случајно некој да не видел во било кој певекс низ скопјево да има од тие хеланките црни со кожни делови на нив така од страна..м ?
Купувам во Певекс,но многу во последно време не одам.Можат да се најдат интересни работи и можам да кажам дека 30/40 % од гардеробата ми е од таму
јас последно од Певекс шо си купив се фармерки за 299ден и то Pimkie се не му е скроз низок струкот и шо е најбитно тесни се целите.....јас ко ги видов не ми остаја воопшто впечаток ама ко ги пробав беше друга прича а цените стварно им се набиени,некни чоек еден единствен немаше а порано гужви колку сакаш
И јас не сфакам шо му е поентата шо ги креват цените едноставно лугето купуваат од таму бидејки се ефтини за и да му се деси нешто на алиштата да не ти е жал дека си дала многу пари можип да го прежалиш а јас сметам дека ако почнат да алчат да ги креваат цените ке ги изгубат сите муштери прво тргнувајки од тоа затоа што лугето најчесто ниската цена ја поврзуваат со низок квалитет (што секогаш не мора да значи) со што сите ке смеетат дека цените се неоправдани...и ке изгубат тие многу !!!!!!!
Мислам дека на 9ка државна и е последна станица таму, ама не ме држи баш за збор. Ако одиш со такси лесно е за објаснување се наоѓа помеѓу Принц и Рамстор.
Да да, со државна деветка се симнуваш на последна, и одиш на десно бидејќи станицата е малку подоле и од Принц и од Рамстор, само одиш на десно и неможеш да го промашиш, огромен е.
женски во Певекс во Битола,дали знајте дали има нова роба и шо има отприлика во неа?дали има некој убај примамливи блузички?или нешто друго така интересно?
Да не беше Певекс Охридов голи ќе шетавме Имаме еден и е доста голем, и бев Скопје во сите и една асална работа не најдов, а Охрид можеш многу да најдеш...Имам доста блузи од таму и два-три пара фармерки и се наоѓаат некој работи што кога ќе ги видиш , ќе си речеш па за тие пари и да не го носам, за дома барем ќе се најде....ама шала на страна убави работи се наоѓаат ако си поупорен и дури и од Бершка и Н&М некој работи сум нашла
Аха,сеуште работи беше затворено мислам околу 15тина дена баш за Новогодишните и Божиќните празници бидејќи не плаќале данок така слушнав ама сега пак работел така ми кажаа јас лично во скоро време не сум поминала оттаму.
Се слагам со тебе, летово подолго престојував во Охрид и си изнакупив милион ствари, а во нашево Скопје нема ни пола од тоа таму ..Така да веќе не ни влагам тука.
Битола досега ништо немам најдено, катастрофа, или јас одам во погрешни денови, кога носат роба незнам ама кој пат да појдам нема ништо асално останато