^ Јас пак мислам дека такво нешто не постои.Барем во мојов град.Досега немам слушнато. А и ми имаат кажувано дека лек за пегите не постои,со што и да ги мачкаш џабе е. Сами од себе демек си поминувале. И јас ги имам,па си ги сакам!
И јас сакав тоа да прашам.. Гледам мајка ми, ја купила.. Имам неколку пеги на лицето. Ама не ги сакам..
Лек има третмани на козметичар за тој што сака да си го отвори новчаникот пошироко јас бев Во Аура за да се консултирам отстранувањето на пегите е загарантирано и има пакет третмани но не се прават во лето бидејќи кожата не треба да биди изложена на сонце се разбира дека во лето залудни се и кремите за жал јас планирам на есен да почнам со третманите порано пегите не ми сметаа на носето ама сега се поголеми и почнаа да ми сметаат ужасно....
пардон ЖОЛЧКАТА се мачкала касно пишувам ама и јас касно дознав исто и ова на синди во претходните постови помага во избелување пробано ми е но го дотрошив сега ќе треба да правам пак
концентриран чај од магдонос, и да се пие и да се мачка како лосион, и кремава на цидонија.. Симпатични и мили ми се лугето со пеги.
Имам пеги на лицето, во лето ми се зголемува видливоста и бројот на пеги од сонцето ама воопшто не ми пречат и многу си ги сакам. Ми одговараат со тенот и косата и многу нормално навикната сум на нив. Порано, како помала бев во некоја заблуда и сакав да ги немам ама тоа беше краток минлив период.
Имам пробувано се и сешто,но пегите никогаш не ми изчезнувале. Сега некако се помирив со фактот дека ги имам,дека си се мои,и не некој начин и се гордеам што ги имам
И јас си ги имам , порано поизразени беа сега се бледи и малку на носот и образите , со пудра воопшто не ми се приметуваат , не сум размислувала за отстранување нити сум пробала не ги ни приметувам ама гледам многу се жалите ако се приметливи само за вас кога се зверите у огледало не знам зошто толку нервози
Ги имам и јас.Порано мн си ги мразев,но со тек на време ги "игнорирав" Не ми се изразени,па со пудра не се ни приметуваат,а и не се замарам повеќе Еднаш ми рекоа дека не секој има пеги-демек посебните личности ги имам само,хехех Ај да се утешиме малце
Обожавам луѓе со пеги. И кога ќе кажам пред некого ме прават луда. Мајка ми има пеги и користи Лала крем, и се намалија, само нејзиното лице има и флеки, кои малку повеќе дојдоа до израз за на крај да почнат и тие да исчезнуваат.
Јас имам пеѓи но тоа е ептен малку дури не си ни приметуваат,околу очите и носот.Не употребував ништо за да ги отстранам инаку имам слушнато ако сакате да ви се изгубат треба да гледате во маст ама во правење на маст... друго не знам
И јас имам пеги, али вооопшто не ми сметаат, а не се ни многу. Со пеги се осеќам поубаво, на многу им се допаѓаат
и ја имам пеги само сега не ми се познаваат толку како порано ама не ми сметаат напротив си ги сакам да ми биде лицево скрос чисто ќе ми биде чудно
Здраво,девојки! Имам пеги на лицето, ми се појавија пред 6-7 месеци (во летото). Бев на лекар ми рекоја дека тоа е нормално и ми се појавиле од сонцето и најјвероватно од солената вода. Ми рекоја дека за бргу ќе исчезнат, но еве веќе 7 месеци ги имам и не исчезнуваат. Ако можи да ми кажите совет или да ми препорачате крема и слично за да ги исчистам. Благодарам од напред.