1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патуљасто зајаче

Дискусија во 'Дом' започната од GreenEyedT, 25 февруари 2012.

  1. GreenEyedT

    GreenEyedT Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Слатки ,слатки, прееееееслатки !!!
    Имам голема желба да си купам и да си го чувам дома во онаков стаклен аквариум, ама ми е страв, бидејќи порано чував зајаци од оние големите и тоа ги чував надвор и ужасно смрдеа! дали и патуљастите толку многу смрдат? И ако може некој нека ми даде повеќе информации за патуљастите зајачина, сакам да знам во што се впуштам пред да си земам едно. Ве оставам со неколку слики
     

    Прикачени фајлови:

    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Многу се слатки, прв пат гледам вакви, не сум приметила. Ако навистина има по Петшопови тие најубаво ќе те информираат за тоа како се чуваат и одржува нивна хигиена и најбитно прашање дали одат пар машко/женско или може само едно да се чува.
    Да ти кажам право ме ставаш во ??? за вакво домашно милениче :) многу се слатки
     
  3. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Јас си купив зајаче, не е патуљасто туку мала раса со не толку долги влакна како патуљестото, и е со мал раст односно не расте како обичен зајак пошто е наменето за домачни услови одсносно з ачување дома. Е сега не смрди оти јас го хранам со посебна храна. Значи има многу видови на храни и има посебна храна за да не му смрди изметот. Така да немај гајле јас моето зајаче го чувам во стан поточно во мојата соба и не смрди. Ќе ставам после слики на темата "сликите од вашите миленичиња" па види го :)
     
  4. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Јас за некој ден ке си земам и имам сега не патулјасто туку со мал раст и го хранам со посебната храна исто како K.Mari4ka ;)
    Еве и информации:
    Што треба да знаете пред да се одлучите да набавите зајаче

    Зајачињата можат да бидат исклучителни домашни миленичиња, тивки се, чисти, бараат релативно едноставна нега, погодни се и за многу мали станови, но постојат некои работи кои морате да ги знаете пред да се одлучите да набавите зајаче. Зајачињата се во потполност зависни од сопствениците, кои треба да им обезбедат секојдневна нега и внимание.

    Зајачињата не се погодни миленици за многу мали деца. Тие не сакаат да им се досадува, а можат и да се разболат од преголем стрес предизвикан од грубата детска игра. За постарите деца, тие се идеални домашни миленичиња. Постарите членови на семејството мораат да бидат однапред свесни дека поголемата грижа околу зајачето мора сами да ја преземат. Тоа вклучува редовна и правилна исхрана, достапност на свежа вода во секој момент и чистење на кафезот - тоалетот. Не можете да очекувате дека вашите деца ќе ја преземат таа одговорност.

    Зајачињата можат да живеат и до 12 години, па и тоа треба да се земе во обзир пред набавката. Бидете спремни на долготрајно пријателство, но и грижа.

    Просторијата во која борават мора да биде додатно осигурана. Тоа првенствено значи дека мора да ги тргнете сите кабли кои можат да ги прегризат. Не треба посебно да се нагласува дека особено се опасни електричните кабли, како и собните цвеќиња, кои можат да бидат отровни.

    На што да обратите внимание при купувањето? Крзното на зајачето треба да биде сјајно и чисто. Не смее да биде валкано околу аналниот отвор, бидејќи тоа може да укажува на мека столица односно здравствени проблеми. Потоа, ушињата мора да бидат чисти, а влакната околу носот суви. Проверети ги забите. Горните заби треба да растат преку долните. Ако тоа не е случај, тоа може да укажува на неправилен раст на забите, што е чест случај кај зајачињата. Забите на зајачињата постојано растат и ако поради неправилниот раст не можат да се трошат, доаѓа до прераснување што, ако забите не се трошат редовно, може да доведе до оштетување на усната шуплина и смрт заради неможност да се храни.

    Зајчињата имаат потреба од големо ваше внимание. Тие се многу друштвени суштества и менталната стимулација е доста важна. Зајачињата се среќни и задоволни, особено кога ги галите. Знаат да бидат многу љубопитни и заиграни. Бидете спремни да си играте со нив на нивно ниво, т.е. на подот. За да не им биде досадно додека се сами, обезбедете им доволно играчки или камен за трошење на забите. Тие ќе послужат добро и како материјал за грицкање, со што ќе ги одвратите од нападот на вашиот мебел.

    Осетливи се на стрес кој може да биде последица од груба игра и постапка, нагли промени на храна, надворешни влијанија (голема бучава) и сл. Стресот може да доведе и до тешки здравствени проблеми. Немојте да ги присилувате на игра ако тие тоа не го сакаат, обезбедете им мирно место во кое можат да побегнат од се и во кое можат да бидат сигурни дека никој нема да ги вознемирува.

