Абе не дека одам да кажеш нешто често него ке ми текне некој ден ајде да проверам што има и некогаш преубави работи начекувам , ке им изнакажам на другарки да одат наредниот ден одат веке е распродадено ... ЧДД
Јас денес пред малку бев во "битолскиот" певекс и имаше многу убави работи меѓутоа што мене ми беа мали А посебно ме бендисаа едни како џемперчиња по 200/250 денари исто така и на вториот спрат имаше последни едни црвени како фармерки/пантолони но и тие ми беа мали , s беа
Во Струмица во Певекс деновиве слушнав дека се било по 50ден не сум била лично бидејќи немам време ама ми рекоа дека веќе речиси се било испразнето абе да не планираат да го затвораат да не знае некој случајно зашто чудно ми е така наеднаш чистка да направат па дури и заостанати летни работи испродале?
Прво беше испразнето,но потоа донесоа роба.И да има маички летни по 50 ден. и многу бели блузи. Не сум чула ништо за затварање
Во Певекс во Бисер има донесено нова роба, претежно летни работи, имаше многу убави фустанчиња пери-носи, по 200 денари, и блузички многу нови има, јас земав фустанче 200 денари што може да се носи и лето и зима, со различна комбинација, кога ќе имам време ке го постирам.
Пренди во охрид не сум сретнала Незнам како е. А Певекс имаме, и купувам многу ефтини работи. Еднаш ми се бендиса многу една дуксерка ама беше скината.. Се случувало и да се со флеки и сл.. Затоа треба убаво да се гледа. Последно за 100 денари си купив убава,тесна суќничка Задоволна сум, се е ефтино
Сега се вратив од Певекс кај Беко сто е и пола роба и повеќе е по 100 ден ., попустот им трае денес и утре, па девојки трк!
Вчера си купив кожни хеланки за цели 99 денари од Певекс кај Зоил Ама многу се убави, ептен ми се допаѓаат, има да си ги изнаносам Си купив и блузичка една со риги, како џемперче, многу слатка за 199 денари, и плус едно палтенце од оние твид палтенца што се носат сега, исто за 199 (сигурно знаете за кои зборувам). А, и еден фустан си купив (не ми текнува што марка беше, некоја англиска фирма), преубав, со цветови во пастелни бои, а на него имаше етикета 139 фунти , или во превод, 10.000 денари Инаку, фустанот беше 300 ден Копав едно пола саат низ парталите, ама си најдов преубави работи Немав отидено во Певекс добри 3 месеци и некако ми се виде дека се подобриле со изборот на облека. Најдов многу работи што ми се допаѓаат, ама се воздржав и ги купив само горенаведените. По 100, по 200 ден. се собираат пари да му се сневиди