Дали ја почитувате традицијата за правење на пача за Св. Јован? Дали ја јадете или ја правите само заради традицијата? Ја правите со лук или без лук? Ако не правите дали купувате? Ние дома не правиме. Баба ми кога беше жива го почитуваше тоа правило (не знам каде е пишано) и ја правеше 3 пати годишно. Мене ми беше вкусно само месото, па дедо ми најчесто купуваше пушено само за мене. Течноста не ја јадев, но сега од кога никој не прави дома, ми е слатка цела пача кога ќе начекам некаде
ООО,Марамке,во тој случај те канам на гости кај моите родители-сите што ги пробале пивтиите направени од мајка ми велат дека се прекрасни. За жал,јас тоа неможам да го кажам,бидејќи едноставно неможам ниту да ги гледам,а не пак да ги јадам. Незнам,уште од дете неможам да ги јадам,колку и да стискам заби за да голтнам едно парче,залудно,се враќа назад. А моите родители,да се живи и здрави,како само со сласт ги јадат....Абе се додека не ги изедат(цел експрес лонец вари мајка ми)само тоа јадат-доручек,ручек,вечера. Имам желба да ги јадам(свесна сум дека е ок),посебно кога ќе ги видам мајка ми и татко ми како заедно јадат од една чинија,исечени на коцки,со погача која мајка ми ја прави со сода бикарбона специјално за со пивтии. Ама не оди бе,не можам да ја голтнам пивтијата,се топи,ми се лигави по уста и толку.Единствено што не јадам-стварно немам предрасуди,посилно е од мене -се пивтиите Инаку мајка ми ги прави со лук и тоа става турбо многу лук,нема мрснотии одозгора врз пелтето кое е проѕирно.Ги вари колениците,става и месо,после тоа месото го вади,фрла кожите и коски,става лук и ги сипува во чинии.Така стојат цела ноќ на ладно се до утредента кога почнува нивната гозба. Слатко нека им е на сите кои јадат пивтии.
Многу ја јадам само додека е како супа/чорба, така ми е многу вкусна...а откако ќе се заледи не можам ни да ја гледам...
Верувале или не, лани баба ми кога направи ќе повратев кога ја видов и мириснав. Ја затру цела куќа Неможам, уште со помислата дека е правена од нозе на свиња ми се гади.
Мајка ми не, но татко ми прави секоја година, става свински нозе и месо, и лук става, не става зеленчук, а јас па јадам колку да се рече, од иштав. Утре ќе ја прави тато. Па повелете четврток кај мене на пача феминки
Мајками и таткоми исто така прават секоја година пача . Ама сеа годинава дека е -12/13 тешко да се прави , се мрзни или се топи (не разбрав ) зашто не сум "експерт" . Јас ич нејадам пача неубаво ми мириса а пак да пробам? не иди у обѕир http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/kujnahrana.php?recept_ID=509 Спојлер Коски со месо , може и димено месо се става да се одвари неколку саата , откако ке се свари се дели сето месо од коската и се сецка на мали парченца. Додава толчен лук и варени морковчиња и сето тоа го става во порции па го полева со водата каде се варело месото . Се остава да отстои додека самата пача не се стврдне (не се направи како желатин)
Пача не можам нит да гледам, нит да јадам, нит да мириснам. Моите прават и јадат често или па си купуваат готова, ама не им дозволувам во фрижидер да ја чуваат туку на тераса. Цела храна ќе ми ја умириса тоа лукот. Еднаш викам чекај само месото да го пробам и го чистев, го чистив тоа како желе што се тресе и се откажав.
Значи, јадењево органски не го поднесувам!!!! Ми се гади кога гледам како некој со сласт го јаде, а јас да го вкусам не доаѓа во предвид! Јадат нозе од свиња, бе. Колку може тоа да е вкусно?!
Не можам ни да ја гледам, не па да јадам. Моите дома сакаат многу пача, прават секоја година на Водици обавезно, а некогаш и повеќе пати во годината. Сега кога си бев дома за Божиќ, видов дека мајка ми си беше купила готова пача. Ама за среќа додека бев таму не ја отвори. Заборавив да ја прашам каква била.. Иначе отсекогаш сум се прашувала зашто баш на Водици и на Св.Јован сите прават пача..
