Јас имав пеги и сега веќе ги немам. Имав како малечка и не се сеќавам точно до кога ги имав,ама битно сега ги немам. И не сум користела никакви креми,сами од себе поминаа.
Пеѓи немам, но ми се појавуваат само летно време од сонцето и после некое време самите си изчезнуваат
Моја другарка беше во лицето како застарена банана.....Значи пеѓа до пеѓа......Се пробаше и ништо.... Летово беше во Италија кај роднини таму на море...И и се исчисти лицето комплет.....Пресреќна е.
Срц, јас користам лосион од алкохол и магдонос, ми помага, исто и Лала кремот само треба мноооогу време и трпеливост не може да исчезнат преку ноќ
Јас кога бев мала воопшто немав пеги но на 8-9 години ми се појавија и сеуште ги имам многу ги мразам сакам да ги отстранам некој совет? Слушнав дека со лимон може да се отстранат дали на некој му успеало тоа?
Da so limon ke vidiv rezultati odma posle prviot tretman jas secam eden limon i si se mackam stojam nekoe vreme 10 min od prilika I potoa plaknam I mackam mn krem koristam I losion od magdonos ama so limonov podobro e
А колку време го правиш лосионот со магдонос и алкохол, и колку алкохол ставаш? Воопшто не ги сакам пегите а ги имам поготово на носот и на образите..............
Здраво уште пред десетина години при изложеност и работа на јако сонце ,ми се појавија пеги на рацете и вратот и до ден денес останаа,можеби се само побледи.До сега немам употребувано ништо за тоа ,но би сакал да ги одстранам ако е веќе возможно тоа.Нешто повеке за тоа што да користам и што ми препорачувате за одстранување на пегите добиени од сонце.Благодарам унапред.
Јас се мачкам со лимон стојам на сонце 10 минути и после се плакнам ова го правам 1 недела па ќе видиме :\
Драги феминки, јас имам пеги и ја користам кремата Лала. Чини 100 денари, и има ноќен и денски крем. Јас користам денски и го нанесувам на лицето (на деловите каде имам педи) само преку дента. Денскиот крем можете да го користите и ноќе ама ноќниот не смеете денски затоа што ноќниот не одговара за кожата преку ден. Се надевам ќе ви помогнам!
Сега козметика „Снежана“ се наоѓа на КИМ во Центар, не е повеќе кај црквата Св. Димитрија. Да, кремите им се против пеги и флеки, ги фалат ама малку за наш стандард се солени. Од 600 денари па нагоре се до кај 1200 денари.
Јас верувале или не се живо и диво пробав на моето лице немаше никаков ефект.Се додека не ја купив витаминската крема од Козметичко студио Виолет за 3,4 месеци со редовно ставање имав стварно видлив резултат.
Имам пеги на носот и на јаболчниците а сега во летно време охоо на поголем дел од лицето ама многу си ги сакам не ми сметаат мислам дека убавината е уствари во несовршеноста и мааните