Убави работи има во Певекс, ама не ми се купува од таму затоа што има многу гужва. Ќе треба да чекам долго за да пробам нешто.
Се сложувам. Ако имаш време се да разгледаш убаво, сигурно ќе најдеш нешто што ти се допаѓа. Имам купено од таму неколку маички. Честопати одам, може да се најдат убави работи + поевтини.
Завчера бев немаше ништо ново. И самите продавачки кажаа дека цело лето не добивале редовно роба и имале малку роба, што беше и очигледно...
Јас од певекс купив пантолони и ги носев 3-4 пати и ми се направија ужаш материјалот ич не им бил квалитетен а имам и маички купувано ги изнаносив
Конечно имам финансиски средства, па деновиве ќе ги посетам Пренди, Певекс, Теранова и тако даље. Многу ретко купувам од Певекс скоро и никогаш, но ако имам вишок слободно време сигурно ќе разгледам убаво и ќе најдам нешто што е по мој вкус. Макар што морам да признам дека ретко таму има нешто што ми се допаѓа
Извини несакам да те навредам ама што сакаш ти за триста денари? Да ги носиш три сезони? Ај не ме заебавај и еднаш да ги облечеш се исплати. Инаку имам начекано тазе роба еднаш избор колку ти душа сака. Имам маички кои ги носам од лани а не се чепнати(у врска со матрејалот, нит скинати нит обелени) и сеа си купив шорцеви. Супер стварки има ама да начекаш ^^,
Така е рака на срце има и квалитетни работи,не се сите бош ко што викаме,само ќе речам најдовме-зајдовме сите трчаат во пренди и певекс ,со цел да најдат ефтино а ко ќе не најдат одма плукаат бош било се не знам ти што па за парите е ок се таму само треба да имате среќа да најдете
Јас па ептен среќа си имав со певекс, си купив 2 фустанчиња ефтино за посвечени прилики, кратки фустанчиња. Маички и блузи, ги изнаносив.. Панталони сите што ги имам земено убави биле и долго ми траеле, само еден пар фармерки после 2 години носење ми се скинаа, ама ги износив душа им извадив.
Тоа е така затоа што поголемиот дел од робата е запленет, и овие кај што се скинати етикетите фалификат биле не се оргинал марки.
Бил некој во скоро време? Им рипнале цените 400, 500, 700... Туку, како што приметив јас, ги има пола од работите што ги има во Мана, а во споредба цените се тука некаде, можеби во Певекс малку поевтини
Овие од Певекс ја претерале,кај мене во градот цените достигнуваат и до 1000 денари,избор на роба никаква,цените огромни.За истите пари,ќе си купам од некој бутик нешто поубаво и покфалитетно.
Во Певекс и Пренди во Штип да ти е мерак да влезеш!!! Однадвор изгледаат како некои ексклузивни продавници, преубаво суредени, додека во Скопје.......
Ја претерале работата, поминувам покрај продавницата во Куманово и гледам едноставно фустанче со чипкани ракави, и велам на сестра ми ако е до 400 денари го земам, влегувам и кога гледам 799 денари. А во Куманово речиси во секој бутик може да се најде совршено едноставно фустанче докај 800 денари. Дури во продавниците што се за по 200, 300 денари може да се начека убаво фустанче. А овие претерале, сето ефтино им се партали, буквално партали. Ајде јас и не очекував дека ќе е 200 денари, ама ајде 400 па и 500 може да е прифатливо. Есента имаше машки џемпери 900 денари, а на нашиот пазар 700, 800 денари. А квалитетот на пазар 100 пати подобар од тој во Певекс.