Јас планирам да одам нареднава недела во тоа во Центар во редот на Космо . Ако некој бил во скоро време нека каже шо како има . Има некои интересни тексасни шорцеви,панталони со висок струк,фустанчиња ко за испаѓање ?
Ве молам за мало објаснување каде е Певекс кај Беко ? Јас не сум посетила ваква продавница или сум била а не знам
Ако веќе сте тргнале во тоа кај Беко, тркнете и до тоа кај УЈП, поголема е продавницата и има многу избор и неколку гардероби. Си купив многу убави маички, фустанчиња и фармерки. Скоро се беше бренд, без ниедна фалинка. Најскапото нешто што го земав беше 300 денари, ама во просек најубавите работи ми се од 199.
Ни јас не видов поскапи од 300. Имаш и фармерки и пантолони. Кратки, долги, пошироки, поцефкасти, само треба почесто да поминуваш и да начекаш. Mashni4ka праска боја имаше пред недела дена во тоа кај УЈП. Број 38 последни беа, само патентот не им работеше, ама тоа се менува за ситни пари на шнајдер. Провери може донеле нови, често имаат нова роба.
Јас бев. Инаку да не те лажам, ама не ги барав овие работи па за да ти кажам, само приметив многу убави минт панталони, плави, зелени, видов и тексас ама што знам, не беа по мој вкус, сега тоа зависи тебе може ќе ти се допаѓаат.. Од шорцеви немаа многу голем избор, имаше неколку тексас шорцеви, а имаше и црвени мислам. Фустанчиња мислам немаше, ама затоа имаше сукњи во повеќе бои со висок струк. Инаку, Надиде аман веќе, аман! Го отековте!! Не сваќате ли дека со коментариве се повеќе докажувате дека сте вработени во Пренди? Ко сега јас да се фатам, леле луѓе Певекс е најбоље, Певекс има најдобра роба, само таму да купувате, Пренди е катастрофа, само фалични парчиња имаат.. Мислам нема смисла. И плус, Певекс не е секнд хенд, робата не им е износена. А и како тоа ти никогаш не си влегла и не планираш да влезеш во Певекс а знаеш дека Певекс имаат износена и фалична роба? Аа, да можда друшките ти кажале.
Робата не е second hand, туку роба со фелери (фалинки). Во странство контролата во текстилните фабрики е многу строга така што не се допушта нешто да отиде во редовна продажба дури ако има еден штеп залутан малце по на криво. Затоа обично на оваа роба потешко се наоѓа фелерот, мада има и такви на кои фалинката им е очигледна, барем јас сум налетала на такви.
Nadide претера со хејтањево мислам стварно што е многу - многу е.Во ред разбравме дека пренди се најдобри и дека им нема конкуренција немора постојано да се повторува и да се ругаат сите други продавници. Иначе имам влезено во тој певекс што е во редот на космо и да вистина е дека има избор маички пантални и фустанчиња убави се наоагаат а и тоа од тоа што видов најскапото им беше околу 400 ден, но луге многу е мало бре и загушливо внатре мислам дека ке се онесвестев а не дајбоже да треба да чекаш за соблекувална како што се само две умирачка.Само тоа не им чини што е мало толку, треба да најдат некој поголем локал за да коа ке влезеш не трчаш унутра шлогиран од топло и што нема ваздух туку човек да може убаво да разгледа да види што има без брзање. Инаку друга замерка за продавничево немам.
Сега се вратив од Певекс кај Беко што е и најмногу отидов за минт фармерките ама беа огрооомни и си се вратив со празни раце .. Од тоа што мене ми се допадна немаше број (се им с епродало одма кога ги добиле), а инаку може да се најдат интересни секојдневни маички.. сукњи јас не видов нешто посебно, а ни фустани немаше многу избор
Тоа певекс што е во редот на космо е супер, влези во тоа во Аеродром што е неможеш да се разминеш, и уште ако е топо, не се влегува
Јас малку офф-топик ке бидам ама ако. Певекс има ли во Струмица? Барав нивна страна на фб ама неможам да најдам.
Јас вчера бев со мм и во двете продавнички и се изнакупувавме ,како да сме биле на шопинг во Солун .Најдовме многу убави парчиња. Маж ми си зема 4 кошули и 5 маички за 1800 денари . И сите се бренд Маркс и спенсер , Есприт ,Ла мартина ,Черути. П.С. Во продавничката кај Беко има повеќе избор на машки кошули ,а кај ујп на маички.
Досега си имам купено две блузи, едно фустанче и хеланки од Певекс. Едната блуза беше 250 денари, додека другата ако не се лажам 199 денари, хеланките 150 денари, а фустанчето 400 денари. Првата се покажа доста квалитетна, додека на другата веднаш кога дојдов дома и најдов дупче и незнам како не сум го приметила таму. Фустанчето го имам облечено само еднаш, за нова година. Прилично е едноставно. Хеланките си ги носам. Откако се затвори она во Карпош 4, кое впрочем и ми е најблиску, ме мрзи да одам до другите низ град.
Пред скоро го посетив Певексот кај Беко ама не купив тогаш ништо, а имаше убавки работи. Сега се спремам и тоа накај рампа да го видам, ми изгледа поголемо и со повеќе избор. што мислите која продавница на Певекс има најмногу избор?
Јас има купено од Певекс едно фустанче ама од истото имаше уште два три инаку меѓу робата има и втора класа, па затоа од некои работи имаат по едно парче и демек одма ги потрошиле другите.