1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Певекс

Дискусија во 'Мода и стил' започната од blueeparadise, 24 мај 2012.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Јас бев вчера во Певекс што е во Кисела Вода и имаше супер работи, некои дури повеќе ми се допаднаа од оние кај Космо. :) Имаше така посвечени маички, т.е од оние што се од тој материјалот како свила, што се лизга низ раце незнам како се вика, имаше малку подолги шорцеви некаде над коленото, во жолта и небесно сина боја, имаше многу интересни фармерки, како леопард шара и едни црвени со црни точки, имаше убави кошулки и обични маички.
    Туку, знае некој во кое Певекс има убави тексас фармерки? Зашто ни во двете не видов тексас фармерки, или имало малку и ем ми се големи и не ми се допаѓаат.
     
  2. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Каде точно се наоѓа Певекс во Кисела Вода?
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ако одиш од К.Вода накај Центар се наоѓа после поранешно Трафик, од десна страна меѓу казиното и продавница за бела техника.
    Ако одиш од Центар накај К.Вода после Зоил и УЈП, невозможно е да утнеш.
     
  4. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ве предупредам само за една работа, што можеби е чиста случајност, ама мене не ми изгледаше така.
    Вчера бев во Певекс во Кисела Вода и пред мене на касата имаше жена која имаше купено повеќе парчиња облека, ама среќа си запамтила колку чини се`, па откако продавачка и` соопшти повисока цена, жената изреагира. Продавачката само се извини и смирено си одговори: "Луѓе сме, се прават грешки."

    Арно ама, после тоа јас паметната, имав земено 4 блузички,но не им ја видов цената. И кога стигнав дома сфатив дека ми наплатиле 50 ден. повеќе.

    Не ми е за парите, да се случи еднаш разбирам, ама веќе 2 пати во рок од 5 мин., за мене не е случајност. Можеби се работи за грешка, ама имајте си во предвид.
     
  5. jasmin17

    jasmin17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Денес бев во Певекс и џабе толку го фалите кога работите им се мизерија :worried: ,можам слободно да ги споредам со оние што се продаваат на пазар..Секако прашање е до личен вкус, и да не бидам погрешно сфатена ама барем кога пишувате не ги зголемувјате работите (во стил: "си купив мн. јаки парчиња" или "се е бренд") и бидете реални ;) поздрав
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Па реално се наоѓаат убави парчиња во ваков тип на продавници, посебно во Певекс.
    Јас имам купено пар панталони во сина боја за 300 ден, гајле си немаат. Нормално, умешноста и имагинацијата да се искомбинира убаво не ја поседува секој, па некому би му изгледале тажно, мизерно и сиромашно на закачалка.
    Кај мене не е така, додека гледам нешто, во главата инстантно ми се појавува слика на додатоци со кои би го носела - каиш, брош, марама, чевли, ташна и така од обични парчиња излегуваат убави комбинации.

    Гледам материјалот да е добар, принтот да е интересен, облеката да е удобна, не се оптеретувам - имало ли некаква етикета, немало ли етикета. Фејк ли е, нели е.
    Ме боли таквото искрено, какво скапо време дојде, дали сум среќна ако најдам супер маичка за 200 ден?

    Да, пресреќна сум.
    Една земав на зафрканција, минт зелена со сладоледи, детски делува, ама многу е квалитетна, за на Водно и до парк е супер.

    При вакви продавнички, да одам и да лупнам 800 за обична памучна рамбовка со некаков цвет во Котон или Калиопе, па тоа нема да се случи.
    Просто ти ја навредуваат интелигенцијата, а и буџетот.

