Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пауло Коелјо

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од red, 8 ноември 2010.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Омилениот мој автор ..

    ги имам прочитано:
    Алхемичарот.
    Крај реката Педра седев и плачев
    Захир
    Победникот е сам
    Вештицата од Портобело

    Би му ги прочитала сите книги.. предобар автор, уште поубави книги..
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Еден од моите најомилени автори во мојот живот . Посебно ке ми остане при срце Алхемичарот, покрај неа ја имам прочитано и Вероника реши да умре, Захир И дневникот на еден волшебник . Дефинитивно препорачувам ! :)
     
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    значи вака. Пауло за мене претставуваше не само омилен автор туку и мн повеќе од тоа. му ги имам прочитано сите книги. голем дел од неговите колумни. списанија каде што објавувал натписи, сум ги гледала филмуваните дела, значи се тоа. буквално опсесија. како некоја тинејџерка со 3MSC така ја со зборовите на овој. :)
    единствено некако ми измакнало Ангел чувар. само тоа ми имаше останато и еве сега го читам. иииии ... буквално цела слика и почит што ја имав за него паднаа во вода. :)
    книгичево е нешо као авторско дело. сам себеси се опишува свои случки. односно кога отишол во пустина и со сила ја одвлечкал жена му 40 дена за да го најде својот ангел чувар и да збори со него :!:
    тоа е само оноа главното, другите детални глупости да не ви ги објаснувам .
    значи јас разбирам што значи фантазија и како луѓето прават научни фантастики и вадат пари, односно живеат од тоа. и како такви посебно ги почитувам Џ.К.Роулинг, Спилберг, Питер Џексон и компанија. не значи дека ми се допаѓаат нивните дела, ама секако заслужуваат почит. и кај Куељо секогаш имало фантазија ама во делата. не во стварниот живот. не знам што повеќе да кажам. типов е дефинитивно забеган. се занимава со магии. гатања. култови. ѓаволи. покрај дрогата што е земена за помало зло. :x
    да беше некој обичен човек и се ова го изнесеше јавно ќе гниеше во затвор. и баш истражував на нет малце за книгава , и кај сите што претходно го почитувале го имала истиот ефект. нема повеќе што да зборам, освен ако го сакате и уважувате како автор не го читајте Ангел чувар, бидејќи веќе нема. :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Една голема катастрофа од автор, ако воопшто може така да се наречи.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Коелјо ми е еден од омилените автори и имам прочитано неколку негови дела. Сите си ги купувам и си ги сместувам во домашната библиотека.
    Многумина за него велат дека е искомерцијализиран, дека пишува по порачка, но безразлика дали пишува за пари и инспирацијата ја добива од тоа - јас ќе продолжам да го читам. Затоа што има силни пораки во неговите книги, стилот на пишување му е интересен и те држи во неизвесност до самиот крај.
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Не го можам.
    Сум читала негови книги, ама само почетокот, не ги довршувам. Не ми се интересни, ни привлечни, а гледам не е до мене. Јас ниедна негова книга што сум ја зела да ја читам, не сум ја завршила. Не ми е воопшто занимлив.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Мислам дека е преценет. Книгите, барем оние што јас сум ги прочитала не се лоши, но ептен многу ги форсираат, а сепак не вредат толку многу.
    Алхемичарот ми се допаѓа најмногу.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Неможам да кажам дека ми е омилен, далеку од тоа, но чат-пат сакам да прочитам некоја негова книга. Мислам дека е преценет, на некој начин бренд и баш поради тоа скоро секоја негова книга станува бестселер. Стилот на пишување ми се допаѓа исто така има и многу добро делови и мисли, но неможам да кажам дека и содржински нешто посебно ми се допаѓаат. Не ми се книги од стилот да не се испуштаат од рака.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Го обожавам , прекрасен ми е. Скоро сите книги му ги имам прочитано и ги читам во еден здив. :)
    Добро сега, ствар укуса је , ама мене многу ми се допаѓа начинот на кој пишува, мислите и тоа како навлегува во човечката психа . Кога ги читам неговите книги, чувствувам дека се запознавам самата себеси.
     
