Сакам паштети. Карнекс ми се многу убави бидејќи се соленки. Аргета исто ми се ок, ама не толку колку порано, порано беа многу поубави беа помеки, сеа се многу здрвени некако... Исто и на Витлаија ми се убави, има интересни вкусови, со лук, со маслинки... пробајте ги.
Едно време јадев паштети и одеднаш престанав да ги конзумирам ниту денес не ме фаќа стрв да земам да си купам.
Не сум љубител на паштети. Може еднаш годишно ако ме фати стрв од мм, тој ги обожава пикант на аргета.
Од кога се смени капачето на Аргета паштетите (нели порано беше како лименка со метално капаче одозгора) некако како почуден ми е вкусот, а Delicata паштета (30 ден.) е многу слична на аргета, мене дури и повкусна ми е дека малку е посолена во вкус.
Претходно јадев многу паштети, последните неколку години избегнувам да јадам. Дали еднаш во 2 месеци ќе јадам, некогаш ниту толку. Инаку кога јадам зимам Пивка пилешка или Аргета пилешка.
Најчесто паштета јадам на работа. Паштета, геврек и јогурт. Во последно време се тоа јадам. Ќе ми здосади кога и да е. Порано јадев само аргета. Откако пробав ловечка сега често си ја јадам. Пред некое време ја пробав оваа и преубава ми е.
И јас порано многу јадев паштети , особено Аргета . Но откако ми се разви бактерија на желудникот , ги ксфрлив повеќето производи како салами , паштети , виршли , бидејќи ми сметаа на желудникот , ме болеше и чувствував тегоби после јадење . Сега знам некогаш да земам , ако ме фати мерак за паштета , и тоа Карнекс или Аргета , другиве сеуште не сум ги пробала , а оние поефтините ( мислам на оние од 15-20 денари ) се некако чудни , не само на вкус туку и мирисот и бојата им е чудна . Порано јадев еднаш неделно паштета , а сега два пати годишно , па ни толку .
Јас многу ги сакам оние ко мали што ги јадевме, некако аргетата ми нема вкус на паштета. http://www.instore.mk/public_content/media/Noviteti za na polica/april 2013/pekabesko2-1.jpg Е ова е ПАШТЕТА бре
Паштетите ми се одјадени уште од како решив здраво да се хранам,аргета ми беше убава, ама се скарав со нездравата исхрана.
Искрено кога видов како се прават и дознав од што се прават(а тоа беше пред околу 10 години) немам ставено во уста,иако понекогаш ми доаѓа да пробам