и јас ги имам ама си се помирив со то одамна... иначе на носо само и онака се гледат ама то е то шо да се прај
Имам пеги и ги обожавам! Порано ич не ги сакав, и многу ми сметаа, ама откако си размислив дека не може секој да ги има, дека се “единствени’’, почнав да ги засакувам и многу се радувам кога доаѓа лето и се познаваат уште повеќе, и не, ниедна пудра не ми ги покрива, па не се ни мачам околу тоа. Девојки, не се будалете да ги отстранувате, знак на убавина се, верувајте!!
И јас имам пеѓи Незнам што може да помогне мајка ми користеше една крема за отстранување пеѓи, но воопшто не беше ефективна Чаре?
Имам пеги на носот и околу очите некаде ....како помала повеќе ги имав. Ама како растам ми се исчистија сега дури не ги забележувам
Чудно, но вистинито. 2 девојчиња од мојата населба го користеа сапунов од Оriflame и пегите едноставно им исчезнаа. Секое утро се миеле со сапунов и лицето им е чисто. И мозлчињата се повеќе им се чистат. Би можела и да се обидеш со парчиња крставица да го триеш лицето, корисно е што сум слушнала.
Ах тие пеѓи... Јас имам на јаболчниците и на носот и некогаш си ги мразам Ама сепак се симпатични.. Барем на мене симпатично ми стојат Има разни креми во аптеките, да, ама... зошто тоа што е мое да го ,,бришам,, ? Нека ми седат
И јас имам пеѓи и тражам чаре како да ги отстранам пробав со 1 лек и една скапа крема но ништо не помага :/ не се сакам ваква :
И јас со имам истиот проблем со пеѓите, зимо не ми се познаваат а лето многу се изразени.. пробав со магдонос малку се исчисти. А од каде ја купи таа крема? А како се вика сапунот?
сите што не ги сакате пегите слободно дајте ми ги мене цел живот сакам да имам морков црвена коса и пеги ама ништо од тоа, не почнува да ми расте црвена коса а ни пеги, освен оние 10тина што ги имам од време на време и што само јас си ги забележувам кога се гледам на огледало за зголемување секогаш сум сакала да имам затоа што со нив си единствена, кога ќе те види некој никогаш нема да те заборави... плус мислам дека нема посекси нешто од црвенокоса девојка со пеги, плус закон е да имаш пеги не ги отстранувајте, уживајте во нив ич не се приметува од постов дека сум збудалена по пеги и црвена коса
^ Браво за одговоров, баш да разбиеш монотонија со мислењево! И моето е исто ко твоето, таму негде погоре е! Ги имам и ги сакам, посебно во лето!
Освен да се помирите со тоа друго чаре нема . И јас имам пеѓи, во лето ми се многу поизразени. Не дека ги сакам, ама тоа е иако некогаш ми се и слатки.
Дали случајно некој слушнал за оваа крема, дали некој ја има пробано и дали некој знае каде може да се најде кај нас? http://ulmo-prodavnice.shopmania.biz/ku ... iljaka-541
Кога бев помалечка ми беа поизразени, а сега некако послабо иако во лето најчесто ми се забележуваат. Сметам дека не се грди, туку на моменти и симпатично ми делуваат кога ќе ги видам кај други луѓе. За лек не знам дали постои, не сум се интересирала да побарам зашто мене лично не ми пречат, единствено што можеме е да ја заштитиме кожата секогаш кога има сонце, зашто како што тргнало со глобалново затоплување ако човек не се грижи за себе, може и полоши работи од пеги да ни се случат!
Имам пеги наследни ми се од мојата мајка. И што дека ги имам кога воопшто не ми сметаат и не ми создаваат никаков проблем. Ми излегуваат повеќе летно време од сонцево али и тогаш не ми пречат. Природна работа се пегите, како што и ние самите сме создадени на природен начин.
Знае ли некој како се чистат пегите од лицето? Имам малку пеги под очите,на носот,и малку на образите.Од многу мала ми се,тогаш ептен си набивав комплекси,сега сум посмирена ама сепак сакам да ги исчистам. Ако некој има искуство со пегите(флеките) нека каже,ме нервираат,се немам видено без пеги пред 15 години! *Било какво искуство(и успешно и не)
Има мн идеи за чистење , инаку јас сум многу задоволна од Докторс кремот од магдонос се надевам дека ти помогнав малку
Nemoze nekoj da mi ubedi deka premnogu pegi na liceto,estetski izgledaat dobro I jas imav takov problem dolgo vreme, i mn me iritiraa se dodeka ne go otkriv KOZJIOT SAPUN so dodatok na med Veruvajte,,pravi cuda .So edno mienje na liceto очигледно se izbleduvaat [mod-kirilica:3hb7kjpi][/mod-kirilica:3hb7kjpi]