Од кога ги удри слава во главата, почнаа да креват цени. Кога ги отворија беа поефтини, а и се наоѓаше по нешто.. Одамна немам земено ништо освен некои ситници, хеланки, некоја обична маица. Или јас не налетувам во право време или неможеме да се погодиме. А другарка ми кога да оди стално си наоѓа по нешто, а отидеме двете нема ништо.
И јас прв пат влегов да не сум покусо, ептен, на поминување ми беше. Не само што не видов ама баш ништо што би сакала да го купам (иако понекогаш е до вкус), туку и сфатив дека фалени се јагодите, ама празни кошниците. И 400 ден. за маичка која со 4 преклопувања пак е транспарентна, не благодарам. За 400ден. сум купувала нешто со неколкукратно повисок квалитет од најобична продавничка со македонска стока! Прва и многу веројатно и последна посета.
Има фустанчиња во Певекс во Карпош 4? Ако бил некој нека каже треба да идам после Иначе ве читам луѓе и о мој Боже, дали тоа значи дека денес коа излагав од Керфур свирело тоа скапаното зошто носев маичка од Певекс или?!?!?!?!?!!?!??!!
Ептен почнаа да се занесуваат со цените, кога видов денес едно од тие нивните никакви фустанчиња 900 денари . Или пак една кошула 600 денари, на која пола од конците се уште висеа. За тие пари ќе си купам од друго место кошула или фустан, сигурно нема да ги дадам тие пари во Певекс.
^Бев и ништо не најдов, а за инат на тие фустани по 899 што ич ни не вредат за толку и лично ниеден не ми се засвиѓа, си купив од продавницата во зградата пред Певекс преубав и модерен фустан за 550. Е ова се случува кога слава ќе удри во глава.
^ Па и јас пред една недела некаде си купив преслатко фустанче за 750 денари од ГТЦ и завчера си купив кошулка за 650 денари од една продавница кај нас, која на шутка можеби ни 500 да не е. Значи треба да си будала да дадеш за тие нивните фустани по 900 денари... Влегов сосема онака, викај ај може со некоја маичка ќе се подновам и гледам на едно од тие нивните фустанчиња, поточно на тоа белото цветно ко крпа што е, му стоеше етикетата со продажната цена во ЕУ и беше само 3 евра, тие тука го ставиле 300 денари... Порано сум купувала квалитетни работи, маички со продажна цена од 50 евра за 200 денари, фармерки од 40 евра за 300 денари. Годинава си немам купено ниииишто, освен една маичка за секој ден.
Што стана работава, фаца да бидеш ако се облекуваш во певекс 600 денари кошула? Па за истите пари а летно време и за помалку ќе си купиш нови од Бершка и остали од компанија. Не сум влегла во Певекс одамна, а по коментариве ваши не ни планирам Ако не за друго нема да се резилам ако ми свири маичката, па да ме претресуваат во дуќани
Jас од Певекс секогаш кога и да одам си купувам по нешто имам една тиграста убава мајчка,црни кратки хеланки како кожни 50 ден ,бела лондон маичка 200 ден и мн друго не ми текнува сега а и баба ми кога ке отиде таму секогаш си купува по 5 маици и да ви кажам право во певекс убави работи има само треба да начекаш!
јас мислам дека робата од Певекс е таа што има фалинка или е згрешена,т.е. исти работи од Бершка што оделе во ист пакет само утнати
^ Исто и јас мислам. Веројатно робата е пратена за Бершка, но е најдена некоја грешка, дали недостасува буква или некоја грешка до моделот, ја враќаат од елитниве бутици и завршува овде по пристапна цена. Маичката со мачето што ја имам, ја земав за 99, а во Бершка во Будва кога бев истата ја најдов за 10 евра, со ракавчиња беше. Прочитав за цените, но во Велес јас немам сретнато парче над 500 денари. Има многу убави маички по пристапни цени. До сега си имам земено неколку парчиња.
Имам видено многу убави маици во Певекс но ништо си немам купено затоа што све ми е широко или не ми се допаѓа како ми стои. Инаку има многу убави маички (пантално не сум видела) по пристапни цени.
Дали некоја била во Певекс во Охрид? Јас сум од Скопје, но сега живеам во Охрид и неодамна дознав дека имало и овде Певекс, па сакав да прашам дали е иста робата и цените?
Денес после мнооогу време, влегов во Певекс да фрлам поглед, да видам што има... и што да видам, фустанче нај најобично 700 ден., панталони по 800-900 ден. и не заради нешто друго, туку од принцип нема да им купам, затоа што видоа дека им тргна па летнаа малку одвишок во облаци. Толку од мене, не знам дали некогаш ќе влезам пак вака, на поминување..
^ Мислам дека ова ќе биде само некаде, зашто еве во Велес такво нешто нема. А и претходно имам прочитано за пробувањето облека од 50 и 100 денари, а во Велес тоа се немаше случено. Јас земав да пробам една блузичка од 99 и прашав дали смеам, тие ми рекоа дека смеам, секогаш било слободно и бесплатно.
Јас кога бев на одмор во Охрид неколку пати бев во Певекс и си купив 3 мајци додека другарки си купи палто, панталони и мајци.Имаше многу убави работи тогаш претпоставувам дека и сега има.
Бев еднаш во Певекс. Има убави работи, а ефтини. Не ми се допаѓа тоа што облеката не им е распоредена како што треба. Тој ден кога бев таму, маж ми сакаше да си купи фармерки. Ја прашува продавачката каде има фармерки, а таа му вика - еве овде. Имаш и машки и женски, па барај. Наместо да ја средат облеката, тие ставиле машка и женска облека на исто место.