1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Певекс

Дискусија во 'Мода и стил' започната од blueeparadise, 24 мај 2012.

  1. IiVvIii

    IiVvIii Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    7
    :inlove: овие ми се во компјутер од певекс денес си купив уште едно ама немам слика ке прикачам деновиве од тоа :)
     
  2. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    вчера бев, си најдов една маичка со американско знаме, бела е, растегната за со спуштено раменце да ја носиш :lol: слатка беше, лесен тенок материјал, за 199 ден. :rofl:
    жими тоа што го најдов, друго се партали на кило.. тоа треба да ги фатиш одма штом ќе донесат нова роба, инаку се брзо им иде :)
     
  3. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    вчера бев кај зоил , ама немаше ништо интересно
     
  4. zlatnaa

    zlatnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    57
    И во Куманово има Певекс бев пред некој ден имаше преубави сукни Зара и шорцеви преубави ммм , ама сукните беа најубави со висок струк една зелена што имаше.Задоволна сум и од некои интересни маички евтинија најскапото е 299 ден .
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Па шуќур и јас да си купам ефтини фармерчиња.
    А се нервирам толку работа а 90% е XS посебно фармерки, шорц и сукњи.
    Па кој носи у денешно време XS oсвен мали девојчиња во развој ;(
    И сакав да кажам дека слушнав од продавачките додека мањачев 1 саат облека дека наскоро ќе има во сите Певекс распродажба на летната роба.
    Кај се ефтини цениве уште сеа ќе е поефтино :)
    Со тоа што веќе била почната распродажбата во Чаир, ако не се лажам така разбрав, а во останатите продавници уште немале известување кога ќе почнела.

    Се надевам некоја фина феминка штом забележи кај Беко ил кај ДОС распродажба да извести :)
     
  6. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Вчера бев во Певекс и си купив две прекрасни сукни .. со висок струг за 199 денари.Исто така имаше многу убави маички но бидејќи си купив маички пред една недела не си ја зедов мака ми е сегаа :^) , а и еден долг фустан што имашее прекрасенн :inlove:
     
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Роси не се вреџај, 95 % од гардеробата ми е хѕ :D

    Инаку во Топанско нема никаква распродажба сега засега, вчера и денес сите ги прошетав и според мене тој е најснабден.

    Одам секој ден натаму, ако има распродажба ќе ве известам...откако ќе се изнакупувам се за да не ми земете нешто убаво. :rofl:
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Се гризнувам по јазик за кажаното :P

    ХЅ фармерчињата многу малецки ми се некако посебно теснине модели. Најчесто тесните стреч фармерки барем јас и тие што ги знам зимаат едно бројче поголемо.
    A веќе ако признавам пробав вчера фустан и ме собра у XS комотно ама јас со моиве 180 ми беше кусичок, не дај боже да се наведнам :lol:

    Мислам дека робата секаде исто носат но Беко и Дос одма се разграбува се, во Топанско е по на страна и купувате вие од тој реон и може подобро да се начека.

    Инаку една случка.
    Нали роденден ми беше и дечко ми дава денарчиња да си купам што сакам да не се замара он. Лани си купив од сите пари фармерки од Мотиви и тоа на 70% попуст.
    А годинава му викам чек да ти покажам што си купив. Вадам фармерки, вадам блуза, вадам џемпер, вадам каиш (од калиопе купен ми квари просек) и му викам чек :!: имам уште пари не ги истрошив сите.
    И тој :o
    Епа јебига лани ги немаше Певекс и Пренди да се опремам за цела сезона :rofl:
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Пак јас.
    Слушав сеа реклама и викаат Певекс позади Мавровка.
    Ај кој бил да објасни кај е тој Певекс точно :)
     
  10. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Поминав пред некој ден покрај Певексов ама не влегов да видам како се снабдени... инаку нема шанси да го утхеш, баш позади Мавровка е, во истата редица на Певекс има еден убав ресторан, нема да го утнеш
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Интересни работи имаат.
    Баш денес си се подновив од Певекс.
    Задоволна сум и од цените,ефтини работи не видов нешто над 500 денари. :!:
     
  12. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Бев вчера, кај што е НЛБ Тутунска кај онаа стоковна што беше порано (мислам Илинден беше), позади таа зграда.. и плус ѕирка продавничката и се гледа од паркингот, има како реклама и од оние како знамиња да ги наречам. Големка е продавницата и средена.. дали дека уште не знаат луѓево каде е.. :lol:
     
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Сега бе во тој Певекс на рампа што е,и си земав една многу убава маичка,за 199 денари.А баш завчера со мајка ми бевме во Њу Јоркер да видиме за маички,и истата беше 669.Епа,има разлика.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.247
    Допаѓања:
    81.810
    Пол:
    Женски
    Кај нас тука, избор на облека - слабо.
    А цените повеќе од убави и се наоѓаат некои убави парчиња, само треба да изиграваш крт и да копаш низ закачалките, па можда ти се посречи. :D
    Е сега, јас сум толку смотана, значи за 300 денари ќе си купев две рамбовки, доле така поширочки (ама мање битно, и онака ќе одеа во панталони, зашто сите блузи така ги носам :D ), едната со tribal мотиви, другата од интересен, нежен и малку необичен светлуцав материјал.
    Значи секоја за 149 и јас глупата си кажав ај ќе размислам. А имаа мој број, што е чудо.
    И од моето размислување до сега мина цела и пол недела, ај пишете пропало, сигурно се отидени у неповрат, ете гледам една типка со истата маичка туку позира за на фејсбук и ја избришав од мака. :rofl:
    Муабетот ми беше - ако ви се допадне нешто грабајте - ни т'к, ни м'к. :!:
    Слушајте го паталецов овде. :lol:
    Ама стварно беше убава таа необичната, мислам цел живот ќе си патам по неа. :doh:
     
  15. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.417
    Пол:
    Женски
    Сабота планирам да одам Охрид,и да наминам во Певекс.
    Се надевам дека нешто ќе најдам,а секој ден роба ли носеле ?!?! :^)
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Бев, уште од поодамна. Во тој во Топанско.
    Имаше избор. Имаше стварно убави работи.
    Ама немаше баш бројчиња ко за мене, па само така поминав. :wasntme:
    Би требало пак да одам при крајот на месецов, па ќе видам..
     
  17. IiVvIii

    IiVvIii Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    7
    znae li nekoj koga ke pocnat da nosat esenska roba?
     
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Во Топанско мислам дека донесоа, јас бев вчера и имаа купишта вреќи од кои вадеа блузички на долги ракави. Утре ќе одам за сигурно да проверам па ќе пишам. Инаку последно купено:

    [​IMG]
     
    На crazylady, Neytiri, sweet-star и 6 други им се допаѓа ова.
  19. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Незнам, најверојатно само јас неможам да си најдам ништо од певекс или пренди... како и да е, кога ќе влезам ќе земам 10 работи да пробам и на крај ништо не ми се свиѓа. другарка моја од певекс се уби од купување, јас што баксуз ќе да бев... (((
     
  20. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски

    Истово го имаше во Мана за 500 ден., го гледав и јас во Певекс ама не го купив :)
    Последно што купив од Певекс се кратки бели панталончиња со висок струк на Зара..ги утепав од носење :)