмили возењето со бус на далечни релации
До Београд бев сам на 18 години пред некој месец со Ниш Експрес и се вратив таму ме пречекаа другари од Полихроно едно лето што се запознавме и останавме во контакт. Низ Македонија сум бил скоро сегде.
Сега се вративме од Истанбул. Околу 13 часа со бус натаму, за назад саат два повеќе ( пошто гужва беше мн автобуси имаше од мк, а за натаму беше побрзо пошто еден ден порано од гужвата тргнавме). Реално, се издржува по што се патува ноќе, ама многу е битно колку е удобен бусот. Ние бевме со виста траел, и нашиот бус беше ко за релација скопје-куманово. Ама помалку ни беше мачно отколку да одиме со кола по што друг ти го бере гајлето (на пример патот со кола ск-парга повеќе не измачи, отколку сега).
Многу сакам да патувам со автобус. Сум била до Кушадаси, Барселона, Закинтос, Сончев брег, Тасос... секогаш преубаво доживување, запознавање нови луѓе, стекнување нови пријателства. Откако имам деца не сум патувала, едвај чекам да пораснат па да патуваме сите заедно.
Ние не стекнавме нови пријателства не зошто сме недружељубиви, туку дека не одевме организирано на факултативите. Ама за враќање две групи уште за коси што не се фатија , пуздер се направија на најниско ниво, пошто секогаш има некој што касни и некој што исправа криви дрини. Ама интересно шоу беше за останатите
Наеднаш најдалеку до Германија. Инаку ја имам цела Европа поминато во автобус на апсолвентска екскурзија. Исто имам и до Кипар патувано со автобус и брод, од што уште имам трауми. Не е пријатно баш, ама тоа е тоа во моментот. Авион е светска работа во секој случај
Дали некој патувал подолги релации со Руле-Турс.И ако може некој искуства со нив,точност,автобуси,шофери?