Епа фала многу на одговор, бев, отворено беше и си завршив работа. Имаше бајаги избор, ама јас во некое ПМС расположение, плус со ограничен буџет и не ми се чепкаше многу многу по работите. Фармерки имаше во сите бои, минт, жолти, кајсија, зелени.. ама ме мрзеше да пробувам, имаше еден куп маички ама не ми се претураше и уште куп други работи се разбира пропратено со многу гужва и не многу пријатна реа. Она што можев да забележам е дека имаше некои модели на сукњи и маички идентични како во Мана и Бебел, па дури и Пренди. На поголем дел етикетите им беа извадени и многу од робата како што можев да забележам имаше шкртаници од пенкало или беше оштетена. И да се пофалам, си ги земав првите 2 маички од таму, најубавите Едната сива со многу интересен принт, а другата кроп топ, ептен во амерички стил.
Пренди беше хит едно време сега Певекс повеќе од очигледно Неможе да се разминеш. Но дефинитивно е класа над Пренди. Имаше супер роба, колку ти душа сака блузи, панталони за жал во Центар во певекс немаше голем избор, или големи бројчиња или по едно останато, уф среќа на тие што ги фатија фармеркиве во боја за 300 денари, гзлаци Немав време да барам низ блузите, отидов по панталони а и каков фустан асиметричен видов се испозаљубив. Арно ама беше скинат работ на мојот број, убаво искинат за жал, а 450 денари само Tреба да имаш време и да се заборавиш во овие продавници, да се нурнеш во тоа закачалките. Со вакви продавници како Магија, Фортуна во К.Вода поранешно Магија, со Пренди, па и со Мана и Бебел тешко дека некогаш обична блуза ќе купам од друго место. Не само блузи, туку тоа посебно има избор. И ќе повторам уште еднаш неможе некој да ми докаже дека нема избор и убави работи во продавнициве. Неможе. Проблемот е до вас, не до продавниците
А Певекс имате само по Скопје и Тетово? Тууу, па дајте малце подоле, појугоисточно, да ги сефтосаме и ние.
Прееска бев во Певекс кај беко. Гужва,гужва не се диши таму. Немав време за разгледување и набрзина поминав и си најдов две прекрасни neon crop tops, жочта и розева , перфекција се . Се наоѓаат убави работи, не дека не се наоѓаат но кој да бара по тоа закачалите и после да чекаш ред пред гардероба уште 15 мин. Јас отидов специјално заради минт панталоните , но за жал останати се големи броеви само
Проблемот е тоа што некои луѓе се многу искомплексирани и они као демек одбираат каде купуваат. А пример не гледам разлика да речеме ТопШоп си е тоа, дали ќе го земеш по поголема цена или ќе го најдеш во Певекс за џабе. Тој што умее да комбинира и знае да ја носи облеката на прав начин, ќе влезе во Певекс, Пренди или било кај и за 1000ка ќе се облече од глава до пети тип-топ а притоа ќе изгледа скапо и луксузно. За разлика од тоа на некоја што си нема абер од стил дај и 500евра пак кловн ќе се направи, сакајќи да остави впечаток. За жал на облеката не и стои цената кога ја носите, начинот на кој ја носите и комбинирате го остава впечатокот. Не сум купувала многу во овие бутици зашто стварно не сум имала време многу да поминам, дека треба убаво да разгледаш да си најдеш нешто, ама немам никаков комплекс баш сега кога завршив со сите обврски и сум послободна ќе поминам и ќе си земам нешто.
Јас сум таква што ако ми се допадне нешто од кај сака нека е и колку сака евтино нека е ќе го купам и ќе бидам пресреќна што сум заштедила пари, исто и ако е поскапо ако имам пари и мислам дека вреди. Првиот пат кога бев во Певекс во Карпош воодушевена бев, имаше убави работи, а си купив само една црнобела ликрена блузичка на прерамки ама топ е како за искачање да ја комбинираш со уште нешто! Ааааарно ама, минатиов пат кога бев во она кај УЈП се разочарав, ништо немаше еј. Сега слушнав ја отвориле оваа, па ќе одам утре-задутре да видам што има, мислам дека е до продавницата.
Мене ми е Певекс далеку подобро од Пренди, и избор и квалитет. Си купив пантолони со Зара етикета и стварно се од Зара, ги имам таму гледано истите и ги знам. Само што е тепачка внатре, и фино лепо треба ред по ред да си копаш, кого не го мрзи ќе си најде убави работи.
а луѓе каде е тоа певекс дајте да појдам и јас да си купам 300работи .....бев во тоа пренди и се разочарав па да видам во тоа певек дали ќе си најдам нешто интересно!
Работи до 21 ч. Баш прееска бев кај УЈП. Имаше доста работи, најмногу маички. И не дека е бутик од соништата, ама да купиш маичка од Tom Tailor Denim за 200 ден. и esprit тренерки - долни за 250 ден. , па и да почекам пред гардероба нема чинот да ми падне И колку да се знае, внатре е климатизирано и немаше бутканици ( го погодив моментот изгледа )
Фортуна се наоѓа во Кисела Вода во зградата Илинден, мислам тоа беше онаа портокалова зграда карши Фиком точно се наоѓа. А Бебел има 2 продавници, една е до Универзална, од кафичот Карма да се тргне накај Католичка, одма во првата зграда е гледаат лице в лице со Универзална. Додека втората била до новиот трговски што го градат Сити мол, само не сум била тука, не знам кај е. Всушност Бебел и Мана беа едно исто, но газдите си се разделија на 2 продавници, имаат ист увозник, често исти работи, но има нешто што само во Бебел или само во Мана. http://www.facebook.com/pages/Bebel-Fas ... 0306745152 Али како се граба на велико. Завчера добија фустан одма ја ангажирав мајка ми да ми го купи, за жал големо бројче и среќа се јавив да ми остават помало. Утредента освен тоа што ми го оставија немаше од фустанот ич, а претходниот ден околу 10тина биле. Фустанот ми е прекраснотија, полусвечен, материјалот е неверојатен тоа и ме привлече, со Зара етикета. Иначе етикетите ги лепат, така да не се палете дека се тоа Зара, ТопШоп, Бершка итн. Можно е дел да е запленета роба или фалц посебно во Певекс и Магија, ама повеќето од тоа е етикети залепени само за да привлечат. Имаше токму емисија како постојат фабрики во турција само за етикети да лепат A мислам многу е битно дали Зара етикетата нели, како да не. Битно е дека фустанот е преубав и никој нема да претпостави дека е само 850.
Кога бев во Пренди во Карпош 4 по рамбовката, влегов и во Певекс да рагледам што-како има. Ништо не ми фати око овој пат. Беа мали бројчиња или имаше само една величина, плус безредие до немај-каде. Јас едвај се снајдов. Инаку видов има голем избор на фармерки по 300 денари. Црвени видов, зелени, жолти..
сум приметила дека некои работи од Певекс ги има во Бебел и Мана дупло поскапи..бев денес кај беко, имаше по нешто да се најде интересно
Денеска си земав панталони мастило боја многу фини, хеланки црни обични долги за 150 денари солиден материјал, и две маички онака кежуал. Ептен набрзина земав немав време така е кога татко ти те чека надвор и те брза, не разбираат они што е женска мака. Имаше убави работи, само немав време ќе ископав уште нешто.