А зошто би ги отстраниле? јас ги имам доста, на сонце особено ... И ич не ми сметаат, напротив баш си ги сакам
Да ставаш маски од магданос, и рендан морков. Помага за лечење на лишаи и кожни проблеми. Ама не знам колку помага за пегите.
Имам пеги и не ги сакам баш.До пред некое време користев една крема за отстранување на пеги но не ми помогна.
дали домашниот лосион со магданос помага против пеги ? кај мене некогаш се поизразени , некогаш помалку , зависи колку време си на сонце , и дали мозе ласерски да се исчистат , благодарам однапред
Јас го порбав мене не ми помогна! Но сака редовно да го ставаш(подолг период) така може ќе покаже ефект!
Домашниот лосион од магдонос помага, ама треба да бидете упорни и редовно да ставате 2 пати во денот. Исто има и крема на Докторс наменета против пеги и чинам и таа беше со екстракт од магдонос. Не е скапа, а со редовна употреба се постигаат солидни резултати - моја пријателка си ја користи од кога знам за неа и имаше премногу пеги од кои подобар дел веќе се избледнати и исчезнати.
Ако сакате да кажете, кај ги има кремите Лала и од Докторс таа, и колку пари чинат, благодарам многу.
Јас немам пеѓи ама баш би сакала да имам. Многу ми се симпатични луѓето со пеги. Иначе има во аптеките крема Леа околу 300 денари чини и многу помага, после неколку дневна употреба почнуваат да исчезнуваат пеѓите.
Јас имам пеги. Не ми преовладуваат премногу ама се познаваат. Порано ги мразев а сега ги сакам одкако дечко ми ми рече дека така сум била послатка
исто и менее, кога ќе ставам пудра дечкоми ми вика без неа сум била поубава и пегичките ми се познавале не ми претставуваат никаков проблем, на зима ги немаам толку ама кога ќе се стопли одма ми се појавуваат
Јас имам малце, на сонце ми се појавуваат само летно време ги имам, не ми сметаат нешто, е сега од кога го купив гелот на авон за чистење лице од краставица и чајно дрво некако ми се изгубија, ги немам.. Не ми беше тоа намерата ама приметив дека ги нема, мене ми е сеедно не ми се познаваат нешто многу и кога ги имам, ама некоја ако сака да и се изгуби нека проба, плус ова е убаво и така за лицето
Како мал бев бел како сиренце... со тек на време почнаа да ми се појавуваат пеги на лицето, поради тоа што бев нон-стоп изложен на сонце. Со текот на растењето нервозата и плачењето се зголемуваше, бидејќи бев(сум) поразличен од другите. Се нервирав заради пегите, ми ја уништуваја самодовербата и зголемена срамежливост. Но, со тек на време после 16-17тата година(сега сум 1 почнав да не обрнувам премногу внимание на тоа, затоа што секој човек си е посебен на некој начин.
Не знам колку пари е, но сигурно е некоја приступачна цена зашто обично производите на Докторс секогаш се со така пониски цени. Сто, сто и некој денар отприлика.
Тој кремот Лала, го имам уште одамна дома. Ама искрено, ме мрзи да се мачкам. Пред ручек, после ручек, на вечера... ме мрзи и на тоа да мислам. Башка ќе заборавам, ќе се фатам за лице и ќе се ушљакам. Иначе, и мене ми се појавуваат само летно време. Имам околу носот и на образите. Немам многу, ама сепак. Со оглед на тоа што не користам пудра, и воопшто никаква козметика, ми се познаваат... Ај, можеби некој ден ќе успеам се наговорам себеси, да се намачкам.