Леле не сум била од памти век последно кога бев си купив преубава блузичка за 199, не треба ни да се пегла утре обавезно идам , морам да се подновам нешто
А што е работава со некои етикети на маици? Си купив една маичка и на етикетата пишува Designed by и таму кај што стои името е искинато целосно . Инаку маички од Певекс се изнакупував, има и обични, и посвечени ама луѓе бре фармерки никако да начекам. Таман видов едни розе, многу беа убави, имаше и мој број, отидов за два дена и ги немаше. А други фармерки до сега не сум нашла. Исто неможам да си најдам сукњи црни ете, пократки и потесни за излегување. Ако знае некој ,нека каже во кое Певекс ги има овие работи да тркнам да видам.
Тексас шорцеви можно е да се најдат, како да имам видено некои.. Мислам дека отвараат во 9. Можеш да ги посетиш кај Беко во Центар и кај ЗОИЛ (ова е поголемо), оддалечени се едно од друго максимум 15тина мин. пешки и се во Центар, во Бисер немам отидено одамна, но пренатрупано е, неможеш да разгледаш на раат, а во Карпош 4 па никогаш не сум била, не можам да коментирам Добар шопинг Поз
Таму може и за 10 минути да го нема тоа што си го меркал, а камо ли 2 дена.. колку ми е криво и мене за некои работи што ми се продале, а сум се мислела дали да ги купам... ако видиш нешто и ти се свиѓа, одма купувај
А ти етикетите ги чуваш ги собираш што толку ти било битно биле искинати или не? и онака ке ги тргнеш
^Не, не зборувам за тие етикети од Певекс што се, тие се посебно туку на пример кога ќе купиш маица од Калиопе, на самата маица нели има зашиено етикета и пишува Калиопе, Теранова.. Е овде кај што пишуваше Designed by, само името беше исцепано, и ми падна чудно. Не ми е гајле инаку, јас нормално ќе си ја носам маицата.
Кога купувате од Певекс вакви да ви се очите Идам дома и коа да видам не една него 2 дупки на блузата и тоа на сред блуза, битно јас таму рабовите ги проверив. Ајт ќе си ја сменам у понедељак. А шо ми е убаа, хипи блуза, леле ако нема таква Како и да е блузи со шарки и натписи какви ти душа сака. Алооо најдов дури и панда блуза Сакам да донесат панталоооони пак, сакам. Шорцеви за на плажа има доста тоа немаше минатиот пат колку што помнам
Јас бев во Певекс во Кисела Вода, минатата недела, и многу се разочарав, искрено Како влегов - така излегов. Не ми се свиѓаше изборот. Обични широки еднобојни маици, ништо посебно. Нити видов убави панталончиња, како што ги фалеа... Не ми се допадна
Прееска бев и си се подновив фармерки и маичка по 300 ден. На фармерките пишува Guess, без разлика дали се или не преубави се за 300 ден., а на маичката имаше етикета со натпис на некоја француска фирма и цена од 14 фунти
Па ако би била „секнд хенд“, зарем би имало од еден модел по 10-15 парчиња во една продавница?!?! што значи не, можеби да има некои втора класа и со фелери, но за парите што ги даваш има супер „парталчиња“ и п.с. не сум вработена таму, но често си купувам
Јас вчера бев во Певекс кај Беко и искрено заклучив дека не сум јас за таму Уште од врата се извадив од памет кога видов колку роба има и дека за да си најдеш нешто треба да ги поминеш сите парчиња.Јас за такво нешто немам ни живци ,а ни време. Е сега од Певекс си излегов со една сукња и една маичка и тоа за сукњата ми кажа една девојка која ја открила . Мене ме зачуди една друга работа ,дека панталоните беа со детски броеви односно 9-10 години,10-11 и за жал немаше 11-12 кои мене ќе ми беа точни Инаку квалитетот и изборот е многу подобар од Пренди
^^ мислам дека се работи за оваа продавница Спојлер тој дел мислам дека спаѓа под Центар, а Кисела Вода почнува од таму кај рампа