1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Певекс

Дискусија во 'Мода и стил' започната од blueeparadise, 24 мај 2012.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Гледам доста препирки настанаа во темата за Пренди околу Певекс, па убедувања кое е подобро, дал Пренди, дал Певекс па си помислив дека е подобро да отвориме една тема одделно за Певекс каде може слободно да си дискутираме за Певекс, без да ја полниме со оф-топици другата тема. :) Па тие што го сакаат Пренди нека си пишуваат во таа тема, тие што го преферираат повеќе Певекс ќе си пишуваат тука.
    Искрено, јас сум многу позадоволна од Певекс отколку од Пренди, цените скоро и да им се исти, дури има и поефтини работи, јас вчера си купив три маички и тоа од марки (не е дека се фалам дека е марка, не ми е тоа зборот туку за парите, колку е ефтино) ,двете маици беа 200 денари а третата 150. Јас искрено нешто погоре од 200 денари не ни забележав. Имаат многу добри маици, единствено не најдов убави тексас фармерки зашто не ни барав, ама затоа имаше убави панталони во минт боја, нешто од шорцеви.. И не забележав ниедна фалинка кај производите.

    Јас мислам дека темава ќе биде корисна за сите нас,да можеме да се известуваме што има ново во Певекс, дали донеле нова роба, дали има убави работи и слично.. :)

    Сега Силве одма ќе ја нападне темава и ќе рече дека производите им се сите фалични, а ние сме вработени во Певекс. :wasntme: :lol:
     
    На angelche16, Lepaaa, PinkPanterka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    А Певекс кај се наоѓа?
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Во Топанско до Принц маркетот, во Бисер, накај стара рампа до Ујп, во Центар во редот на Космо.. јас бев во последново, на другите места не сум била. :)
     
    На VayaConDios и K.Mari4ka им се допаѓа ова.
  4. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    19.306
    Пол:
    Женски
    Го видов ова во Бисер пред извесно време, ама никако да влезам да видам што има а на 2 чекори ми е. Ако има нешто интересно одма го земам не се мислам за тие пари
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.391
    Пол:
    Женски
    Бев во Певекс тоа кај Беко и имаше фини ствари. Само повеќето беа со флеки или шкртани со пенкало. Пробав едни преубави минт панталони ама кога видов цели беа со пенкало, другарка ми проба маички беа со флеки. На крај сепак си најдовме по нешто, она 2 маички јас шорцеви шолти со висок струк ама кога дојдов дома видов дека и тие се со пенкало, но ги исправ и избледи, наредното ваљда скроз ќе ги снема.
    Утре ќе одам во Топанско па ќе видам во тоа што има.
     
  6. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Јас последниот пар бев во тоа во Бисер и си купив бели шорцеви и 2 маички. И супер ми се. Баш сум задоволна од производите, а и од цените. Во некој бутик ќе ги најдеш истите работи само дупло, па и тродупло поскапи од овде. Така да, супер ми е продавницава и често ја посетувам.
     
    На dinah му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Певекс носат роба од Турција, а најскапото нешто е 499 денари.
    Сум приметила дека на повеќето работи етикетите горе, и во внатрешниот дел се сечени. А на некои работи си стојат етикетите, и поголемиот дел се Зара, Страдивариус и ТопШоп.
    Кога одам во таа во Бисер, а секој втор ден сум таму, скоро секогаш начекувам по нешто убаво, иако од тој хаос тешко е да копаш и да најдеш.
    Последен пат начекав мој број минт панталони, а имам зимано и маички, така за преку ден, и едно-две фустанчиња кои сум имала среќа да ги фатам во мој број, обично остануваат најголемите.

    Факт е дека изборот им е каде-каде поголем од Пренди, а и роба носат секој ден, така што поголема е веројатноста дека нешто ќе начекаш во Певекс.
    За квалитетот немам што посебно да кажам. Истата роба се врти секаде, и во локалните бутици, и во Солун, така што трајноста е иста.
     
  8. TS-310

    TS-310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    37
    Според мене Певекс е подобро од Пренди.Во Пренди не сум видела ништо посебно,а од Певекс си купив фармерки,сукња,маици.....А цените се и повеќе од супер!
     
