Бев вчера во Певекс, по долгоо време, со надеж дека ќе најдам едни панталони, ама ништо од среќата. И баш на излагање приметив една маичка која е оригинално од Мана, 350 ден. ( а баш дента ја видов маичкава на страната на фејсбук) Јас би ви препорачала убаво да разгледате се,истото ми се случи и минатиот пат, набрзинка разгледав и најдоброто на излагање го видов. Спојлер
и јас денес си купив две маички едната е црвено бела едната тегет бела. кога стигав дома ги гледам на www.veromoda.com и како земја ја избрав италија како најблиска до нас и кога ги гледам истите маички 13 евра а јас ги купув за 199 денари
Каде бе тоа не може ништо да се пробува??? Кој филм им е на овие Почнаа да се мислат дека се некој скап бренд
Не знам што им беше финтатата, бев пред некој ден и ги враќаа назад луѓето, не смееа да пробаат. Им дозволуваа да пробаат надвор од соблекувална. Малку смешно и глупаво, не ? И кој немаше срам, си проба надвор, пред сите очи. Од толку вработени, од кои сите се намчори (треба да добијат награда за најнамчорски продавачки), не знаат да водат евиденција кој пробува, што пробува, па најлесно им било да забранат пробување.
Баш планирам да одам деновиве да видам што има, ама ако ми речат дека не смеам да пробувам по глава ќе им ги дадам алиштата сосе закачалка повеќе да ги боли Што се замислуваат тие бе, од нас плата зимаат уште паметни ќе се прават
Ги удрило вработените нешто по глава изгледа. Јас бев пред некој ден и една жена сакаше надвор да проба, изгледа врз тоа што го носеше, и ја замолија да иде во соблекувална и залепија ливче за забрането пробување надвор од соблекувална И многу фини се, една жена се уби од пробување, може над 15 блузи проба и една од вработените цело време стоеше пред соблекувална и и подаваше само. А таа пак, ем ништо не купи, ем закачалките од сите алишта по земја ги беше фрлала... Кај со таа култура бе И ги наслушнав вработените дека не и е прв пат така, и се договорија да не ја услужуваат. Инаку беа многу фини. И онаа на каса, насмеана, со здравје да си го носиш, и се по ред. Ова за оној кај Лептокарија зборам...
Оние машките маици на кратки ракави со гангам стајл во Бершка по 13 евра се. http://static.bershka.net/4/photos/.../2736163812_1_1_3.jpg?timestamp=1356953672603 http://static.bershka.net/4/photos/.../2736161250_1_1_3.jpg?timestamp=1356953594128
Во понеделник добиваат нова роба ќе одам попладне сакам да си купам едноделно топче со панталони (заборавив како се вика) имале по 200 денари ама се потрошиле, е сеа ако сум и толкав бакзус и утре да немаат ......
Јас би требало да одам деновиве,да се подновам со нешто.Да ги прашам тие што скоро биле... Дали имаат мали бројчиња пантолони? Јас секогаш наоѓам ама во струк тесни,кај бутовите нагло ептен се шират и доле малку ко ѕвонарки се.Работата ми е,дали имаат мали броеви?
Јас имав пред некое време многу непријатно искуство по шопингот во Певекс. Со кесите во рака од Певекс си влегов во еден близок супермаркет да си докупам што ми требаше, најкултурно си платив на каса, но на самиот излез тоа апаратчето нај-некултурно ме извади од такт притоа алармирајќи го цело маало дека нешто се случува. Имено парталчињата од Певекс поради нелегалната реалокација во нашиве бутици сеуште на нив имале закачено кодови на кои секој сензор во нашиве продавници реагирал.Па после 15 минутна тортура на една од вработените во маркетот и добро препотување, една пофина вработена одлучи своите ментални способности да не ги усмери во мое набедување дека сум сторила нешто казниво по закон и објасни што се случило секако за цело тоа време ваљајќи се по земја од смеа. И така јас си го платив срамот дента цели 100 денари...и сеуште се прашувам што доколку ги носев на мене?? Феминки проверувајте што купувате!
Во Струга не прават проблем за пробување (барем до сега не ми направиле) ама воопшто не се услужливи. Цело време се намуртени и недај боже да ги прашаш нешто, одма ќе ти речат ’’ Па гледај убаво, пишува’!’ или нешто во тој стил. А и робата им е ужасна, буквало ко отпадот да го носат. И цените, оние нај кич или од Титовото време се по 200/250 а се друго е над 350. Ме чудите вака кај што пишувате ефтини а убави работи дека имало..
неколку пати имам отидено во певекс и тоа со другарки шо сакале да си купат нешто и стварно се чудам шо убо наоѓате таму исто како и девојчево над мене, кога и да одам ништо убо нема а и ми личи на стара и износена роба
Мајка ми работи во Певекс.. и има убави работи само треба да начекаш кога ке им стигне робата и веднаш што ти се допаѓа да си го купиш инаку... отиде се... a и имаше до пред 2 недели попуст .. се им беше на 100 денари . и фармерки и мајци и блузи и дуксери .. се .. ама сега затоа ги покачиле цените на фармерките на 600денари
Истото ми се случи и на мене во Њу Јоркер во Сити Мол, цела продавница се крена на нозе, а мене ми идеше да ја нурнам главата во земја. Бев со другарка во нивната продавница во Сити Мол што е, и разгледувавме нешто, јас пробував, и на излегување почна да пишти алармот. И тука започна 30 минутната голгота, се убедував цел пола час со обезбедувањето и продавачката дека побогу ништо немам земено. Ме претресоа целосно, ташни, ќеси и глупости, дури ги натерав да ги прегледаат и снимките од камерата, затоа што и покрај претресот алармот пак титкаше. Нормално ги прегледаа и не најдоа ништо. А на мене ко за беља носев една маичка од Певекс што ја имав земено, наједноставна на цел свет, бела рамбовка беше во прашање. На крај дури ме прашаа да не сум имала на мене нешто од Певекс, па на тоа да реагирал алармот. Ја имав во мене и картичката од блузата, им ја покажав aaaaaaand the case was closed. Не сум единствена, после случката и на други форуми прочитав неколку вакви искуства...