се сложувам, токму поради тоа јас решив да не ги посетувам, макар и по 50 денари да е облеката...овие се некои во народ не смешани.....ужас....
не знам зошто сите имаат толку лош впечаток, продавачките во певексот кај ујп и во охрид мене баш фини ми се видоа, и муабет си напраивме и ми помогнаа и се
Јас денес бев во Певекс во Карпош 4 и заедно со сите девојки/жени таму нурнав во облеката. Си купив кремасти пантолони -цефка, од многу убав материјал за 300 денари. Потоа поминав и до Певекс кај УЈП и начекав тесни зеленкасти пантолони (војничко зелено) со џебови од страна и со интересни рабови надоле кај ногавиците исто за 300 денари.. тој модел на пантолони го имам видено во Бершка во некоја од колекциите. Исто начекав и маичка на кратки на Фишбон (ЊуЈоркер) со испреплетени линии и во горниот дел има капуљача ама не е баш целосна со врвка, а има и џебчиња од страна (незнам да го опишам ) Во секој случај имаше доста избор, само треба секоја закачалка да се провери
Во Скопје работи во недела до 5. Би требало да работи и во другите градови. Него на брзинка прошетав во певексот кај Беко, некои работи ми фатија око. Какво бело кошулче имаше, би платила и повеќе од 350 за тоа, ама само м имаше. Ќе ги прочешлам деновиве продавниците кај ујп и на битпазар, некако најснабдени ми делуваат од сите. Него каде стојат марамите? Јас никогаш немам приметено во тој кај ујп. Не знам дали сега почнале да носат или јас сум била слепа сите овие месеци
Бев Охрид и имаа донесено нова роба си купив панталони зелени војнички слични видов во бершка 300 ден , преубава црна блуза од оние сега што се носат преслатка е 250 ден една со нитни сива со розево 200 ден , за на панталони во висок струк една зелена кратка беше 150 ден се вратив по иста таква и розева ама ја имаа земено И сама Хеланки како од марама да си купам ако имат останато ако чепкаш малце може да најдиш убави работи
Бев денес во Певекс и Пренди во Битола. Имаше многу облека, имаше и добри работи, но поголемиот дел искрено, ништо посебно. Претходниот пак кога бев во Пренди имаше повеќе избор. Од Певекс зедов 3 блузички, едната слаба и широка во тегет боја, другата обична, тесна во окер боја и третата црна. И од Пренди зедов 3 работи - 2 блузи, едната сива другата црвена и едно бело џемперче. Според мене во Пренди има поубави работи. Во Певекс некако ми се многу како партали.
Денес бев во Певекс во Карпош 4 и не најдов ништо се беше раздигано, а па во Пренди катастрофа избор, па отидов во Певексот во Топанско и таму си најдов 2маички ништо посебно колку да не ми биде џабе патот.
Уште не го отворија .... баш сакав да го посетам, пред две недели видов дека е затворено ама мислев дека ќе го отворат за брзо.....
А знае некој кога носат нова роба??? Јас пред една недела бев до Топанско до кај една другарка па поминав до Певекс и си земав една убава маичка како светкава за 99 ден и една пообилчна како за на факс за 200 , ама интересна е не е лоша )
И јас имам купувано во Певекс оти тука ми е блиску во Топанско и стварно има убави ствари цело лето го поминав со маиците не Певекс исто така имам купувано и фармерки ... а пред еден месец си најдов една преубава бела свечана кошула и тоа за 200 денари
Немам купувано,но имам разгледувано многу пати.Видов дека имаат хеланки обични во еднобојна боја,само не знам дали се добри.За 200 ден се исплаќа?
секојдневно имаат роба, или па евентуално на 2 дена.. бидејќи секојдневно го поминувам ова кај беко, знам.. ама многу брзо се разграбува новата роба... Супер се хеланките имам едно 4-5 пара, обични памучни со ликра, едни имитација на фармерки и едни сиви бајаѓи подебели, зимски.. не му ја мисли
Јас ова си го зедов за 99 ден. И има етикета од Страдивариус Spoiler малку гужванко ама тоа е бидејќи си го перев
Јас од Певекс досега си имам купено 2 маички за на факс, вечерна блуза, едно преубаво пелеринче и црна тесна суќничка . Вистина е дека алиштата се во серии и повеќето имаат маана, ама секогаш може да се "ископа" по некое убаво парче