  9. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Сега се враќам од Певекс во Бисер и ништо не си најдов! Кој малер сум значи. |( Една девојка пред мене, си имаше преубави работи најдено, изгледа јас незнам да препознам што е убаво или па другото повеќе ми се свиѓа. :lol:
     
  10. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    си имам земено доста работи од певекс,покрај лошите и фалични парчиња може да се најде нешто интересно за скромна сума
     
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Си купив од таму 3 маички, одлични се. За квалитетот уште не би дискутирала, рано е, по неколку пати ги имам облечено, но некако не ми изгледа дека се со многу помал квалитет од производи кои сум ги купила по „нормална“ (изгор) цена во „нормален“ бутик.

    Како и да е, за тие пари се повеќе од солидни. Јас лично имам малку предрасуди кон кои било големи бутици со толку многу производи на едно место, нервоза ме фаќа кога треба толку голем број на парчиња да гледам....и искрено кажано, едвај собрав сила да се натерам да влезам и да разгледувам таму. Ете, сепак успеав, и планирам да ја посетувам и понатаму, со оглед на моменталните трошоци кои ги имам, и оние кои допрва ми следуваат :worried:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Мене многу ме бендисаа панталоните. Јас имам цитрус боја, деновиве ќе си земам и праска и минт. Исти такви има во јаки неон бои, па ако ме спопадне мерак, и такви ќе си земам.

    Инаку, забележав неколку парчиња што ги има во Мана, дупло ако не и повеќе поевтини. :lol: (црно плисирано фустанче на една прерамка и неколку маички)

    Освен тоа, си имам купено неколку маички, без никаква фалинка, и со добар квалитет. Финтата е само да се има око за убавите работи, некогаш знаат да бидат забутани, ама со малку трпение се наоѓа од се по нешто. :)
     
  13. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Тоа во Карпош 4 затворено е? Знае некој што е работата, дали ќе го отвараат пак? :?:
     
    На Tashaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marijamk1

    marijamk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    сега и во Тетово отворија Певекс и цел град е таму...ама има и зошто..за 1450 денари зедовме 2 убави женски маички, две кошули со долги ракави за мажи, една зара блузичка за деца, еден пар летни машки феноменални панталони и еден дуксер зимски за деца со екстра квалитет... а 1450 денари се само едни панталони да ги земеш од некој си обичен бутик...многу од робата е фалична ама треба трпеливо да се бара, да се бара и за едно пет саати ќе најдеш нешто сигурно..ама за парите се исплаќа стварно.... :D па сега вие видете...значи што се нема да им текне на луѓево за да стигнат до профит....ццццц :lol:
     
  15. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.017
    Пол:
    Женски
    ^ на кое место во Тетово има? Сите ги прашав рекоја накај земјоделско, ама точно никој не знае.

    Инаку другарка ми била деновиве и си купила маички и фармерки и вели дека се ист квалитет како и во другите продавници. И имало убава детска облека.
     
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Јас си купив фустан со етикета Зара, преубав, 499 денари, и веќе наредниот ден го немаше тој модел, иако кога го купив имаше 5-6 со различни величини.

    Пријатно сум изненадена од Певекс, иако сум била само 3 пати во она кај Беко, и еден апел, да го прошират малку некако, не се дише мајке ми. :sweat:
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Saya, дај бе открими во кое Певекс купуваш ти? :) :wasntme: Во Певекс, во Бисер не најдов такви пантолони, а сакам да си земам минт боја.
     
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    ^ Во Топанско мила, на отварање ги фатив и растур им напраив од шопинг деновиве. :D

    Кажувајте вие вака што ви треба, ќе претрчува Саја да провери дали има и ќе рапортира овде. :*
     
    На VayaConDios, simoncelicius и Lepaaa им се допаѓа ова.
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Во тоа Певекс кај УЈП планирам да одам деновиве, има гардероби за пробување, и се чека ли многу? :D
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Имаше во Бисер такви панталони, и минт, и жолти светли, крем, розеви...
    Изгледа дека не си ги начекала, се распродале.


    Во тоа Певекс во Карпош некако послабо стојат со нови работи. Некако, друг избор, скромен и не толку добар....
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.