Ние дома правиме пача секој Божиќ.Мајка ми секоја година како традиција за празникот за постарите принесува пача на трпеза и грејана ракија.Ја правиме со лук и ставаме месо.Јас знам да пробам и ок ми е!
Многу ја мразам. Поготово тоа белото, водата што се стегнува. Ама додека мајка ми ги цепка мевцињата за во тањирите редовно ми остава по нешто.
Немам пробано и не ни сакам да пробам.Не ми се допаѓа изгледот,а посебно кога се сече и мрда ко на колење да е.(па добро на некој начин и е ) И + ми личи на желатин,а тоа не јадам,така да Пифтија sorry,you lose !
Мајка ми и баба ми прават, и сите во семејството јадат само јас не јадам,од самата помисла дека е правена од нозете на свиња и од мирисот ми се гади,а моите дома секоја година варат и секоја година едвај ги истрпувам.
пивтијата е многу вкусна ако знае те како да ја подготвите, у дуќан ги продаваат ептем лигави како недосварени да се ножињата, али да ви направи некој постар готвач е тогаш ќе ви стане омилено јадење, само што треба ниска темперратура да се направи.. у лето потешко
ние ја правиме за Водици,и сите по дома ја јадеме,ама без мрсно...има некои ја прават со кожи,со мрснотии на човек да му се згади
Е тоа никогаш нема да го заборавам ! Првиот пат кога пробав едноставно и буквално повратив ! И тоа на гости бев и мала бев и доста се изглупирам ама се сеќавам дека ептен беше дебилен вкусот ! Аууу бљак ! И оттогаш немам пробано, а и нема да пробам