  10. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Книгите на Коелјо изобилуваат со поуки за животот и добри изреки.
    Ама ликовите му се слабо изградени (единствено Вероника ми оставила впечаток)...И мислам дека дејствата му се апсурдни, немаат никаква смисла. Дај мислам шо везе има алхемијата со личната легенда и се себе пронаоѓање. Апсолутно никаква врска. Како што кажав слаби ликови и немам никакви импресии. Брзо му ја заборавам содржината. Само вака памтам некои ситници дека "целата вселена кова заговор да ти ги оствари желбите". :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Далеку од омилен... Последниве неколку книги едвај со сила некако ги прочитав... Ми ја фалат Победникот е сам, ама немам некој мотив, и ене ја фаќа прашина... Ама ќе биде еден ден...

    За добри делови ги има... можеби само ради тоа и го читам да си го збогатам ворд документчето со квоти, а приказна нема некоја добра... Посебно не во поново време
    Некој ја прочита новава Алеф?

    Еве нешто од него што сум зачувала:

    Јас знам дека љубовта е како брана: доволна е сосем мала пукнатина низ која ќе протече тенок млаз вода.Малку по малку тој ќе ги срони ѕидовите и ќе дојде миг кога никој повеќе не ќе може да ја совлада силата на водата.Ако се урнат ѕидовите љубовта станува апсолутен господар; повеќе нема да се прашувате што е возможно а што не е, дали може или не да се остане покрај саканото суштество...да се сака значи да се изгуби контролата.
     
    На xTehUnknown му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Значи со човеков конечно завршувам! По долго време му дадов уште една шанса си велам ај да видам да не сум јас проблемот и орле зорле ја прочитав Ангелот чувар и повторно се разочарав.
    Неможам да сфатам неговиот стил на изразување многу ми се допаѓа, но книгите содржински ама ич ич не ми се допаѓаат. Некако празни ми се без некоја длабока приказна.
     
  13. Lyanna

    Lyanna Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    18
    Лично мое мислење е дека човеков си е бизнисмен - знае што точно му треба на нашево петпарачко општество и тоа го дава. Книгите му се смешни, ликовите нереализирани, а стилот површен. Штета е што вакви автори се светски афирмирани, а некои навистина квалитетни се игнорирани.
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Го сакам Коелјо, Алхемичарот, Вероника и Педра ми се меѓу поомилените книги. Последно земав да му ја читам Победникот е сам и успеав да прочитам само 30 стр. според мене тотална утка.
     
  15. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    Од Коелјо ја имам прочитано само Вероника реши да умре, и не ми се допадна толку многу, искрено повеќе очекував :)
     
  16. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Ги имам прочитано алхемичарот и Вероника реши да умре.Не се нешто посебно, но не се ни лоши. :)
     
  17. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Алхемичарот ја имам прочитано. :)
     
  18. MiladyDeWinter

    MiladyDeWinter Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    32
    Ја имам прочитано 11 минути и искрено ми се допаѓа книгата. Алхемичарот и Вероника реши да умре се на списокот за читање веќе подолг период, ама се некако некоја друга книга ќе успее да се провлече преку ред :D ама наскоро ќе дојде и нивното време :!:
     
  19. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас ги имам прочитано скоро сите негови книги и ми се допаѓаат што ме натераа да размислувам подлабоко особено Влкирите и се однесува на второто јас во нас, можеби на прво размислување наликуваат на смешни на нереални на пример Вештерката од Портобело, но сепак имаат тежина и не се љубовни романи кои секогаш завршуваат со среќен крај , неговите книги потикнуваат на размислување и која ни е целта во животот на пример Дневникот на еден вошебник која е токму таква книга или Демонот и госпогицата Прим. Дефинитивно мој стил на книги и затоа сите ги иамам прочитано од него.
     
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Имам прочитано повеќе негови книги меѓу кои "Брида","Крај реката педра седев и плачев" "Вероника реши да умре","Алхемичарот" Како што напоменав и во една друга тема ќе кажам и овде,дека сите книги до сега што ги имам прочитано од авторов ми се со слична содржина,сите јунаци во книгите се во потрага по нешто.Ми се допаѓаат книгите бидејќи има многу поучни работи,изреки и стилот на пишување му е разбирлив.Но не ми се допаѓаат тоа што се сите слични и веќе го знаеш крајот на веќе почнатата книга.