Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пауло Коелјо

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од red, 8 ноември 2010.

  1. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Од Пауло Коелјо ги имам прочитано Единаесет минути и Захир, а моментално ја читам Победникот е сам. Планирам да ги прочитам негови книги бидејќи има навистина прекрасен стил на пишување :)
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Немам што да кажам освен дека -Алхемичарот ми е сеуште нај нај поучната книга што сум ја прочитала :D
     
  3. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Од Пауло Коелјо ја имам прочитано Вероника реши да умре....ама некако филмот ми е по добар од книгата....
     
  4. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Човекот го обожавам,така доброо ми влијае на психата што ме тера да гледам на многу работи поинаку,научив многу,а потрошив малку :)
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Го обожавам имам две книги проЧитано
    Победникот е сам и Единаесет минути (иако ја Читам на германски ) премногу добра книга
    прекрасен автор :*
     
  6. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Пауло ми е ВРВ!сите негови книги ги имам прочитано,а ги имам и повеќето дома,но не баш сите,и сакам да ги докупам да ја имам цела колекција на Пауло.Јас сум негов верен фан :lol:
    Последна ја читав Победникот е сам-последната,со ред го фаќам чекам да му излезе книга и јас одма ја читам :D
    Мислам дека на есен ќе има нова како што сум информирана.
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Моментално ја читам Ангелот Чувар, ми се допаѓа.. некако поразлична ми е од другите.. да ја завршам па ќе видиме...
    Инаку да се пофалам, ја имам собрано цела колекција уште Победникот е сам ми фали :lol:
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ја прочитав Вероника реши да умре и ми се допадна. Сега ќе ја почнам 11 минути а сакам да ја прочитам и Победникот е сам :) .
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Пауло Коелјо...Секогаш со возбуда почнувам да читам негови книги, на средина некаде спласнувам, и на крај редовно ме разочаруваат... 11 мин. и не ја дочитав до крај ако знае некој што се случи со типката, си продолжи со курварлукот или...??? :D
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.345
    Допаѓања:
    249.432
    Шкорпионке оваа му е една од поубавите и подобрите книги на Коелјо, прочитај ја до крај штом веќе си ја почнала. Јас за една вечер ја прочитав, добра е ;) .
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години ги прочитав Алхемичарот, Вероника реши да умре, 11 минути и Крај реката Педра седнав и плачев и ме фасцинираа па така Пауло стана мој омилен автор, но искрено кога почнав да ги читам останатите книги од него не бев толку воодушевена и сега последно ја читав Ангелот чувар и според мене не е толку добра како оние четири книги кои ги прочитав први.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ти ја препорачувам Захир, мене таа ме воодушеви и најмногу ми се допаѓа од него ;)
     
  13. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав и Захир, но не ми остави толку голем впечаток како Алхемичарот и останатите 3 кои ги кажав погоре. Сепак фала, можеби би можела да ми препорачаш некоја книга од ваков вид но од друг автор :)
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Прекрасен,мудар и забавен...
    Еден од моите фаворити.
    Ги имам прочитано Вероника,!1 минути,Захир,Педра,Петтата гора и Алхемичарот,сега ја почнав Демонот и госпоѓицата Прим и планирам да ги дочитам неговите книги во најскоро време.Секоја чест за човекот,просто го обожавам!
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DressedToKill

    DressedToKill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    43
    Јас мислам дека е преценет. Ги имам прочитано'Валкирите и Вероника реши да умре, ама ништо посебно не ми оставија некој посебен впечаток
     
    На Mariuccia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Алхемичарот- иако ја прочитав многу одамна, сеуште ја паметам целата содржина. Ме фасцинираше. Ја читав со таков занес, ги впивав речениците со таква леснотија и спокојство. Дефинитивно книга која мора да се прочита за да се сметаш за ЧИТАЧ.

    11 минути - еден поинаков поглед кон животот. Една професија окарактеризирана како најстара. Една болка како задоволство. Една среќна љубов. Една неостварена желба.
     
  17. K0STOVA

    K0STOVA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Освен најновата скоро се имам прочитано од него. Еден од ретките писатели кои во денешно време пишува за вистинските вредности во животот.
     
  18. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Релативно сум нова во читањето на делата на Коелјо, сега засега, само Алхемичарот и Вероника реши да умре ги имам прочитано.

    Инаку, мислам дека бил еден генијален човек, неразбран од општеството, како и повеќето уметници, всушност.
     
  19. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Еден од омилените автори.Ми се допаѓа неговиот стил на пишување,како и поуките кои можат да се донесат од книгите.Заљубена сум во Пауло :)
    Јас ги имам прочитано:
    -Единаесет минути
    -Крај реката Педра седев и плачев
    -Алхемичарот
    -Вероника реши да умре
    -Победникот е сам
    Дома ги имам и :
    -Дневникот на еден волшебник
    -Петтата гора
    -Демонот и госпоѓицата Прим
    -Брида
    -Вештицата од Портобело
    Дефинитивно ми се во план да ги прочитам.
    Човеков има познавање од секое поле и му се восхитувам.
     
  20. maci95

    maci95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Моментално ја читам Захир од него но некако не сум навлечена.. Инаку ги имам прочитано и 11 минути и Вероника реши да умре.