Имам отидено неколку пати и цените им се се по 200.Инаку робата им е од истиот извозник како на певекс,а ако побараш се наоѓаат убави работи.како што имам приметено може да најдеш некои исти парчиња што ги има во пренди и певекс.така да истото важи и за оваа продавница-барај можеби ке се најде нешто
Певексот се наоѓа позади стоковната Илинден поранешна, сега има експозитури на Тутунска и Зираат Банка (кога се оди накај Чаршија), кај паркингот кај споменикот Скендер Бег кога ќе дојдеш се гледа самата продавница, има како знаменце, како да го објаснам, нема шанси да не го видиш, во околина има продавнички за материјали.. или па ако не се снајдеш по објаснувањево - прашај кога ќе стигнеш во близина
Имаше да многу убави работи ама се се испоземаа сакоа по 400 останаа уште неколку мислам , кошулките отидоа имаше џемперчиња на риги 300 денари остана уште едно од тоа мислам. Имаше и како наметки некои во разни бои, имаше и блузони и дуксери донесени по 250 и по 400.
И јас бев денеска и си зедов 2 блузички, едната ми е многу убава, додека другата ми е многу широка па се мислам дали да ја сменам за друга. Јас не сум за во ваков бутик, бидејќи немам конторла на парите, трошам дури имам, без разлика дали било убаво или не, важно да купам нешто, дека поефтино........па и луѓето многу ме нервират сите се буткат немаш простор за дишење, не можеш убаво да рзгледаш. Постари жени зеле грабат тесни блузички, фустани за млади, абе кај сме ние за вакви работи. Иначе кај нас во Прилеп нема ништо посебно, од 350 денари нагоре беа убавите работи.
Бев во Певекс кај Беко минатата недела и има многу добри дуксери дебели таманка за зимно време под јакничка. Додуша јас сега почнав да си ги носам Фармерки нема никаков избор можам да кажам едни земав ама тенки кремасти за онака некоја прошетка
Да бев случајно дознав од другарка ,бев уште првиот ден на отварањето...па си начекав тазе роба Па да, се наоѓат има убави блузички,кошули,тренерки,дуксерки...вообичаена секојдневна облека..цените се пристапни...за квалитет незнам ама и само една сезона да ги носиш пак се исплати.Јас си купив една блузичка,бендисав и уште една ама таа за следното одење.
бев вчера во певексот кај ујп, си купив џемперче црно со бели риги и две црвени птички на него, за 249 и си купив марама онаква споена што е само што се обвиткува околу врат, сива и тоа со h&m етикета, за сензационални 99 денариии хаха
Денес бев тоа во Прилеп, немаше нешто посебно некој си блузи така.. Јас само си зедов 3/4 панталончиња црвени така ко бермуди тесни за 99денари,а етикетата е ЗАРА
и јас бев денес во певекс во прилеп наш ама немаше ништо посебно. иначе некни си купив наметка во плава боја прекерасна за 199 а сестра ми си зеде блуза на 3/4 црна исто 199. се најдуваат работи ама да си еден саат внатре па да рашуркаш се. иначе мислам дека секој ден вадат по нешто ново. а и шо не ќе вадат - луѓево ко ќе видат по 200 денари купуваат и шо им треба и шо не им треба.