Се стават на лице се премиват??? ајде мало поопширно... мака мачам со пегиве ниедна пудра не ми ги покриват
ја сум пробала све и свешто ама највише ми помогна кремата за лице снежана македонско производство е и природно направена... во скопје ја има дури и акните ми се исчистија
Една моја другарка имаше многу пеги на лицето. Си купи крема од авон/орифлем за пеги. Делуваше кај неа, лицето и обеле, 80% од пегите ги снема.
Си имам пеги на лицето,не којзнае колку ама сепак доволно приметливи.На левата страна немам многу,но на носот и десната страна на лицето е таму малку повеќе,некои посветли,некои потемни.Дури имам една на десната страна над устата во близина на носот,така потемна и убав круг Порано не си ги сакав ни малку,ми беше срам од нив,ама сега си ги обожавам. плус убаво ми седат на лицето,какво избелување да е до мене нема да е лошо уште една две да имам
дали сум единствената што сака пеги? ама за жал немам многу ми изгледа убаво кога ќе видам дека има некој никад не би ги чистела, камо да имав
А не не не. Како тоа? не си единствена,и јас ги сакам пегиве ммм, а бе обожавам кога ќе видам девојка со пеги едноставнои и завидувам. Обично се јавува кај лица со посветол тен на кожа. Познавамм едно девојче со плаво коса долга до газот и бело лице како снег и има пеѓи, немате појма колку е едноставна, природна, шарматна и пред се слатка. Немам поубаво девојче од неа видено Се би дала да имам пеги, само да ги немам грдиве акни и мозолчиња што одвреме навреме ми излегуваат.
девојки што направивте со кремата? како се вика? и јас имам многу пеги, а преку лето уште повеќе ми се множат ги мразам многу. помошшшшшшшшшш
И јас имам пеги,многу ми се слатки. Инаку за креми,мислам дека има кај Снежана,која се наоѓа кај фонтаната,кога се поминува за Стара Чаршија,долу како подрумче е.Бројчето го има на врата напишано,и кога ќе ја контактирате тогаш доаѓа,ваљда нема многу муштерии па затоа и е затворено.
Јас имам пеги, посебно на пролет и на лето цела сум шарена плус сум и бела Ама не сум пробала, да ги отстранам, а и дечкоми не ми дава, вака сум била поубава. Многумина ми имаат кажано, пегите биле знак на лепота
Јас имам пеги и си ги обожавам. Поготово сеа летен период цела сум шарена на лицето. И не,немам пробувано да ги отстранам и нема никогаш.
Па видете немора да значи дека кај сите ке се изгубат пегите ако користите креми , домашни рецепти или незнам ти што .Еве јас од искуство ви кажувам .. темен тен имам и имам пеги (но не многу) свашта имам пробано ама не ми помогна никакви креми ни лимон ни ништо и се откажав веќе нека ми стојат
Девојки ве молам кажете некоја крема,домашна маска,бајачи,вештери.. чаре? Вечна битка водам со нив цел нос ми е со пеги и тоа 1500 дадов за крема која нема никаков резултат