Лелеле Колку пати сум влегла таму, дури и сум купила нешто, а ич не сум забележала како се вика Ти благодарам многу Лепа
Почитувани, сакам да споделам инфо со сите кои го читаат овој форум за тоа каков безобразлук ме снајде во продавницата на Певекс кај Беко. Замислете, вработената (црна со наочари-единствена е со овој опис) се дрзна да ме покажува со прст пред своите колешки со критика ,,дека сум им била досадна зашто сум се јавувала да прашам дали има нова роба,,. А јас на метро од неа и ја слушам и не можам да се изначудам..Се прашувам 1.што и е на неа друго работа освен тоа да се продава робата. 2. Зарем толку е тешко да се одговори со одговор да или не(јас не барам повеќе), а покрај останатото да си дозволи дрско да одговара на тел ,, ви кажав пред 2 дена дека нема ново ништо стасано(ако се знае притоа дека стасува роба на секои 2-3 дена), а истовремено од нејзините колешки после тоа дознавам дека покрај тоа што имало нова роба, имало и попуст (за што исто така очигледно и било многу тешко да каже). 3.Зарем вака Певекс им возвраќа и ги брка редовните муштерии со крајна дрскост и непочит основна, зарем тие вработени лица не зимаат плата токму од нашите оставени пари таму. Случајот е пријавен и до Дирекција и искрено се надевам дека нема да се повтори и ова што мене ми се случи да не се повтори никому.
Прееска во Певекс ги начекав како носат роба,и си купив 3 пара фармерки и 1 маичка,што ме чинеше вкупно 1100 денари ! Има убави работи дефинитивно !
Речи си во секој Певекс има фармерки по 300 денари И да стварно може да се најде убави парчиња Некни јас си земав ептен интересени маички за само 50 денари
Речи си во секој Певекс има фармерки по 300 денари И да стварно може да се најде убави парчиња Некни јас си земав ептен интересени маички за само 50 денари [/quote] Маички по 50 денари? какви беа маичките поточно? и дали има светли фармерки?јас прашвам за Певекс во Битола ама чим има во другите,има и Битола и зошто ме клавате во вакви искушенија? ќе ја потрошам последната 1000 од платата и после до другата недела ќе свирам
^ Маички со кратки ракави Убави беа,незнам имаше некој попуст па летните работи што тогаш ги извадија беа по 50 денари,а претоа имаше попуст на сите алишта по 99 денари. Ама ова беше пред околку еден месец
Кога и да отидам начекувам топ ствари.Само некако се разочарав од една блуза со долги ракави, ми беше како подолга и поширока,еднаш ја исправ и неверојтно многу се смали
Ново правило во певекс. ЗАБРАНЕТО Е ПРОБУВАЊЕ НА АЛИШТА ОД 50 денари и од 100 денари.. Кога ми ги тргнаа од рака алиштата не можев да поверувам на овај закон.. ЗАБРАНА ЗА ПРОБУВАЊЕ!