Самошто се отворило Певекс и во Охрид, редно беше и ние да го искусиме „рајот“ од ниски цени. Јас планирам утре да одам да си купам нешто. Мои брачеди што биле денес ми рекоа дека имало навистина убави парчиња... Од маички до сукњи и фустанчиња, најскапи до 350 ден. Само вака се прави бизнис, полесно ќе опстои ваквиот тип на бутици, отколку овие нафураниве каде најевтиното е 3000 ден ( ).
Имаат отворено и во охрид бев сабајле ама многу гужва имаше беше внатре мн топло и треба да имаш многу време за да разгледаш имаше добри работи јас си земав 2 фустанчина со патент и 1 сукничка
Pevex во Охрид се наоѓа наспроти пазарот, веднаш до хотел Монтенегрин. Сестра ми ме престигнала, ви пишала пред мене. На излогот има огромен постер и ги пишува сите цени, од 49 до 399 денари, така ќе го препознаеш.
Јас бев денес и си купив едно кремаво фустанче, стил а-ла-Мерлинка . Многу е убаво, од Stradivarius е, а исто се изненадив кога видов дека не само од по-обичниве марки дека има алишта, туку има и од Cynthia Rowley ( ) и од Dorothy Perkins. WOW! Има да ја кренам цела продавница.
Денес мајка ми ме завлечка, слушнала за бутиков во Охрид, јас не знаев дека отвориле. Искрено, изненадена сум од изборот, имаше навистина убави маички и фустанчиња, ама не можев да ја поднесам атмосферата. Треба трпение за она да го издржиш. Тоа жени на сите страни драпаат, пробуваат на лице место, фрлаат на под... Јас не можев да разгледувам, и така бев со главоболка и дотолчена и од пешачење на сонце, па ми беше невозможна мисија продавницава. Мајка ми си најде убава сукња за 250 денари, па некој ден кога ќе се спремам психички - ќе ја земам да најдеме маичка за да ја искомбинира, па ќе видам нешто и за мене. Инаку, налетав на една маичка Champion, која ми изгледаше како да е second hand, без етикета и пожолтена од стоење, а и немаше други од истиот модел... така што добив впечаток дека и такви работи има измешано низ робата, иако не сум од тие на кои им пречи. Како и да е - има избор, има што да се најде ако знаеш како да изровариш и да избереш. Јас не се снаоѓам најдобро, ама едвај ја чекам братучетка ми да ја однесам зашто знам дека ќе е пресреќна таму, па ќе и’ речам да најде нешто и за мене. Денес дефинитивно не ми беше денот, се истрауматизирав. Па кога почна и мајка ми тука изеѓу рафтови да пробува (сите така праеле ) ми дојде да ја шамарам.
А, мислите ли дека денес ќе работи Певекс во Охрид? Обично другине бутици отворени се и во недела, ама ова е малце подалеку од чаршијана - што мислите?
Мене ми кажаа дека донесле уште во петокот (ако прашуваш за Охрид), ама не можеле да ја наместат затоа што немале време. А, за во Скопје, не знам. Вака како што гледам носат постојано нова роба.
Мене ова другарка ми го кажа. Јас бев денес, имаше различна роба од таа што беше пред неколку дена, па можно е веќе нешто да наместиле. Ама најверојатно од утре ќе е целосно нова.
Да си прокоментирам за продавницава. Со еден збор ја обожавам. Прва работа цените се таман за мој џеб. Пре би да имам 5 маички од 200 денари него 1 од 1000. До сега се што сум купила од таму е супер, прокопав парчиња за кои сите ми се чудат од каде се. И квалитетот е одличен. Мајка ми е ептен забегана кога станува збор за квалитет ама тука дури и оан си најде неколку блузички кои се преубави. Друга работа што ми се допаѓа е тоа што има и нормални бројчиња, не иде се во минус. Бидејќи многу прашуваа, да споделам јас што знам. Пред некое време кога бев во Певекс во Карпош 4 баш ја прашав продавачката кога добиваат роба и оваа ми рече секој ден или секој втор ден.
А некоја од вас да не знае точно каде се наоѓа да ми објасни поописно? Секој ден поминувам од тука, се ѕверам ко луда и не можам да забележам ни лево, ни десно. Хелп?
Епа вака.. ке стигнеш до пренди и ке продолжиш уште право надоле (накај јаја паша) и како што идес од десна страна ке видиш една како поголема продавница и на неа пишува исламик фешн ке ја поминеш и таа и ке продолжиш уште надоле,како што одиш право ке видиш една мала уличка (пред зградите кај црвениот мост) е сега не влагаш во таа уличка него се вртич накај главната,ја поминуваш и ке видиш една како трафика продаваат зеленчук и такви ствари,до неа има една исто така помала продавница ке ја поминеш и неа и одма тука од лева страна ке видиш една поголема зграда и таму е.на излогот има излепено цени од 149,299 и тн. е сеа ти објаснив баш подетално ,се надевам дека ме разбра и од се срце ти посакувам да го најдеш па да си испазариш убаво