Бев во Певексот во Топанско поле и се разочарав, шкуљави маички од 199 (лани тие беа 99, истите), фармерки само големи броеви над 40 (во боја). Овде нема ништо убаво (а денес и вчера добиле роба), цените ги мењаат како сакаат ист дуксер сум го видела за 199 па по ден-два 399 За 50 денари нема ама баш ништо. До сега кога сум одела обавезно ќе начекав нешто без 1-2 крпчиња најмалку не сум излегла а сега и за безпари да ми дадеа ќе речев: Не, благодарам (се шалам)
Страшно безобразно Јас бев пред некој ден имаше убави маички си земав да пробувам ама никој ништо не ми кажа дека несмеам да ги пробувам.
Пред некоја ден зедов една блузичка со кратки ракави бела со црн крст, но не е забечежав дека била наопаку шиена малце ко фалсификат ми е . (тоа ми е единственото нешто досега што го имам земено), иначе може да се најдат некои убави парчиња
Може некој ако знае да ми каже дали во Певекс има бели пантолони и бели рамбовки, претходно немам купувано во Певекс па не знам, итно ми требаат, па ако знаете и ми кажете, многу би ми значело
^ А да прошеташ низ продавниците како и сите останати што правиме наместо да седиш пред ПЦ и чекаш одговор од сите теми каде што праша? Ти гарантирам дека до сега ќе најдеше! Ти одговорија дека веројатно во Певекс има и наместо да провериш во продавницата, пак прашуваш во темата.
Кога се работи за певекс најубаво е сами да си видите.Ако кажам дека има нешто,додека отиде некој ќе го снема па јас лажга ќе испаднам Во последно време како што гледам робата им се троши ненормално брзо.Првпат продавницата ја имам видено полупразна што до сега не се десило.Продавачките тргнале да ја наместат робата, од раце им ја грабаат.За ефтини алишта очи ќе си извадиме Не ми се допаѓа што почнале да ги дигаат цените.Порано најскапото нешто беше 300 ,ретко се наоѓаше по 400 некое парче а сега? фустани по 700-800 кошули по 500 -600 .Не дека е многу скапо ,ама за ваква продавница е.
Не е тоа ефтино туку реално, реалната цена. А тоа дека се поскапени, па гледале дека им се троши и накачуваат.
Пишувам покасно, ама кожни панталони последно видв во Пренди, но немаше многу избор, ги кренаа наголемо. Досега во Певекс немам видено кожни панталони.
Пренди имаше кожени (скаени) пантолони што не светеа премногу. Ако не се лажам уште има останато по некое парче.
Lepaaa, во Пренди кај Олимписки базен провери, јас пред скоро година земав од таму.Малку е офф, ама да не пишувам по 10 теми, види и во Евроазија во ГТЦ што е, во јануари имаше.