Ова како сестра ми да ја слушам, ова не јадам ауу она е гадно, тоа не сакам, ама пифтии за чудо јаде. Јас си јадам пифтии, сакам јадења со лук. Ние ја одбираме маста пред да ја ставиме чорбата во тањири па така на површината има многу малку мрсно. Моите во еден-два тањири оставаат коски, кожа, месо, во другите тањири е пробрано месо, ставаме и пресно и сушено месо и многу е убаво. Ме нервираат коментарите ауу свински нозе, уши, кожа, бљак бљак, ама пифтиите барем си ги правиш само со месо, без разлика што се вареле и коски а хамбургерите од мек доналдс, седмица, лесковачка итн само од тоа и ги прават, мелени уши, рскавици, кожа, некој е будала да става чисто месо, затоа кога јадеме хамбургери, кебапи и сл. наоѓаме тврди парчиња што не се џвакаат . Исто така и саламите, паштетите и сл. се прават со мелење на се и сешто, не за џабе и вицот како настанало името паштета-па штета је да се баци ово(кожа, коски, нозе, рскавици,уши,опаш) Ние ги вариме надвор на плинско троа поголемо, во гаража, за да не мириса во соба, правевме пред еден месец, сега втора тура гламстик коментар : "epa najubo e obvjasnato 4orba od noze na svijna i zdrveno e i to e pa4a zna4i se praj vo zima se tura vo vagan i se zdrvuva" "Се согласувам со сите коментари,премногу е лигаво и одвратно,а што е најтрагично се правело од свински нозе -.- "(хаха да да тоа е нај трагично, да се правеше од срцето на свињата ќе беше по малку трагично ама вака од нозете, како не им е грев, без потресуење кога сите јадете месо и секакви салами)
Koj вели дека пифтијата се вари само од свинкси нозе? Моите ги фрлаат одма, за пифтија треба месо со коски, а од нозе само течност добиваш, а месо сигурно не. Прават кај мене, три пати зимава, значи еднаш пред Божиќ,за Водици и уште еднаш мајка ми прави малце за да се брои трипати И изобилува со месо и лукче, одозгора маст да нема ич. Е сега јас што не јадам лукче тоа е друга работа, ама и покрај сиот напор да одолеам ако сум сигурна дека не мрдам од дома го скубам мевцето од внатре И така исто ко цела пифтија да сум ја јадела, другото оди кај мама или тато Ја варат цел ден, во кујна долу, никако кај нас, баба е задолжена да внимава на огнот,а татко ми убаво да го исчисти и исецка месото. И најчесто гости ја јадат
Татко ми баш денес почна да прави, ама за среќа не ја стави на шпоретот во кујна, туку ја правеше надвор. Секоја година прави, и потоа ја става во друг фрижидер, не во тој кај што ни стои јадењето. Јас не можам ни да ја гледам, а не пак да ја јадам. Од моиве дома, само татко ми јаде. И самиот збор „пача“ ме асоцира на нешто неубаво
Кога бев детиште си мислев зашо бе мама и тато прават смрдлив кафеав пудинг Дури и ми беше одвратна за гледање. Сега си ја јадам и ми убава и вкусна. Ма сега се што ми изгледа вкусно ми е убаво.
Aууу Пудинг од свиња, не благодарам. Мајка ми по тие работи е! Пу, пу, скраја да е, во куќа да имаш нешто вакво
Ај па и вие, не знам зошто ви е толку грозно ова. Не дека сум љубител, далеку од тоа, ама не гледам ништо грозно затоа што е од нозе на свиња. Ами и копанчињата се нозе, ако гледаме веќе така. И тоа и тоа е животно. Само ме нервира тоа што како косичка да и расте на пачава по некое време, травичка ли е, не знам што. Е свежа, пробувам. Ама со фризурче, никако. Првпат за да ме излажат за да пробам, не ми кажаа што е. Јас ем гладна, ем неука (игноранс ис блис), си буцнав и ми се бендиса бе. Пудинг со мевце, зеленчук... што му фали. Нозе имало, пф. Па и вие имате бе.