Ја не сум многу информирана за овој "проблем". Само знам дека целосно не можат да се отстранат и дека за време на летниот период се поизразити. Велам проблем ("), бидејќи мене многу ми се интересни луѓето со пеги. Изгледаат слатко, нежно. Кај мене мајка ми има пеги и многу ми се бендисуваат. Онака кога ќе ја видам со мила фаца и пегички ми иде да ја изедам .
сакам да кажам го купив кремот на докторс на база на магдонос и мислам дека ќе има некој ефект утре ќе го направам и лосионот со магдонос па ќе видиме
Јас пред некое време ја земав кремата од докторс од магдонос ја користам но не гледам никакво подобрување,дали тре ба да почекам подолг период за да покаже користењето резлутати не знам ќе покаже времето
ќе може некоја од вас да каже подетално,како се прави тоа со магдонос и алкохол..ако веќе сте го пробале
јас имам на носето ама не си ги сакам незнам зошто дечкоми вика мн.си слатка ама ги неќам бе почнав и јас да ја кор4истам кремата од докторс сега пак ќе видиме
Пегите ми се појавуваат само летно време кога сум повеќе изложена на сонце. Само на носот имам. После некое време ми исчезнуваат. Инаку баш се слатки девојките со пеги.
срц имас рецепт напишано иначе јас го користев .... ништо сложено само во алкохолот ги ставаш ливчината магдонос и оставаш да стои мене ми помогна многу ама пуста мрза и оттогаш не го направив ... ќе го направам деновиве
Ги имав,ги имам и се плашам дека сеуште ќе ги имам. Ги имам на носот,малку на обравчињата и многу ги мразам Имам и црвено-портокалова коса,а тоа ме прави да личам на Пипи Долгиот Чорап -.-' Сакам да исчезнат за скоро време. Ве молам за некој совет,поздрав
девојки дали кремата за лице од докторс ви помогна со пегите?јас малку време ја користам ама не е лоша само што многу тешко се размачкува кремчето бе
Имам прочитано дека масло од рицинус помага против пеги . имам ставено неколку пати. треба да почнам пак се ближи лето . инаку мене пегите ми се поизразени на лето како и на сите претпоставувам. во лето не се препорачува лимон да се става на кожата . барем така ми кажа козметичарката. затоа и во салоните сите третмани што се со лимон се прават во зимски периоди .
Неколку години ја користев лала кремата против пеги но мене не ми помогна ниту малку. Но пред неколку недели еден човек кој работи во една продавница за козметика и накит ми препорача една крема која е правена во домашни услови и резултатите испаднаа многу подобри од тоа што очекував. Кремата нема име, пакувана е во розево кутивче, не е скапа, но помага многу. Ја ставам на претходно исчистено лице секоја вечер и почнаа пегите лека полека да се чистат.
И јас го имам истиот проблем.Најмногу ми се познаваат кога сум на сонце подолго време.И татко ми го имал истиот проблем кога бил млад и му исчезнале на 13,14 години си се тешев дека и кај мене ќе биде така но некако не сум среќна од тоа што го гледам.Сум користела и некои креми но не ми помагаат.Мислам дека зависи од кожата дали ќе ти помагне некоја крема или не.
Колку што јас знам кремовите само привремено помагаат за отсранување на пегите. Подобро барајте некои против појава на пегите таквите веројатно се нешто како лосиони кои ја заштитуваат на кожата од зрачењето на Сонцето. И јас имам пеги на носов и неколку под очите и искрено не ми се допаѓаат ама не сакам да ги отстранам, тие се дел од мене. And I'm proud of who & what I am.