Сум паѓала во големи бездни, но најчесто паѓањето го чуствувам како реално при мал пад, сопнување, лизгање и слично. Ми се чини тонам, па се враќам на свест. Сепак тоа ми се е случувало само ако сеуште не сум во цврст сон. Пример само што сум заспала или време за станување Не го разбирам овој феноменвоопшто...
многу често ,,паѓам во сон,, и секогаш веднаш се будам ,станувам и се гледам кај сум, ама секогаш сум во кревет не сум паднала на под до сега
Ми се случува понекогаш. Исто како да тонам некаде, меѓутоа, се разбудувам и продолжувам со спиење. Имам забележано дека ова најчесто ми се случува кога сум уморна.
Многу пати ми се има случено ова, како пагам од некои карпи многу високи, и баш пред да паднам доле, се разбудувам и рипам од креветот. Чудно
И мене истото ми се има случено во сонот како пропаѓам во бунар. И тоа долго врме траеше истиот сон и наеднаш се стресував и се будев. Баш мн луѓе ми имаат кажувано дека ако си се има исплашено од висина дека за тоа го сонуваш цело време тоа. И според мене тоа е точно бидејќи јас еднаш ќе пропаднев во еден бунар после извесно време почнав да го сонувам тоа.
многу пати ми се има случено да сонуваш како пагаш и наеднуш ќе скокнам во креветот уплашено без да мислам .. незнам дали само мене ова ми се случува
Ми се има случено и тоа повеќе пати..Сонувам како да паѓам во некоја дупка и како стварно да паѓам така се чуствувам..Се штрекнувам,се вртам на друга страна и оп..Кома
И мене исто така, многу често ми се случува да сонувам како да паѓам во некоја бездна , а сум се засопнала на нешто ситно..и во сонот чувствувам како да паѓам и цела се кочам , и наеднаш кога ќе станам свесна во сонот помрднувам со ногата и презаспивам.
Мене ми се случува,пред да заспијам,одеднаш како да имам чувство дека паѓам и обавезно со едната нога подрипнувам.Не знам од каде ова чувство,ама чудно е.