Во Певекс не сум била многу одамна, но во Велес последниот пат кога бев, многу ги имаа накрцано цените. Како да е било кој ексклузивен бутик, а внатре робата е малку поквалитетна од ич. Јас пред некое време, можеби беше почеткот на летото, земав златни-светкави пантолони за 200 денари. По две носења ми се скинаа, искрено и не го очекував тоа. Очекував додека ги облекувам првиот пат да се скинат. Како и да е, имаат навистина убава облека, ако не си баш комплициран во изборот. За етикетите, јас мислам дека облеката што треба да ја носат во познатите бутици, како Тера Нова, Калиопе, при прегледот, доколку најдат некакви грешки во шиење, ги носат во овие бутици. Јас имам една блуза на Look, без ракави е, сечени се, додека во Look ја има истата со 3/4 ракави.
Кога се отвори Певекс кај нас нешто наоѓав убави работи. Сега ниту влегувам, 4,5 пати отидов и не ми се бендиса скоро ништо
во певекс ако сте биле е тогаш времето безпотреба сте го изгубиле.....2 пати сум била и повеќе моја нога тамо не стапнува ама буквално никогаш. тешки глупости можеш да најдеш и ништо нормално, на лето последен пат влегов и немаше обична маичка да купам, сите беа со букви ккао од новина, со слики од папучи и сандали на нив и што уште не....обична маичка ако нема па што бараш друго да има-со еден збор ужассссссс невиден
На почетокот кога се отвори Певекс(За во Прилеп зборувам) си купив 2-3 блузи од 99 денари кои ги носам и убави се.Си купив панталони за 300 ден пери носи, незнам уште колку години ке ги носам а и премногу ме затегнуваат,убаво ми стоат. Потоа ем ги накачија цените а и почнаа со носење роба понеубава и понеквалитетна(некаде искинато,некаде фалат копчиња и слично). Бев во Штип во тоа Певекс-катастрофа роба!!! Така да,сега не ни влегувам таму..
јас бев пред некој ден и немаше ништо посебмно си купив само панталони -кремасти од 500 денари а иначе како се спремав си земав 3000 мислам шо не ке си купам ама нишо ...
Јас пак постојано си копам по некое прекрасно парче од таму. Без разлика дали кај мене или во Скопје, никогаш не сум излегла без ништо. Речиси сите маички ми се од таму, се наоѓаат парчиња за секаква пригода. Пред скоро си купив маичка од чуден малку подебел материјал со преубава крагњичка и ја утешав од носење. Си најдов и убава бела кошула - не толку класична каква што имав замислено, ама за тие 400 денари е повеќе од одлична и не изгледа како на себе да имам ставено проѕирен партал ко најлонска ќеса. Се наоѓа убава облека, ама треба многу трпение додека да се ископа нешто асално низ хаосот.
Оф топик сум, но зошто да трошите 3000 или 4000 денари во Певекс? Моментално има попусти и маичките секаде се 200-400 денари, џемперите околу 600, фармерките 700-800. И јас купувам од Певекс (додуша во последно време се` поретко), но факт е дека алиштата се партали. Многу од нив се со грешка, растегнати, поправани. Барем во овој период од годината не е тешко да се најдат евтини алишта, секаде има попусти, а за 4000 денари можете да се изнакупувате во Terranova, Calliope, New Yorker. Секако, ова се далеку од реномирани продавници, и не велам дека нивните производи се исклучително добри и квалитетни, но барем се подобро распоредени, има бројчиња, а и повеќе избор. Ако сте од другите градови, сигурна сум дека и таму има поорганизирани и поснабдени бутици од Певекс, а со слични цени. Да не бегам многу од темата, не ни се сеќавам кога последен пат сум си купила нешто од Певекс. Цените ги дигнале, кошули по 800, џемпери по 1000ка. Секако, секогаш има маици по 200, но постојано се истите, не знам откога немам видено нешто ново кај нив, веќе не ни влегувам. Не знам што ќе биде ако продолжат вака, во мојот град веќе не се толку популарни, а има и многу други продавници кои нудат подобра роба за истите цени.
Абе неее.Погрешна ме разбра. Вака,јас не купувам секој месец нова гардероба.Кога ке си присоберам парички одам и ке си купам повеке работи.Баш тогаш во мене имав 4000 пред нова година беше тоа и ништо никаде не си бендисав и пак си се вратив дома со парите. Тоа ми беше приказната. Не сакам погрешно да ме сватите,а и кога купувам гледам поефтино да купам да не е фустан од 2000 туку од 1200-1500.А и гардеробата ми е поефтина немам ништо скапо.
Ни јас не купувам секој месец нова гардероба, ретко кој купува редовно всушност, туку кога имам собрано пари - тогаш купувам Точно, со твојот коментар не беше специфирано дека не си нашла ништо во Певекс, но затоа што коментарот се наоѓа во темава, а и е дополнение на коментарот на Doutzen, така заклучив, се извинувам Како и да е, ако парите се` уште ти стојат, сега има многу попусти, па можеш да побараш нешто повторно и да ги искористиш
Купувам од Певекс и може да се каже дека имам некои добри парчиња кои за пристојни цени се супер. Арно ама во последно време сум приметила дека ги покачиле цените, а квалиетот не е ништо подобар од порано.
Денеска на минување поминав во Певекс во Штип. Избор на гардероба катастрофа.Почнаа да ме асоцираат на Пренди. Цени високи,а квалитет нула. Барем цените да им се реални во однос на квалитетот што го нудат.
Женски, ќе може ли кога ќе има попуст како лани ова време (скоро се за 99) да пишите. Која прва ќе забележи нека пиши. Да не одам секој ден да проверувам. Лани за 300 денари си купив фустан, кошула и џемперче
Во еден Певекс веќе имаа намаление, ама одвај 5 работи беа останати, другите самите вработени ги имаа кренато, како и секогаш.
Ги дигнале цените, на блузите посебно. Јас пред некој ден од тоа во Тафталиџе си земав убави панталони со дискретна шара за 500 денари и имаше доста солиден избор на панталони. Од блузичките ептен безвезни беа и фалични, а им туриле цени 400 денари. Имаше доста дуксерки и блузони со натписи Њујорк, ЛА и слично, саде Американизирани нели, ама убаво ми се видоа, мекички.
А може некој да ми каже што е разликава помеѓу Певекс и Пренди, и што всушност е Пренди? Гледам правите споредби меѓу нив.
Различни продавници се, јас колку што знам прво се отвори Пренди идеа со девиза се за 200, па почнаа некои работи да им се поскапи па после се отвори и Певекс. Мање-више исти се, има роба и од некои марки како зара, бершка и сл., броеви зависно од среќата и желбата на продавачките.
Во Велес има едно Top Fashion се вика, се за 220 денари. Изгледа и ова спаѓа во тој синџир Певекс-Пренди. Инаку овде има навистина квалитетна роба, елек си имам купено циклама многу топли, за 220 денари. Кошули има секакви, пријатен материјал, растегливи. Имаат за мажи/жени/деца. Има стварно убави работи, а колку што забележав држат стална цена од 220 денари. На името на бутикот пишува "Ние сме малку поскапи од џабе".