Мајка ми и брат ми ја обожаваат. Традиција кај нас е да се приготвува. Мајка ми ја вари дома, во шерпа за ајвар, става свински и телешки коленици и пушени ребра или некоја пушена коска со мевце на неа. Потоа додава лук во некои тањири, други се без лук. Откако ќе остои една ноќ се гостат. Јас не јадам, неможам, воопшто не ми се допаѓа. Сум пробала неколку пати, ама нема теоретски шанси, ми се враќа назад секое залче. Знам да чепнам некое мевце, ама па и тоа ич не ми е по мерак, преварено, бљантаво. И многу незгодно ми паѓа кога периодов ќе отидам на гости и кога пачата ќе ми ја сервираат како мезе, и уште следува „Земи Најубава, пробај, ваква досега не си јадела, кој ја пробал ја пофалил“. Ако се блиски ќе ги одјебам, но ако е некој подалечен ќе затворам очи и штом го земам парченцето и видам како се тресе, сакала нејќела морам да си кажам дека не јадам пача.
Mоите секогаш ја правеа за Bелигден,сигурна сум дека ставаа нозе од свиња и мноогу лук,никогаш не сум пробала,не ми е одвратно месото или лукот,повеке се грозам што е како желе,е мразам желе
Баба ми прави за неа,дедо ми и татко ми а мајка ми никогаш не прави бидејќи ниту ја јади А ни јас не ја јадам.Прво и прво не јадам такво месо а како второ толку ми е грозен мирисот а и кога ќе видам како се треси блјак
Сакам да дегустирам различни јадење и јадам се освен ова чудо. Прво не ми е убаво за око, второ ми е премногу јак мирисот и неможам да го поднесам. Порано правеа моите редовно секоја година, ама сега коа ми се слуша гласот повеќе низ дома не им дозволувам сарма да прават внатре, а не па пача. Миризбата неможам да ја поднесам. Секоја чест на оние кои го јадат овој специјалитет, баш ме интересира странците што мислат за ова јадење и дали им се допаѓа, ако знае некој нека сподели
Ќе речам бљак . Не можам да ја помирисам, не па да ја јадам. Имам еднаш пробано онака лижнато на врв на лажица и скоро да повратев, одтогаш ни имам видено ни помирисано пача, среќа што дома немаат традиција на правење пача и никогаш не сме ја направиле. А тоа за свински нозе+лук+грд мирис е еднакво на бљакот=
Од самиот поглед кон темата ми се лоши , коментарите не ни сакам да ги читам, не не ! Не можам да ја гледам, еднаш од инает пробав, да видам што е тоа што толку прави да ја обожаваат, и уште толку ми се згади- растресена смеса со лук бе , па не можев ни да го голтнам залакот, го плукнав. Не знам кој го измислил ова јадење, ама во секој случај- гадно е, и тоа многу
Абе вие мрштете се...амаааа...тоа растресено желе со лук е де факто желатин. Од што по ѓаволите мислите дека се прави желатинот?! И тоа што викате маст врз нив,не дека мачкале со свинска маст,туку веројатно изнутриците,коските,што и да е,имале повеќе масти во нив,па при варењето излегле од нив,испливале на површината и кога се изладила фатило слој,нешто по принцип како што се вади свинска маст. И така... Ни јас не јадам пача,пивтија,што и да е.Одвратно нешто. Ама знаете што е погадно од пача?! (традиционално си ја кажувам шегава глупа) Ланска пача!!!
Пачата се прави да од свински нозе, но не се ставаат внатре цели копита или што и да се. Се става свинска коленица, па ваљда јадете супа од телешка коленица? Сеедно, кога некој си ја прави за своја душа си става убаво месо, кажав дедо ми ставаше и пушено. Лук не мора да се стави ако некој не го јаде. Кашата не е лигава ако се направи како што треба, баш напротив моиве кога ја правеа беше цврста, без мрсно, а месото само што ќе се боцнеше со вилушка се двоеше од тоа белото како да го наречам Пак би ве замолила коментарите како бљак и тера на повраќање не морате да ги пишувате, ако не јадете пишете зошто не јадете. Си викам бре јас селско дете се си јадам
За среќа моите не прават (иако јадат). Обично порано правеа заедничка со вујна ми кај нив, но одамна немаат правено. Не можам ниту да го гледам, ниту да го јадам. Немам никави предрасуди за они кои ја сакаат пачата се дур не почнат да јадат во мое присуство. Од гледање ми станува тешко (после 3 дена ми се гади од сета храна), а за јадење НИКОГАШ не би пробала. Се ежам и дур пишувам. Навистина ми изгледа грдо.
Е погадно нешто од пача нема! Последно нешто што би пробала некогаш. Ако треба ке гладувам ама никогаш нема да пробам. Цврсто стојам зад ова
Порано не можев да ја гледам од изгледот ми се повраќашено откако пробав пача во велешката таверна го сменив мислењето,цела порција можам сама да ја изедам хах
Не јадам пача само затоа што не сакам никакви ладни јадења од месо - ни свинско печење ладно не ми е убаво. Само не сакам да викам бљак за храна, макар што има работи кои не ги јадам. Има некој што ги јаде, и треба да се има почит кон храната, и кон тие што ја јадат. Има луѓе што умираат од глад.
Баба ми прави најубава пача Иако последниве неколку години моите купуваат готова и убава е не е лоша Си ја јадам без гајле
Еве симнав неколку слики од ова, според коментарите, контраверзно јадње. И однапред се извинувам ако кај некои предизвикаа чувство на гадење. Според мене да се направи убава пача е уметност, а воедно и поздрав до свекрва ми за успешната пача оваа година (после ланските критики).