    Зајачињата вршат нужда на едно место и се многу чисти животни. Сепак, бидете спремни на повремени неповолности и надвор од садот за нужда. Изметот се мали, суви топчиња кои лесно се тргаат и не оставаат ни трага ни мирис. Мокрачата може да биде со многу непријатен мирис, затоа е пожелно често чистење на тоалетот. Ако случајно се измократ надвор од тоалетот, непријатниот мирис најдобро се отстранува со обичен алкохолен оцет.

    Основни работи кои мора да ги набавите пред купување на зајаче се

    - кафез
    - сад за вода
    - сад за храна
    - тоалет
    - тоалетен песок
    - храна
    - минерален камен
    - куќарка
    - транспортер (во случај да морате да посетите ветеринар или планирате да го носите зајачето на излет или викендица)

    Кога зајачето ќе го донесете во вашиот дом, ставете го во однапред припремен простор за него и оставете го да се смири и опорави од стресното патување. Првите неколку дена немојте премногу да го вознемирувате и дајте му време да се привикне и прилагоди. Времето искористете го за дополнително прибирање на информации за неговата нега и исхрана. Ако имате деца во домот, за почеток ограничете им го пристапот и детално упатете ги како да се однесуваат спрема него. Дајте му време да ве запознае и вие да го запознаете него, бидејќи тоа е тек почеток на вашето долго и прекрасно дружење.

    При изборот на место на кое ќе го поставите кафезот водите сметка дека тој не смее да биде покрај прозорец, изложен директно на сончева светлина или на промаја. Бидејќи зајачињата се друштвени суштества, би било добро да го сместите во просторија во која најмногу престојувате. Во кафезот мора да има место за тоалет, сад за храна и да има слободен простор за одење и лежење. Препорачливи се кафезите со бочни врати ( за зајачето да може само да излегува и да се враќа во него) и отвор од горе, кои се многу практични за сите интервенции внатре во него.

    Важно е да се напомени дека зајачето дефинитивно не е играчка за мали деца!
    Децата не можат да се грижат за него бидејќи бара еднакво внимание како и куче и маче, па грижата за нив обично се пренесува на родителите. Пред доаѓањето на зајачето во домот, потребно е добро да се информирате за неговите потреби.

    Однесување на зајачињата

    Луѓето кои немале искуство со зајачиња не можат ни да претпостават за сите нијанси на нивната комуникација и интеракција со луѓето и животните од домот во кој живеат. Правилен почеток на дружење и поставување сигурни темели на комуникација се предуслов за среќен, сигурен и долг живот на зајачето. Доаѓањето во новиот дом по правило е пропратен со стрес. Транспортот, одделувањето од мајката и групата во која се родило, губењето на познатиот и сигурен терен и престој во некој од продавниците за домашни миленичиња обично го доживуваат стресно.

    Општо прифатено е мислењето дека тие се мирни, плашливи животни кои само седат во кафез и нешто грицкаат. Стварноста е потполно поинаква. Зајчињата се многу друштвени, мили, заиграни и интелигентни суштества, ако имате пар доживувањето е поголемо. Поголемиот дел од денот и ноќта го поминуваат во спиење или дремење, но секогаш имаат време за игра, мазење. Најактивни и најзаиграни се насабајле и предвечер, па тогаш секако треба да им се овозможи слободно движење особено ако се во текот на денот затворени во кафез. Би било идеално кога целиот ден би биле слободно пуштени, но тоа, нажалост, не е секогаш можно.

    Како и секое друго живо суштество и зајчињата имаат потреба за комуникација. Тоа нормално се одвива без зборови, но кај нив говорот на телото е изразено развиен и кога ќе го запознаете точно ќе знаете што вашето зајаче сака. На пример ако се спротивставува додека се обидувате да го земете во раце, тоа е сигурен знак дека тоа во тој момент не му се допаѓа. Раширено е мислењето дека зајачињата не ги боли ако се држат фатени за уши или кожата на вратот. Тоа не е точно. Правилен начин е со едната рака да го фатите околу долниот дел на грбот (газето), а со другата рака под градите. Брзо подигнете го и цврсто приближете го на своите гради. Тоа ќе им овозможи сигурност, бидејќи стануваат нервозни ако нозете слободно им висат во воздух. Тие по правило се плашат од висина, така што ќе го кријат главчето под вашата рака додека ги носите. Единствено зајачето кое вам потполно ви верува и кој е научено на носење од самиот почеток, опуштено ќе дозволи да го носите и заинтересирано ќе гледа околу себе.

    Немојте да го кревате против негова волја и да го форсирате во нешто што не го сака. Подобро спуштете се на под и придружите му се во играта. Сакаат кога ги галите по грб, по глава и образите, околу ушите, на носето. Кога е расположено за мазење и е удобно наместено, во состојба е со саати да лежи и ужива.
    eве го линкот:www.bonbonteddy.con.mk
     
    На Milobebence и t.i.n.k.b.e.l.l им се допаѓа ова.