Одамна немам отидено,не сум видела,има нешто ново или тешко? Зборам за во Скопје И да,се согласувам дека во Охрид има повеќе избор,колку имам изнакупувано од таму,блазе си ви
Ќути не пави муабет, а што е финтава па е толку намалено? Јас па најдов кога да влезам, немав отидено долго време па прееска ми текна, ама што да видиш гужва премногу секој зема што ќе стаса .. Се протнав некако видов 2-3 парталчиња, ко по обичај ништо не ми се засвиѓа и оп налево круг и да ме нема.
Па јас мислев дека ќе го затвараат затоа е се намелено, но немало да го затвараат, вакви ќе биле цените додека е сега се на распродажба потоа се ќе си биде по старо цени од 99,149,199,249...
И во Певекс Кичево беше се по 99 ден освен фармерките исто.Успеав едно блузонче и една наметка да најдам во таа гужва
Имам доста работи купено од таму.Секогаш кога ќе влезам си наоѓам по нешто а мајка ми па кога да влезе се убаво е распродадено .Дали знаете кои денови добиваат роба ?
Обично викаат дека на почеток на недела добиваат, ама ете у понеделник немаше некој избор јас кога бев. Додуша мајка ми си зема добри фаремерки за 300 денари. Никогаш нема да кажам дека се земени да 300, а и подебели се. Имаат и многу работи со етикети до Маџинс, бершка,зара,пимки. Од каде им се незнам, ама има работи по пристапни цени. Незнам јас не сум видела нешто над 400-500 а читам подоле цени 800, 900??? Незнам бре јас па не сум видела нешто ептен скапо, ама па и добро ретко одам. Али дека има нешто да паднеш у несвест убаво, јас не сум фатила. За маички и џепери потенки по 200-300-400 не е многу. Фустаните им се апла грди и кичести.
Оу колку имам изнакупено , да ме држи оваа срекја секогаш кога одам да е денот кога добиле роба , па колку само ме прашуваат од кај ти е , леле преубаво е ау ... ама треба да го начекаш денот кога се добива роба , пошто наредниот веке се останува со фелер или неубаво ЧД
Вчера бев и изгледат после распродажбата од 99 денари апсолутно ништо немаше.Немаше ни нова роба,ми рекоа денеска или утре ќе добиеле па ќе препојдам да видам.
Певекс отвориле и кај Туризам и Менаџмент или мене очиве ме напуштаат? :geek: Да бе, вчера од автобус гледам нешто ново, некоја нова продавница и као Певекс да прочитав , само јас додека се свртам убаво да видам што како, автобусот го пројде местото. Ако добро сум прочитала дека е Певекс во прашање, сакам да поминам да ѕирнам што има - вчера се врткаше прилично многу народ внатре.
Во сите градови во Певех е се по 99 ден само во Скопје не ставаат распродажба.Со ние да не пиеме нафта во Скопјево??? Ма не им влагам у продавница они ке дискриминираат
Денес во Певекс во Кичево имаше маички со кратки ракави и сите беа по 49 денари Јас си зедов две,ми беа доста интересни
Има убави работи во Певекс,ама мене најискрено најмногу ми се допаднаа тренерките,блузите и маиците од таму.Друго не би купила,зошто некако не ми се многу квалитетни,бидејќи многу пати имам начекано некоја блуза со дупчиња или фармерки не убаво сошиени...Иначе вака за некоја маичка,или долни тренерки или пак хеланки има
Последен пат земав од тука две блузички едната 150 другата 200 Таа од 150 е од Асос На брат ми му земав тренерчиња и дуксерче, нема шанса да речеш дека се толку ефтини Преубави се И ханито си купи едни тренерки од тука и се изнаносе Само некако во последно време не наоѓам баш нешто убаво, а тоа што е така поубавко е 300 или повеќе, епа не давам толку Ама затоа сум изненадена од Пренди секој ден да идам, секој ден и ќе купам нешто, многу се имаат подобрено со робата