1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пауло Коелјо

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од red, 8 ноември 2010.

  1. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Пауло Коелјо е роден на 24 август 1947 година во Рио де Жанеиро, по желба на родителите се запишува на правен факултет но потоа се откажува од факултетот за да стани писател. Година дена откако го напуштил факултетот почнал да патува низ Јужна Америка, Северна Америка, Мексико и Европа. Живеел како хипик и уживал во дрогата.
    Во 1982 ја објалил својата прва книга Arquivos do Inferno (Архиви од Реката), но книгата немала некој позначаен успех, во 1987 ја издава Алемичарот во 900 примероци, но постанува популарен после објавувањето на Брида(1990). Алхемичарот потоа се продава во преку 65 милиони примероци и постанува една од најпродаваните книги во историјата. Преведен е 67 јазици и запишан е во Гинисовата книга на рекорди како книга на жив автор која е преведена на најповеќе јазици.
    Творештво :
    -Дневникот на еден волшебник
    -Алхемичарот
    -Брида
    -Валкирите
    -На брегот на реката Педра седнав и плачев
    -Петтата гора
    -Прирачник за воините на светлината
    -Вероника реши да умре
    -Демонот и госпоѓицата Прим
    -Единаесет минути
    -Захир
    -Вештицата од Портобело
    -Победникот е сам

    Јас ги имам прочитано: `Алхемичарот` `На брегот на реката Педра седнав и плачев` `Петтата гора` `Единаесет минути` и `Вештицата од Портобело` а сакам да ги прочитам сите. Вас колку ви се допаѓа Пауло Коелјо и кои негови книги ги имате прочитано?
    :* позз
     
    На КикиМаус и WildCherry им се допаѓа ова.
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Од Коелјо ги имам прочитано Алхемичарот,Дневникот на еден волшебник и 11Минути.Од сите тие најголем впечаток ми има оставено Алхемичарот.Искрено не сум љубител на стилот на Коелјо.11минути ме разочара,очекував искрено нешто понакво.
     
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Ме воодушевува,искрено.Ги нема сите негови дела прочитано,но повеќето да:
    -Алхемичарот,На брегот на реката Педра....,Валкирите,Вероника реши да умре,Единаесет минути и Захир.

    Тој е еден од моите најомилени писатели кои го разбрануваат секое делче од мојата душа додека ги читам,не можам да издвојам фаворит,сите дела содржат нешто племенито и воздигнувачко,нешто што ја разгорува жедта.Греота е ако ништо повеќе барем едно -две дела да немаш прочитано од него,греота и срамота!
     
    На FBI, red и Night.Star им се допаѓа ова.
  4. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Пауло Коелјо ми е еден од омилените автори, ги имам прочитано Захир, Алхемичарот, 11 Минути и Вештицата од Портобело. Прекрасен стил на пишување, интересни приказни и секогаш поучни. Навистина е греота да немаш ништо прочитано од него.
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Од Коелјо имам прочитано четири дела: Алхемичарот, 11 минути, Вероника реши да умре и најновата - Победникот е сам. Ми се допаѓа неговиот стил на пишување и воопшто делата кои припаѓаат во белетристика. Го следам Колејо на twitter и редовно се информирам што има ново кај него. Моментално пишува нова книга која треба да излезе во 2011, а ќе се вика O Aleph (на англиски не знам како ќе му дојде преводот). Често на профилот пишува мисли кои ќе се најдат во книгата и едвај чекам да ја преведат на македонски за да ја прочитам.
     
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ух го обожавам стилот на човеков... Имам само 3 прочитано од него, а најмногу ми се допадна Брида.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Вероника реши да умре, Единаесет минути, Захир, Вештицата од Портобело(не ја дочитав)
    Од него се откажав, не читам повеќе, некако ми стана досаден. Захир ме разочара, а вештицата не ја ни дочитав.
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Од Пауло Коелјо ја имавме Алхемичарот како алтернативна лектира во средно. Можевме да си избереме една книга надвор од задолжителната листа за читање, и некој ја предложи оваа, затоа што тогаш стана многу читана и популарна.
    Искрено, доволно ми беше. Имам силно чуство дека писателов пишува како по нарачка за допадливост, за да биде популарен, за пари. А во вакви случаи често уметничката вредност оди на страна.
    Знам, свесна сум дека е глупаво да тврдам дека не ми се допаѓа писателот врз основа на една прочитана книга, но кога некој силно ќе ме разочара немам инспирација да читам понатака :|
     
    На anneyy и Magnolija им се допаѓа ова.
  9. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Од коелјо ги имам прочитано „вероника реши да умре“ и „алхемичарот“
    додека ги читав ми беа убави
    ама не ми oставија некаков впечаток и брзо ги заборавив
    иии оваа „дневникот на волшебникот“ ја започнав ама ми беше досадна и ја оставив
    ...... моето заклучно мислење за коелјо:
    добри книги има по новната содржина (барем овие што ги прочитав)
    ама стилот на пишување не ми се допаѓа
    се ми е онака читајќи брзо и непредвидливо, и погоре видов еден коментар за неочекуваниот крај на
    „11 минути“
    мислев инаку да ја прочитам и „крај реката педра седнав и плачев“
    ама не очекувам ништо особено
    имам и др книги кои ми се во план од автори кои ги сметам подобри од коелјо....
    а искрено тој не ми се допаѓа
     
