И јас имам пеги ама не ми сметаат ми се прават повеќе во лето но не ми сметаат ги имала и мајками ама неа и исчезнале мислев дека и кај мене ќе ги снема ама нее тука си се имав пробано и со кремот лала но немаше никаков ефект
и јас имам доста пеги и ѓи многу мразам, ставам пудро и коректор понекогаш и руш во мали количини и ми се покријат малку.. Вие што користите?
Немам пеги и никогаш не сум ги имала зашто имам темен тен.И не знам зошто сите се жалите од нив, кога мене ми се многу слатки луѓето со пегички
И јас си имам пеги....не многу ама сепак...ги имам И порано се нервирав, ми сметаа, сакав да ги откорнам Ама сега веќе се помирив со тоа, знам дека нема што да се направи и си терам ваква, пегава
Како до чисто лице? Девојки помош...ајде кажете ми некој рецепт за да ми се намалат пегите на лицето...немам кој знае колку но би сакала лицето да ми биде чисто...ајде ако знае некоја нешто што би ми помогнало нека пише..поззз
Јас имам малку пегичиња на носот и образите и баш ми се слатки. Искрено јас би се замарала ако имам премногу пеги или ако имам некои ужасни флеки на лицето. А целосно чисто лице имаат само куклите, никогаш не може да биде совршено. Не се замарај многу околу тоа.
Асја а откако престана да си ставаш дали пак ти се појавија? иначе и јас имам пеги и ги мразам многуу сакам да ги исчистам ама незнам како..Помош девојкиии И cindy може да ми кажеш како да ја направам смесата?
Уфф пеѓи, пеѓи, пеѓички/шта. Некогаш ги сакам, некогаш ги мразам, зависи. Имам на носот, а сеа се подновив со две над усните. Ама убави ми се, хаха
Порано сум имала повеќе по носот, сега не знам зошто, исчезнаа сами од себе. И сами од себе на грбот ми се појавија многу такви бледи пеги, ама мене не ми пречи. ^__^
Имам под очите 3,4 пегички ама баш се бледи и мислам дека ми се искочени од сонцето,не ми сметаа ич не ги ни забележувам а и тие што имаат повеќе неби требало да се секираат или нервираат баш понекогаш изгледаат симпатично!
Имав повеќе пеги до пред 10 години отприлика. Не ми излегуваа само од сонце, цело време си ги имав. А сега имам многу малку пеги, и скоро ич не ми се приметуваат. Дури ни од сонцето не ми излегуваат веќе.
еве малку помош за оние девојки на кои им е потребна помош околу пегите....и јас ги имав сакав да ги немам и после форумов сфатив дека не се толку страшни бидејќи немам многу а и делуваат интересно... Секако, за оние кои не сакаат да ги имаат воопшто еве мала помош( преземено ми е од една книга "природна козметика- 200 рецепти за нега на лице,коса и тело) 1. Лосион за избелување пеги - состојки: 25 гр свеж магдонос, 3 дл минерална вода и 2 дл обична вода Подготовка: Во водата проварете го магдоносот до вриење..Тргнете од огин, поклопете , почекајте да се олади и процедете.Помешајте ја водата во која се варел магдоносот со минералната вода( пред тоа оставете минералната вода да изветрее) Употреба: Чистото лице тампонирајте го или мијте го со овој лосион редовно 15 дена.Пегите ке избледат, а со време потполно ќе исчезнат... Мој совет е да не правите по многу од овој рецепт затоа што магдоносот мириса лошо по одминати ден два... можете во мали количини да правите за по некој ден и така редовно 15 дена...Јас пробав но не го направив до крај ( ме мрзеше) но по една недела пегите ми се намалија...дали е од рецептот или пак јас само така си мислам не знам но ВРЕДИ ДА СЕ ПРОБА... позз и пишете ако имате нешто нејасно...позз феминкии
јас имам многу пеги по целото лице кога бев помала си ги мразев и затоа пробав многу кремови но немаше ефект со текот на времето сфатив дека тоа сум јас и веќе не ми сметаат толку како порано дури почнав и да си ги сакам затоа што тоа ме прави поразлична од другите.татко ми имал како мал но му се исчистиле кога влегол во пубертет се надевав дека и на мене ке ми се исчистат но не ми се исчистија.сега користам еден крем neostrata bionic skin lighting cream има ефект пегите ми беа многу темни сега ми се осветлени и лицето ми е доста исчистено .не сакам целосно да ми исчезнат сакам само да ми се избелат и да ми останат на носот затоа што тоа го сметам за многу симпатично позз..
Јас имам на носот неколку,порано имав повеќе,ама ми ги снема. Што знам,мене никогаш не ми сметале,не сум ни размислувала за нив.
пеги на лице Здраво на сите .Јас имам проблем со пеги на лицето,најистакнати се на носот .Дали некој знае нешто што би ми помогнало да ги отстранам ,бидејки се чувствувам неубаво со нив help !!!
Имам пеги на носот и помалку на образите. Светли се и најчесто не се гледаат, но сега сум исончана и поизаразени се. И си ги сакам.
Пронајдов јас една крема, оваа http://biohol.com.mk/index.php?option=c ... 9-10-54-14 дали некој ја има употребувано и каде може да се најде?
И јас го имам истиот проблем сега брзо и јас почнав да го користам кремот ЛАЛА и забележувам како да почнаа да ми исчезнуваат постепено!