Во певекс да се начека само кога се носи роба..тогаш се наоѓаат навистина убави работи(јас многу пати сум купила фустанчиња што сум ги гледала во други бутици,за дупло поефтино).Инаку,кога ќе се потроши новата роба(а се троши рапидно,уште истиот ден)тешко дека може да се најде нешто убаво,нормално се зависи од вкусот
Ги прашав еднаш ми кажаа секоја недела различен ден Мислам дека немаат ден кога конкретно се носи робата,али пак препрашај си
Влагам вчера во Певекс се факам за едно фустанче гледам цена 700ден. Разгледувам понатака се факам за едни фармерки 800 ден. Ма немој да ме јебеш бре. Таа чкарт роба што се расипува после прво перење со такви цени да се продава НЕ. Толку беше од мене ,дефинитивно не им влагам веке.
Кој филм почнаа да го живеат овие од Певекс ,слушнале ли за други продавнички кои носат приближно исти цени АМА без фелер .
Исто и јас порано барем еднаш недело влегував и обавезно ќе си купам нешто зимски блузи по 300 денари еднаш на попуст и земав на мајка ми 3 фустани по 100 денари преубави беа, а сега мислам дека им е се почкарт робата а цените растат. Ма ич не ги ни погледнувам више, а не па да им влезам
Значи последниов месец, па може има и фазла, певекс ги има брка накој филм. Цените станаа високи на роба која пред тоа беше со нормални цени со оглед на квалитетот. Сега е истата роба, а цените се до плафон качени. Стварно не знам како е дојдено до оваа промена, но очигледно си бркаат муштерии.
Вчера кај тоа во Беко имаше некои фустанчиња, ок беа, едноставен крој, просечен лесен материјал со цена од 800 ден. Малку се испозанесоа, се` уште може да се најдат добри маички, ама за дел од парчињата само нека сонуваат со тие цени.
Вчера отидовме со другарка, демек да разгледаме... Во Певексот кај Лептокарија. Си најдов суќњичка со точки, бела, со црн ластик, за 250 денари си е ок, и ќе ми користи... И една маичка со риги, во две три нијанси, за 99 денари, долга, ми треба за на вежбање. Имаше ок фустанчиња, но мал избор на величини. И ужасно се нервирам кога носат се’ со S. Јебига, имаме кукови и цицки, не се сите стапови.
Вчера влегов во Певекс, и си видов чипкани кратки пантолончиња за 250 денари. Ќе си умрам не ги купив. Понеделник одам обавезно да си ги купам, само да ги има уште. А да не знае некој сабота дали работат до 5 или до 8?
Бев денес во Певексот во Лептокарија што е и искрено бев пријатно изненадена, инаку одам прв пат. Работите беа убаво наредени, по цени, не натрупано да неможеш да ги раздвоиш закачалките.. Баш фино и убаво за разгледување. Си купив едно летно фустанче 400 денари и маичка со апликација 250. Јас барем не видов нешто поскапо од 400-450 денари И вработените беа фини, така да се на се добар впечаток ми остави, ќе по посетувам почесто. Посебно маичкиве ептен мерак ми напраија сега, една баш што ја пробував (ама голема ми беше ) истата братучедка ми ја има купено од Бершка, баш истата, овде беше 250 денари...
Да не имате видено во Певекс во Центар шорцеви и тесни сукњички со висок струк? Немам ич шорцеви, а не ми се даваат по 1000 денари за шорц по Бершка, и сличниве продавници.
Каде има Певекс во Штип? Знам за Пренди ама Певекс немам сретнато. Освен ако е нешто е од неодамна отворена...