  10. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    175
    Вероника реши да умре-Пауло Коелјо....
    Дефинитивно Пауло Коелјо е еден од најдобрите автори на денешницава,ако не и најдобар.По Алхемичарот ова е нешто феноменално,спектакуларно,прекрасен бестселер кој ја поврзува смртта со животот,лошото со доброто,видливото со невидливото.Вероника е млада жена со потекло од Љубљана/Словенија Таа има се што може да си посака.Пари,богатство,среќа,ги поседува најдобрите клубови,често се запознава со мажи,може да го има кој сака но незадоволна од самата себе,сметајќи дека другите не се задоволни од нејзините постапки решава да изврши самоубиство.Зема преголема доза на апчиња за спиење,а воедно забележува и натпис во списание кој гласи Where is Slovenia?Токму таа причина ја наведува виновна за да може нејзиното самоубиство да го оправда пред светот...Но планот не и успева и таа се буди во ментална болница каде дознава дека и останува недела-живот.Таму го среќава Едуардо кој пати од шизофрeнија во кој таа се вљубува..Прекрасна,трогателна приказна помалку депресивна...Вероника учи за вистинските вредности на животот,да владее самата со себe,да стане посилна и пред се да научи да се цени........
    Како што рекол Коелјо:
    ‘Јас сакам,морам повторно да се ценам себе си,морам да се убедам дека сум способна да донесувам сопствени решенија,не смеете да ме туркате во нешто што не го избрав самата‘
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Од Коелјо ја имам прочитано само "Алхемичарот" а сакам да ја прочитам и "Демонот и госпоѓицата Прим"
     
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Не знам зошто го толку сакате, досаден е. Има добри мисли, али главно сите книги му се слични.
     
  13. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Од Паоло Коелјо ги имам прочитано Алхемичарот, 11 минути, Захир, Вештерката од Потобело, Валкирите, Вероника речи да умре, Скитникот Мактуб, и навистина сите негови книги се ремек дела, автентични и продлабочени со јасни пораки и цели.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Еден од моите омилени автори кои со задоволство ги читам. Со нетрпение чекам да излезе нешто ново.
    Речиси сите негови дела ги имам прочитано.
    Последното дело Победникот е сам сеуште го немам прочитано.
     
  15. Zore

    Zore Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2009
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Јас многу го сакав Коелјо, ама во последно време почна да ми станува досаден. Ги имам прочитано повеќето книги, најубава ми е Вероника реши да умре, па потоа Вештицата од Порто Бело. Алхемичарот најмногу ме разочара, очекував мн повеќе, нели таа би требало да е најубава.
    Дневникот на еден волшебник, Брида, Валкирите, На брегот на реката Педра седнав и плачев, Петтата гора, Демонот и госпоѓицата Прим, Захир и Победникот е сам исто така ги имам прочитано. На брегот на реката Педра седнав и плачев ми се допадна малце повеќе од другите, останатите беа добри, но постојано е слична приказната. Захир ми беше убедливо најдосадна книга, одвај ја дочитав.
    И Единаесет минути морам да ја спомнам, таа навистина ми се допадна, и ме воодушеви начинот на кој едно машко може така убедливо да пишува за жена.
     
  16. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Од Пауло Коелјо ги имам прочитано Алхемичарот и Вероника реши да умре, ама не ми се допаѓа начинот на кој пишува, досаден е
     
  17. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    121
    Ќе речам секоја чест за овај човек .Мене ми е еден од најомилените писатели .Ги имам читано . “Победникот е сам “,“Алхемичарот “, “Дневникот на еден волшебник “ , “11 минути“ ,“Вероника реши да умре“ ,и “ крај реката педра седев и плачев “ Во план сум да ги прочитам и другите книги кога ќе имам време :)
    Дефинитивно човекот има незаменлив стил на пишување.
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мене ми се допаднаа книгите од Коелјо кои сум ги прочитала,а тоа се „Алхемичарот„ „На брегот на реката Педра седев и плачев„ „Петтата гора„ „Вероника реши да умре„ и „11 минути„ иако не се слозувам целосно со некои идеи изнесени во нив,стилот на авторот не го сметам нити за досаден ни па насочен исклучиво кон комерцијални цели,делата се читливи и имаат поуки во себе.
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Коелјо е бренд, тоа е факт.
    Прва негова книга што ја прочитав беше „Алхемичарот“ и навистина ме бендиса, па си реков да прочитам ајде уште нешто негово.
    Следуваа „Петтата гора“ и „Дневникот на еден волшебник“ и искрено книгиве ментално ме пореметија. Ајде „Дневникот“ не толку, ама „Петтата гора“ :x толку ме оптерети (а кога ја читав немав ни обврски ни ништо, значи можев комплетно да и‘ се посветам на книгата), ме измори начисто.
    После ја читав „Крај реката Педра седев и плачев“, која ми го поправи впечатокот (иначе решена бев да се откажам од Коелјо) и последно ја читав (но не ја дочитав, бидејќи не беше моја) „11 минути“.
     
  20. cvekje13

    cvekje13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    34
    Знае ли некој каде може да се најде Вероника реши да умре ?