И јас имам пеги ама до сега не сум многу обрнувала внимание на нив.Ја користев лала ама немаше резултати можеби затоа што кратко време ја користев.А козјиот сапун во мојот град го има во космо,па ке го земам да го пробам
Jaс си се гордеам со своите пеги. Зимно време речиси не ми се изразени, но кога запролетува ми никнуваат ко кокичиња.
Не ги разбирам оние кои дигаат фама за неколку пегички, ама валјда нема за шо друго да се нервираат па... Како и да е, потребно е организмот да се снабди со потребните витамини А и Д, капсулите Олисалвин ќе завршат работа. Мислам дека не се многу скапи, а ќе имате за месец-два користење. Иако витаминот Д се добива од сончање, најдобро е вие тоа да го избегнете, зашто тоа не им помага на пегите туку само ги уништува инфекциите. Сапунот на Докторс - Боракс, го избледува тенот, пегите и флеките. Откако ќе се измиете со него може да го нанесете лосионот на Леа. Магданосот и лимонот се познати како убијци на пегите. Би ви ја препорачала маската со овие две состојки и плус млеко, мед и брашно по потреба, служи за се и сешто. Кафето го избегнувајте зашто влијае лошо на тенот. Може да ставите и облози од каша од варена тиква и да се остави да делува 20 мин, ама да бидете упорни!
И јас си имам малку пегички, ама баш си ги сакам Нема потреба поради пеги некој да има намалена самодоверба, баш се симпатични. Пегите се фактор што најмалку би влијаел лошо на убавината.. Чист пример: Спојлер
немојте да купувате козји сапун, мене само ме излажаа на форумов но моја грешка е што поверував во лага, мислев дека сите се искрени како мене. лицето ми се исипа се со ситни бручки неможам да го вратам во форма веќе 4 месеци. на никого не посакувам лошо така да мој совет е да не купувате козји сапун.
можда ти е тоа така бидејќи си алергична. јас сум алергична на се од кози. доколку дојдам во допир со нешто од коза местото ми се нафрла точно така со ситни брунчиња. не мора да значи дека те излажале
незнам зашто се трудите да ги избледете или отстраните пегите јас баш би сакала да имам пегички ми изгледаат така нежно, невино..
да споделам за сите мои сестре по пегама кршиш 1 јајце, ги двоиш белката и жолчката. белката ја матиш да стане како шлаг и со шлагот се мачкаш на личето. чекаш да се исуши од прилика 15-20 мин држете ја маскава и потоа се миете со вода. исчезнуваат за мн краток период. вака тета и правела на братучеда ми имаше на носот пегички и малце на обравчињата. мислам дек за 2-3 дена исчезнале. вреди да се проба а?
Ја имам само една пега и тоа на носот. Инаку знам дека се појавуваат од сонце. Но мислам дека неможат да се отстранат со нешто можеш да го покриваш со пудра.
Исто и јас. Можеби некој некогаш ми се потсмевнува заради тоа, но некогаш навистина сум си горда на нив. *Некогаш можам дури и да се почуствувам многу лошо заради тоа што помислувам дека не ме сакаат за тоа, но се навикнав. Не дека ги сакам али природно си е природно Го имам сето тоа што го бараш да ти го дадам
Каде би можела да ја најдам Лала кремата ? Барав и не ја најдов Или па критика/пофалба за едно кремче имаше од Докторс за пеги, само не можам да најдам слика
И јас сум од тие со пеги..и многу ги мрзам..ептен ме нервираат... ...баба ми ми кажа да пробам со 3% хидроген да го мачкам лицето(на тие делови каде имам пеги)..Но не успеа..После ми рече со лимон тоа многу малце и помогна ,а често ставав... butterfly33 ако си ја пробала кремава кажи зашто ако не и таа ќе ја пробам..Па ако не успее советот на Stefaani не ми бега...
И јас го имам истиот проблем ги користев кремите лала(ноќната и денската),леа и немаше ефект,пробав со некои маски со магдонос но ни тие намаа ефект :'( Кога бев кај баба ми на гости една пријателка нејзина ми рече дека и таа имала пеги јадела магдонос и и исчезнале..:\ знаете ли некоја маскаили крема(било што) што има ефект??! *
Мајка ми користеше ваква. Има минимални ефекти, стануваат побледи, ама не исчезнуваат скроз. А и со текот на годините стануваат се побледи па не се познаваат толку. Иначе, имам и јас пеги ама несакам да исчезнат, арни се.
Девојки дали некој бил во козметичките салони на третман за отстранување на пегите?или познава некој со такво искуство?сакам да ги отстранам почнаа многу да ме нервират