И мене ми кажаа дека секој ден добиваат. Ако не секој, секој втор ден имало нова роба. Ама дека рано ја носеле, во 9 сабајле и до пладне веќе нема ништо. Работава е кој како начека. Јас пак, сум најразочарана од Певексот кај Беко.
Каде е тоа во Охрид?Кај се наоѓа?Јас заприметив едно продавниче погоре од Охридска Банка пишуваше демек 49 199 299 до 399 така нешо,цени имаше.Тоа да не е,или ова друго е што сум го заприметила?
Скоро си купив една суќња со висок струк, тегет боја многу убав материјал и позади златест патент, 350 ден. Прво не ми се даваа, ама после се премислив тука ретко што ќе ми се засвиѓа, ама некои работи стварно вредат.
не знам кај се наоѓа во ох, ама претпоставувам дека е тоа затоа што на излозите на нивните продавници ги има тие цени.
Случајно да не има Певекс во Битола ? Има фустанчиња во Певекс? Онака, секојдневни... И имаат веб страна ? Ако има, постирајте ја да разгледам што има
денес бев во певекс во ск, за разлика од ова во ку има многу подобар избор, гардеробата е со многу подобар квалитет навистина се изненадив, исти продавници, а разлика во гардероаба огромна, јас си купив 3 мајци само, неми се пробуваше ке земев и повеке
Не знам од каде ја носат робава ама сум изненадена како може да имаат некои парчиња што многу вредат а они ги даваат за џабе.. еве денес мајка ми ми купила маичка и морав јас да прочепкам по нетов и ја најдов истата http://www.oasis-stores.com/Tribal-Print-Vest-Top/Deco-Tribal/oasis/fcp-product/3190332258 Тука е 20 фунти (околу 1550 ден.), а мајка ми ја купила за 200 ден.. епа ај оди опрчи се после по бутициве
Јас си купив бело фустанче со црни риги за 300 денари, целото е залепено и многу е убаво. Инаку има на него маркица на која пишува Pull & Bear изгледа некоја стара колекција е.
Во певекс си купив една маичка убава бела од Бершка за 199ден. и отварам дома на страната од Бершка гледам истата маичка 12,99 евра
Баш денес бев во певекс, и скороооо слични најдов вакви Имаше нова роба денес донесено, и стварно имаше некои убави работи.
Има доста убави работи овде.Само треба да ги пронајдеш.Маички и сукни има многу убавии а и фустани исто така.
Мене ми се чини или навистина не носат иста роба насекаде.Маици или фустанчиња во поголема величина тешко ќе најдеш.Во Скопје има поубав избор
Добро бе луѓе во кое Певекс во Ск пазарите? Јас еднаш влегов во она во Градски Ѕид и ништо интересно не видов. Се некои парталченца....
Треба да имаш добар тајминг инаку брзо се разграбуваат добрите работи. Јас сум била во тоа во Бисер и тоа кај Зоил и во принцип имаат исти работи, замо тоа кај Зоил има поголем избор. Ако пробуричкаш, ќе најдеш нешто. Мене ми се подобри од Пренди.
Јас бев во пренди што е накај Кисела Вода натака и имаше стварно убави маички јас си се изнакупив, и имаше и бројчиња. Баш една што ја купив и стои етикетата од Бершка и дури и цената и стои 14 евра дека била а јас ја купив за 199 денари! Епа ајде сега види! Само треба да се внимава на фелер, видов неколку маички отпарани кај рабовите иначе друго се си е супер
Денес си купив кратки панталони, Zara се, за 250 денари и многу слатка маичка за 200. И така за 450 денари имам нова летна комбинација.