    Јас пред некој ден спроти Бисер во секнд хенд продавничка ископав плетено џемперче, бело од конец, со етикета на него, за 120 ден.
    За некого можеби е ѓубре, за мене не е. Ќе си го најде местото во плакарот.
    ;)
     
    На crazylady, Elennaa, LuDaTa-Li и 18 други им се допаѓа ова.
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Па да реално, повише работи можеш да најдеш во певекс отколку во пренди..
    сум била во пренди и има по 50 парчиња од истата работа и кога ке видиш цело скопје се залетува за истото и ке бидеш облечена ко 50 други девојчиња.. а и реално и 200 да е па не вреди пошто немало една работа да ми се засвиѓа таму..
    во Певекс едино ми смета што е збутано многу, не можеш баш да видиш се, пошто се ти е збутано.. меѓутоа ако имаш живци и време можеш да најдеш преубави работи што стварно за тие пари можеш да се изненадиш.. скоро секој ден си купувам по едно парче и можам да најдам преубави работи..
    Да не збориме за квалитет, во денешно време една продавница нема каде што се продаваат квалитетни парчиња, се е тоа исто, дали ке идеш во шутка или во гтц истите работи ги имаш..
     
    На LuDaTa-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Бев конечно и јас во Певекс, во она до Бисер и за жал, сфатив дека ич не ме бидува за шопинг во такви продавнички. Не знам какви се другите, ама ова е толку претрупано, ужас. Кога поминуваш меѓу облеката немаш место за нормално да се движиш, мислам сета прашина ја лепиш на себе (мене посебно ме нервираше косата што ми се допира на сите страни до изложената облеката :worried: ). Разгледав на брзина и видов дека не се лоши работите, ама ни можев да бирам ни да разгледам убаво. Едвај чекав да излезам :worried: . Барем мааалку повеќе простор да има, полесно би било. А може и до годините да е :P . Инаку, за тие цени може солидно да се облече човек, нема што. Имаше парчиња со различен квалитет. Се зависи од тоа како ја носи човек облеката.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    Да ви кажам само сте ме инспирирале скроз :lol: :lol: Земав нешто пари и директ у Певекс! У Карпош го реотвориле, донеле и некои маички, па си купив две, едната со принт со кисчиња, другата со индијански перца, и едно наметка - блузиче во индиго виолетова боја. За 10 евра супер зделка 8)

    сивово ми одговараше со патичињата, и не се двоумев да го земам, откачен му е кројот башка.
     

    Прикачени фајлови:

    На Cence, Lilit и la-chicka им се допаѓа ова.
  10. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Хм, па нормално е да секоја подавница која има ефтини работи да е таква, растурена, нон стоп има луѓе, преполно е со роба, сите се буткаат да најдат нешто.. ако на некој не му се допаѓа таква атмосфера може да оди и да купува по “реални“ цени во други продавници. А што во Манго случајно да не не е така кога има попуст, ќе се потепаат за некој партал, и се чека 5 саати во ред пред гардероба..
    Нормално е дека сите сакаме да си купиме нешто за 150/200 кое изгледа супер за парите кои ќе ги дадеш :) Во Певекс треба постојано да се оди, секојдневно добиваат роба и сигурно ќе се начека нешто убаво :)
     
  11. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Јас си купив 2 пара фармерки, и 2 пара 3/4 жолти и минт. За тие пари 4 пара панталони, ама ич не ми чуе, со мерак си ги носам. Натрупано е, гужви се, мене не ми пречи, си копам по ред и си наоѓам, ако е издрпано или скинато не го земам, има доволно избор да најдам друго. И мажи гледам се почесто си зимаат кошули и маици.
     
  12. jasmin17

    jasmin17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Трендафилка знаеш како викаат? Ако не знаеш што е убаво-прашај што е скапо ;) инаку за секанд хенд шоп,колку и да немам пари никад не би купила од самата помисла на тоа колку е тоа ГРОЗНО!
     
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Не е тоа грозно, твоите комплекси се грозни.
     
