А колку време ја користеше лалата.Ја се шлапав со неа околу 6 месеца и немаше никакви резултати!! Иначе кога одите на козметичар прашајте за третманот со овошни киселини.(околу 300 денари)Немам пробано ама многу го фалат.
Мислам дека пегите не се лоши доколку се умерени, и јас имам неколку на лицето и сум горда со нив (не ми се гледаат додуша многу).
Еј помогнете ми и јас имам проблем со пегите од 12 години ставам крема од орифлејм..потоа преминав на Леа,па на галафарм против пеги кремата,и онаа една зелена на природна база Што е многу мрсна..многу малку ми се избелија а више 5-6 години се лечам...Несакам да купувам на Еуцерин бидејки се за стари жени..ве молам помогнете ми кажете ми ефикасна крема сите ефтини сум ги пробала и пак нема добар ефект.Одев и на третмани и си го минев лицето со лимон,магдонос и пак ништо..поздрав и ви благодарам однапред..
денес ја зедов кремата лала само што ставив на лицето...за колку време од прилика да очекувам резлутати знаете да ми кажете?????
Девојки НЕМОЈТЕ! Не ги отстранувајте. Јас искрено, многу сакам да имам пеги, во комбинација со портокалова коса... ммм... Не ги отстранувајте, слатки се девојки со пеги!
Сите ефикасни креми за избелување на пеѓите содржат жива . Само што кога живата еднаш ќе навлезе во кожата, таму и си останува. Значи помагаат сите креми против пеѓи што се на база на жива ама лицето ќе ви стане проѕирно (како да имате диспигментација на кожата) , а пеѓите се враќаат кога кремиве ќе престанат да се користат...
и јас имам пеги и воопшто не се трудам да ги покријам.таква сум каква сто сум и толку,сакајте се себеси.луѓето со пеги имаат поголем шарм
Луѓе со пеѓи ...особено девојки ми се преслатки Во комбинација со црвеникава коса - ултра модерно Да не сум чула некоја од вас да се комплексира, ќе има ќотек !!!
аххх многу се слатки кога ке си ги видам во конбинација со модрото под очи убавини ма ни креми помагаат ни ништо
Мене искрено да здогледам некоја девојка на пример на модна писта со пеги и црвена коса би ми изгледала слатка и со стил, ама незнам вака не ми е нешто омилена таа комбинација. И јас имам пеги, најмногу на носот и покрај него, од левата и десната страна. Ги добив кога не ја послушав баба ми и излегов надвор на најголемото сонце што постоеше и веднаш изгорев, и осетив кожата буквално како да ми се суши и лупи.. И после одма ми искочија пеги, ама среќа не се многу приметливи. Само кога некој ќе ми се приближи и убаво ќе ме загледа. Симпатични ми се девојките кои имаат неколку ситни пегички, што не се многу приметливи, ама сум видела и некој што е буквално целиот нафрлан со крупни пеги и не ми се допаѓа. Е оваа слатко ми изгледа.
Имам пеги и откако знам за себе. Порано не можев да ги поднесам и постојано барав начини да ги отстранам. Ја пробав кремата на леа, немаше никаков ефект. Имав лошо искуство со лимонот затоа што премногу ме иритираше и печеше. Сега некако си научив да си ги сакам пегите, освен оние на носот, кои што стварно се премногу и врска немам како да ги отстранам. Слушнав за сапунот на докторс против пеги и флеки, па ако некој го користел нека ме просветли дали делува
Пегите престатвуваат јата од концентриран меланин кои се заприметуваат кај луѓе со средна комплекција на лице. Пегите можат да се најдат кај секого, без разлика на нивната генетска позадина. Создавањето на пеги се предизвикани со изложување на сончевата светлина. Тие претежно се наоѓаат на лицето, иако тие можат да се појават на било кое место од телото кое е изложено на сонце, како што се рамениците. Дали имате пеги на лицето и колку? Дали се чувстувате обезхрабрени за да шетате слободно? Што користите за покривање на пегите(доколку користите)? Дали сте ги добиле поради сонцето или ги имате од раѓање? Јас немав пеги до пред некое лето. И секогаш кога ќе се вратев од плажа имав по една пега. Не сум обесхрабрена но сепак некогаш сметаат кога сакам лицето да ми изгледа мазно и безпрекорно кога ќе сум нашминкана. Но, не користам ништо за покривање, сепак тие се дел од мене и неможе да се отстраната. Кои се вашите мислења?
Имам пеги само напролед и налето. Тогаш најмногу ми се познаваат. Ги имам на носот. Не ми се некој голем комплекс бидејки не се многу познаваат. Дали има некое средство со кое можам да ги одстранам???
Уште со што не проб ав да ги одстранам но ништо не успева од малечка ми се така баш како на сликата погоре што ја ставила blueeparadise така ситни а + што си имам онака бемки поголеми и потемни... Искрено преку ден нема шанси да се нашминкам со пудро све живо ми се познава така да си шеткам така шарена ко пилци да ме посрале но се навикнав и многу ме е гајле мои си се
лосиони за избелување на пеги на природна база 25 г свеж лист од магдонос и 1/4 л 70% алкохол магдоносот се става во алкохолот и се држи затворен 7 дена на темно место. после 7 дена се цеди. со лосионот редовно мачкање и тампонирање навечер и наутро. ----испробано и ефикасно али пуста мрза па прекинав----- маска за избелување на пеги 10 г рен и 1.5 дл млеко ренот треба да се изренда и да се стави во неварено млеко и треба да стои 3 часа на чиста газа се става од маската на лицето . маската се става еднаш неделно најмалку месец дена оваа маска не ми е пробана зошто не знам што е тоа рен и каде можам да го купам ако знаете кажете
Јас имам слушнато дека маска од зелена глина помага и дава добри резултати,но немам пробано.Ако некој проба нека пише...