Овие Певекс кога почнаа со работа, за да се покажат стварно нудеа интересни парчиња за ич пари. Се наоѓаше нешто интересно, постојано имаше нова роба, цените беа скоро се до 200, 300максимум. И таман го разработија, се усраа во се. Како да мислеа дека на стара слава ќе продолжат успешно да работат. Ги дигнаа цените, изборот се сведе на катастрофален, ретко носат роба и се тоа пак истото се врти.. Штета порано нонстоп поминував, сега одамна не сум влегла. Гледам огромна промена од почетокот на работа и сега. Нема бизнис на стара слава, нека се свестат дури им е време, зашто ќе нема за кого да работат ако така продолжат.
Се согласувам во целост. на почетокот кога отворија купив некои добри парчиња за 199,00 денари. Сега се цените повисоки , а робата катастрофа.
ЈАс сакам да си купам од Певекс нешто, па да ми кажете како се со квалитет. Кога одам во Штип и стално поминувам да видам што има, и ептен се ниски цените. Дали и кај нас се така во Скопје?
Истото го имаше во Куманово ама пред некое време цените од 190 па нагоре. А инаку робата е доста по квалитетна од Певекс, т.с ретко има нешто што е оштетено и воочливо.
Дечки бил ли некој скоро во Певекс , Пренди ? Имаат ли некои спортски широки блузички за евтини пари . Ми требаат за во теретана не мора да се нешто посебно квалитетни и убави . Ако има и блузони уште поубаво
Во Пренди имаа распродажба, така да имаше само останати партали, ништо посебно. А, во Певекс сега немаше некои интересни нови блузи, но така нешто поспортско секогаш се наоѓа, и најубаво е ако појдиш, сигурно ќе си најдиш.
Салам утнаа, нема ништо посебно а се е по 800 -700- денари има и за помалце не велам не, ама да сакам за таа цена ке одам во Шутка па курнази се , ем се партали продаваат ем денар не ти враќаат назад ако е 699 или 599 пример
Бев трипати до Певекс.Првиот пат отидов во 21:15 мислам дека беше,добро неработеа,касно беше, Вториот пат отидов во 8:40.Пишуваше дека работат до 9,а таа 20 минути порано затвара. Третиот пат конечно влегов,попладне отидов.Им опишувам сукња,ги прашувам дали имаат некоја таква или слична,ми кажува дека има насекаде сукњи и да барам.Кога ја најдов сукњата конечно,ги викнав за бројче да ми помогнат,сама ми викаат да си најдам. Ич не ми се свиѓаат,никако да помогнат.Зашто се вработени,само да наплатат ли?Во други продавници,влагаш,па и те поздравуваат некои.Те прашуваат одма кое бројче ти треба,ова она...овие,ма јок.
Јас летото се изнакупував од певекс маици и 2 пара панталони душата им ја извадив мање више не се мрднати. Сега пред некое време пројдов гледам малце ги дигнале цените...
Во Певекс може да се наиде на убави, а ефтини работи, иако повеќето се безвезални партали. Повеќе би си нашла за лето. Така лесни работи.
И Певекс не е тоа што беше... цените се накачени за некои парталчиња, е тоа да дека некогаш може да најдеш нешто убаво и евтино, ама ретко е. Другарка ми пред 2 недели си купи фармерки за 300 денари, ама она има малку поспецифична градба и нејзе и стоеа убаво, а на пример јас да ги облечам тие ќе бидам како во вреќа