навистина ли има во Штип?? работи ли уште доколку има?? [/quote] Да да,неодамна го отворија [/quote] благодарам на инфорамцијата...а таму во центар спроти стопанска така? (има ли некое интересно парче облека )
Да во центарот.Па има интересни работи најубаво да отидеш и да си видеш вака неможам да ти кажам бидејки незнам каков вкус имаш
До извесно време повеќето работи ги купував за 199 ден. Сега гледам многу работи (кои стварно не вредат до толку) се по 299, 399... Иначе, атмосферата како и секогаш, ние муштериите се туркаме, копаме по алиштата, а вработените насобрани околу наплатното место си посматраат лезетски, си оговараат, си зјапаат... И немој да прашаш, дали имате број, или друга боја. Веднаш ќе речат: нема, само тоа што е тука. Без воопшто да видат за што ги прашуваш. А, истата работа ќе ја најдеш и на други сталажи, зошто се е расфрлано и мака им е да ги средуваат работите.
Има ли таму нешто асално? Секогаш кога и да влезам има ама стварно старски работи. А, гледам пишувате, вакви такви блузи,кратки панталончиња...Не ме сваќајте погрешно и дрско, ама кога и да влезам нема ништо што ми фаќа око. Ако има, нека пише некој кој бил таму. Ве љубам.
Mислам дека немаат одреден ден кога им стигнува робата.Секогаш различно им стигнува. Барем таков одговор добив кога им го поставив истово прашање на една од вработените.
Се наоѓа нешто, што за по дома, што за во склоп со некоја комбинација за некаде (памучни маички и сл.). Порано имаше повеќе избор, сега некако нема. Не само на модели - туку и на бројчиња. Се им е S, XS.. А и се распуштија со цените..
Бил некој во Певекс деновиве? Имаат избор на гардероба? И дали тој Певекс што беше кај факултетот за Туризам е затворен? Вчера на поминување од таму, како да видов дека е скроз затворено. Може сум грешка, на брзина (од кола) видов, затоа прашувам
Во певекс купувам по нешто преку сезоната. Но во овој период кога има огромни попусти ич не влегувам таму Во другите продавници (како калиопе, теранова, њу јоркер )сега наоѓам гардероба поевтина од певекс.
Вчера си купив три прекрасни блузи. Дојдов баш кога носеа нова роба, но ме мрзеше да чекам да ја редат.
Одамна не сум била во Певекс. Еднаш си купив дукс и ништо повеќе.Има нешто ново деновиве? Бил некој ?
јас бев пред 2 дена,нема ништо посебно Единствено што ми фати око беше една долга плава суќна,мн убава,ама 600 ден беше.
Од Певекс имам земено само една сукња со висок струк,онака во мера каква што одамна барав,за некои 190ден.Искрено за тие пари супер е,овоа лето баш ја износив. Инаку според мене нема баш мн убави работи,а и за некои парчиња преценуваат се со цените.