    На Buttterfly, spellbound, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ме просветли драга.
    Штета што ниту во second hand продавници, а ниту во оние скапите каде што ти наводно се облекуваш не продаваат нешто друго - мозок.
    :hai:
     
    На Buttterfly, Sandra1707, Monna.Monna и 22 други им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Вистина е дека во најчест случај цената е таа што го одредува квалитетот но тоа не значи дека по дифолт ако е нешто поскапо дека ке трае 100 години.Ке ти напраи некој у диско дупка со цигара и фрли го после тоа слободно а и плус плачи дома зашто си дала за една маица 1000ден коа сеа веке е крпа за бришење прашина.Јес да немам купено ништо од овие продавници али не би ми пречело доколку ми се допага нешто да го земам само затоа што е 300 ден а не 1300ден.И нормално неможеш да очекуваш кој знае каков квалитет ама барем мајца за трчање или хеланки ништо не ми мењаат и ако се поефтини а не се оригинал спортски од Наик,Адидас и сл.
     
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.641
    Допаѓања:
    251.413
    Пол:
    Женски
    Од кога се отворија Певекс и сличните на нив, мене ми е мака да купам маичка или некое друго секојдневно парталче на друго место, едноставно за инает се работи :!: а и пари.
    Порано ценев бренд, квалитет но тоа почна постепено да го снемува па не сакам никој да ме прави будала па за ист квалитет да плакам три пати повеќе.
    Мене етикетата со бренд името не ми значи ништо и не ми прави разлика.

    Офф. Само никако не можам да сфатам од кај ги носат парчињава облека за толку ниска цена :?:
     
  17. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Немам предрасуди ама воопсто,ни за певекс ни за секонд ханд,ако е секонд,се пере и апсолутно нисто не му фали потоа
     
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас бев вчера во Певекс во Бисер и си купив прекрасни работи :clap: Си купив 3 маички, од кои едната посебно ми се допаѓа, нежно розева е, некоја пудра боја со црни цветови и е од проѕирен материјал ;) Прекрасна е! А си купив и едни пантолони (хеланка-пантолона), тесни се целите, а назад на ногавицата има патент :rock: Многу ми се допадна тој детал :) И сево ова за 850 ден! За тие пари можам само да купам едни хеланки од Калиопе, Котон и остали „брендови“. Се’ додека постои Певекс и остали слични продавници, никогаш нема да дадам 1000 ден. за рамбовка! А на оние што „купуваат само скапо, зошто скапото е квалитетно“ им упатувам еден поздрав и им посакувам побрзо лечење на комплексите, зошто и најскапото може да изгледа најевтино ако не знаеш како да го носиш ;)
     
    На belieber, Libera, sunfemina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LuDaTa-Li

    LuDaTa-Li Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Јас не пагам во несвест за тоа од каде ми е купена облеката. Мојот плакар содржи парчиња облека и од ГТЦ и од Пренди и од Певекс и од пазар и од шутка... ама апсолутно не се замарам. Дури ми е криво што сум давала по 1200ден. (најевтините) за фармерки а сега за тие пари си купувам 4 пара фармерки. За да одиш во Певекс треба да имаш многу време за да си најдеш тоа што сакаш и да имаш нерви за гужвата и чекањето пред гардероба. Јас лично највеке сакам да одам сама, си пуштам музика на слушалки, се исклучувам од светот околу мене и тргнувам во шопинг :) Незнам за вас ама јас сум човек кој маичка од 100 денари може така добро да ја искомбинира да изгледа како да е купена барем за 700 ден. Во прилог следуваат работи купени од Певекс Карпош 4 8) поздрав
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG1187A.jpg
      IMG1187A.jpg
      Големина на фајлот:
      237,3 KB
      Прегледи:
      374
    • IMG1191A.jpg
      IMG1191A.jpg
      Големина на фајлот:
      188,9 KB
      Прегледи:
      374
    На Sanniii, Trendafilka и Cakica им се допаѓа ова.
  20. Keryy

    Keryy Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    7
    девојки дали можеби има тексас шорц во певекс?
    и дали можете да ми кажете кога отвара, бидејќи ќе доаѓам од друг град да знам да се ориентирам.... и секако кое певекс е најопремено и како да стигнам до него?
    благодарам на одговорите :)