Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патување со воз - Скопје-Белград

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Miro91, 19 февруари 2019.

  1. Imagina

    Imagina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Од новите возови, овие кинеските, не знам дали се сите исти, меѓутоа јас се имам возено со оној брзиот воз БТ-СК-БТ и можам да кажам дека има катастрофална удобност - никаква. Седиштата се тврда и крута пластика, потполно не-ергонометриски (што значи не се анатомски дизајн) и внатре има силна миризба на “кинеско“ од пластиката...а за брзина, стигнува исто колку и регуларен автобус на иста релација.
    Тоа е моето искуство.
     
  2. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Прашањево не е соодветно за тука ама би сакала да прашам дали може со студентска идентификација да се земе бесплатен билет за воз? Бидејќи е нели прв викенд од месецот.
     
  3. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Мора со индекс.
     
    На Blue.Sky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Машки
    Јас пред 10 години имам патувано Скопје - Белград во кушет вагон.
    Се тргнуваше навечер а се стигнуваше утрото. Спиев скоро цела вечер и утрото одморен стигнав :)
     
    На Miro91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Фала ти Алекс :) Се уште се возат истите вагони, прашањето ми беше дали се користат новите возови. Најверојатно ќе се јавам на Железничка па ќе прашам.
     
  6. dijana.didi95

    dijana.didi95 Нов член

    Се зачлени на:
    21 март 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    не би препорачала со воз до Белград. Какви сака нека се возовите, а и мислам дека кинеските возови беа само за низ МК
     
  7. maria7

    maria7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е во ред да пишувам тука, но сепак ќе прашам.
    Се зборува за отварање на границите во средината на јуни, па сакам да прашам за ваше мислење, дали ќе дозволат и за автобуските линии да се одвиваат како претходно, навистина ми е важно бидејќи би сакала веднаш по отварањето да заминам во Белград. Секое мислење па дури и некоја неофицијална информација ќе ми бидат од значење
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Најверојатно ќе почне повторно рутата, само можеби со намалена фрекфенција.
     
    На maria7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kindame

    kindame Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Дали некој има информациии за оваа линија? Дали е воопшто во функција, распоред, цена и какви се условите.
    Ви благодарам однапред
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    4.265
    Не е во функција поради обновување поточно изградба на брза пруга помеѓу Прешево (српската страна на граничниот премин) и Ниш, а тоа ќе потрае подолго време, можеби неколку години. Но кога тоа ќе се заврши, од Скопје до Белград ќе се стига со воз за 3-4 часа за разлика од доскорешните 12-13 часа (за време на СФР Југославија 7-8 часа). Слично е и со линиите од Белград кон границата со Унгарија. Северно од Белград се стига само до Стара Пазова и Рума.

    Моментално од македонска страна возот оди само до Табановце, македонската страна на граничниот премин.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    7.149
    Пол:
    Машки
    Скопје-Битола е 4 часа
    Скопје-Белград 4 часа? Хаха.
     
  12. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Србија дури сега почна со обновување на постоечките линии, а да не зборам за линиите накај нас. Дури денес се официјализираше обновата на пругата Белград-Будимпешта која ќе се изгради наредниве години. Од Ниш до кај нас нема линија, па ни до Софија нема. За нашиве железници ич да не зборам, катастрофа се. Се надевам ќе се вложува повеќе во нив наредниве години за да се поврземе конечно со регионот.
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    4.265
    Првичната најава беше 3 часа, но реално ќе биде 4, ако се направи според најавеното нели.
     
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    22.957
    Пол:
    Женски
    Дали сообраќа воз на релација Скопје - Белград, има ли некој инфо?
     
  15. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.176
    Допаѓања:
    1.674
    Пол:
    Машки
    Јас колку што знам не. Само автобуси, комбиња.
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    4.265
    Не, и нема ни да има најмалку следните 2 години бидејќи од српска страна се обновува пругата. Нема возови ниту од Прешево или Лесковац до Ниш. Ако е за утеха, кога ќе заврши обновата, во Белград ќе се стига отприлика за 4 часа.

    извор: https://biznis.kurir.rs/info-biz/42...od-eu-a-u-planu-je-i-povezivanje-sa-bugarskom
     
    Последна измена: 7 април 2024
    На KidA, Alex.T, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.