Луѓето само што се спомне зборчето одма прават гадливи фаци, а јас глава сечам дека поим немаат каков вкус има.Јас јадам, таков човек сум, гурман и морам се да пробам.Кај нас е традиција и кај фамилијата на мајка ми и од кај татко ми, така да често се прави.Бидејќи и јас не ја сакам со нозе и глава дедо ми знае да ми направи со многу убаво чисто мевце па си ја јадам, ама не многу често поради лукот во неа кој ми смета на желудникот.Мене ми е слатка.
ауу мн гадно нешто, не сум пробала, ни па планирам ! Оуф колку гадно само личи на око, а на вкус можам да замислам ...
Гадно личи да и јас затоа не пробував но еднаш пробав собрав храброст искрено не е лошо, но јас го јадев со чисто месо некако со нозе гадно ми е
Луци22 исто и јас велев пред едно 15-20 години, но сега ми е превкусна!!! Татко ми ја прави на зима и става само чисто месо со многу малку лук, маснотијата ја отстранува и кога убаво ке се излади се сладам!!! Спојлер Во некои делови од нашава убава Македонија пивтијата ја јадат топла т.е. како супа. Искрено јас не би сум сакала топла пивтија, ладната е супер!!!
^ леле Пачољубки ама сте ми се си сипале погоре, дури сеа видов... добро, отсега ќе мавам ко‘ од шала по 1 пача на ден, само не ме тепајте!
Еднаш многу одамна (луди млади години) пиев водка и викам ај ќе пробам мезе пача. ААААуф ден денес ми се
Ќе ни кажеш тоа желатинестото на што има вкус , најприближно? Месото го капирам.Лук јадам понекогаш. И јас сум гурман , ама пачата е една од оние работи кои ни најширок филтер не минале кај мене.А чак и еден полжав имам пробано во живот..Зготвен наравно
Преубавоо, тато ја прави зимно време исто така и со тазае топло домашно лепче печено мх мх мх, мерациииии
Баба и дедо ја прават со лук и свински нозе.Комбинација снова. Како мала многу ми беше гадна иако и сега не ми е којзнае колку обожувана, но знам убаво да си се нагостам понекогаш.
Имам јадено, да. Многу е убава кога се прави од чисто месо, со многу магдонос и малку лук. Колку повеќе месо има толку е повкусна.
Се извинувам на тие што jадат тоа, за коментаров моj. АМА Погнасно .. ПОЛигаво и да се треси немам видено ..нема ни да лижнам,ни пробам а недаj боже помирисам Пред неколку години на дедоми сестра во години супер женичка ме понуди дали сакам да пробам имала правено,jас се воудушевив си помислив кизнаj што е. Ко видов уште пред очи ми стоjат делцата од коленче на тоа jаре бог знае што беше и глава како со око лигаво изгледаше ке исповратев од глетката а па да пробав а самата мисла што jадам инфракт ке добиев.
Зависи кој ја прави и што е ставено внатре.Имам јадено прв пат кај вујко ми пред четири години,претходно не.Ама во неговата пивтија нема уши или што ти знам.Става само пушено месо,зачини и коленици за да добие густина.Исто и свекрвата знае да направи добра пивтија. Знам да пробам од стрв,а да седна да изедам количински многу не.
Не сум прибирлива за јадење ама ич, ама пачата е едно од ретките јадења што ни сум го пробала, ни имам намера да го пробам. А и името му е закон .
Не сум пробала. Не дека се гадам многу, не сум гадлива во принцип и ова е едно од ретките "чудни јадења" што ги немам пробано. Најверојатно не сум пробала затоа што кај нас во семсјтвото никогаш не се ни прави. Ама ако некаде начекам обавезно ќе пробам, да видам дали е стварно толку гадно колку што викаат.