1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пеглање: Сподели совет и освој неверојатен Philips парен генератор!

Дискусија во 'Дом' започната од Femina, 31 март 2017.

  1. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    1.712
    Драги дами кои сте го усовршиле предизвикот пеглање и дами кои сè уште трагате по тајната на совршено глатката облека,

    Ќе се согласите дека пеглањето може да биде мошне релаксирачка, но и исклучително фрустрирачка домашна обврска. Сепак, привлечниот изглед подразбира средена, чиста и мазна облека, па секоја од нас бара скратен пат до целта. :$

    Независно дали сте експерти во пеглањето или вистински лаици, практичните совети секогаш се добредојдени. Па, споделете го најдобриот совет или трик кој вам ви помага при пеглањето и вашата љубезност може да биде наградена.

    Секоја од активните учеснички во темата станува потенцијална добитничка на Philips парен генератор GC8735. :)


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    Зошто секоја жена би го посакала овој моќен парен генератор?

    • Едноставно пеглање, без горење на облеката. Моќната пареа продира длабоко во ткаенините за лесно отстранување и на најтврдоглавите набори. Гарантирано е дека нема да завршите со изгорени алишта.
    • За само 2 минути пеглата е подготвена за употреба. Без долго чекање, ќе можете да започнете да го средувате купот непеглана облека.
    • Непрекинато преминување од џинс кон свила. Благодарение на технологијата „Optimal Temp“, нема потреба да ја менувате температурата при пеглањето на различни материјали и да чекате, односно веднаш можете да преминете од најнежни материјали како свила кон поиздржливи како тексас. Како резултат на тоа, штедите време и го редуцирате непосакуваниот стрес.
    • Вертикално пеглање. Дополнително, Philips парниот генератор можете да го користите за вертикално пеглање, т.е. за деликатна облека како сакоа, посвечени фустани или облека со декорации.
    Повеќе информации за Philips парните генератори, можете да пронајдете на: http://www.peglanje.philips.com.mk/

    Помогнете со тактика која заштедува време и осигурете си шанса за освојување на моќен подарок. (fingers)

    P.S.
    Добитничката ќе биде објавена на 27 април.
     
    На AnaMarijaAa, Anajirile, BeLLaDona23 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Onie parcinja obleka koi potesko se peglaat ne gi cekam da se isusat do kraj,znaci gi zbiram od zica vlazni i gi peglam...e sekako i peglata si ima uloga vo seto toa,kaj svekrva mi edna sto ima stara ne mozes krpce da ispeglas kamoli kosula ili nesto drugo..sestra mi ima edna slicna vakva na parea ama se ceka pola saat da zagree i toa ja pravi ne prakticna,a ovaa philips gledam za 2min zagrevala sto e odlicno..
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Според мене мислам дека пеглава ќе ни олесни на сите.
    Првин ја забележав на реклама и многу ми се допадна. Со оглед на тоа дека поголемиот дел од домашните обврски вклучувајќи го и пеглањето се мои обврски, со оваа функционална пегла ќе си олеснам додатно. Многу мајки но и останати личности ќе го обожаваат вертикалното пеглање. Во ова модерно време ваквата најнова технологија им го олеснува животот на сите.

    Инаку пеглањето ептен ми е фрустрирачка обврска.
    Одредени тешки материјали морам врз крпче да ги пеглам особено сомот панталони.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Да не се повторувам со советот на членката над мене ќе дадам друг совет кој јас си го практикувам. За полесно пеглање од двете страни одеднаш имам ставено алуминиумска фолија на масичката за пеглање(под навлаката)- ја враќа топлината, па така мои домаќинки еве ви еден супер совет за побрзо пеглање ;)
    А тоа дека пеглата и те како има врска, немам коментар. Би била благодарна ако ја добијам оваа пегла пошто ме чека пеглање дупло на есен ( види аватар :D), па со подобра пегла, побргу завршена работа и повеќе време за фамилијата
     
    На Meckicja, kukla21, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  5. facule

    facule Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    1.301
    Пол:
    Женски
    јас секогаш кога пеглам користам крпа која ја ставам врз парчето облека кое го пеглам и врз крпчето прскам вода со малку омекнувач па пеглам , бидејки пеглата ми е без пареа . Кога пеглав со пегла на пареа исто ставав крпа особено за осетливи ткаенини и панталони за да не го добијат сјај од пеглањето. И јас би била срекна доколку ја добијам оваа пегла :D
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно големо олеснување за сите домаќинки!
    Сигурна сум дека нема само недела да биде „ден за пеглање“ :D
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Пегла ли сама пеглава :?: И дали има вентилаторче за летно време да те лади додека пеглаш? :?:
    Мене пеглањето ми е најдосадна ствар од сите домашни обврски, а и напорна кога се пеглаат некои терсене кошули.
    Совет? Нека се врати гужвано во мода :D
     
    На Meckicja, piglet1, ванилала и 17 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Сакам едно вакво :D Како што не сакам пеглање, ова супер ќе ми дојде.
    За жал немам некој совет да споделам, како што реков многу ретко пеглам, а и не ми е омилена работа :?:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Поклонете ми ја за роденденот, може ќе се наканам да почнам да пеглам.:D
     
    На Meckicja, piglet1, Crna Dama и 9 други им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Во потрага сум по совршената пегла, односно не сакам да ја менувам секоја година.
    Сега ја разгледав пеглава и нејзините карактеристики и стварно би сакала да ја пробам.
    Совет за пеглање немам да дадам од причина што ретко пеглам деликатни материјали.

    Треба да почнам со учење и баш би сакала да ја добијам оваа пегла.
    Со оваа пегла полесно ќе го научам и сопругот да ужива во оваа домашна работа.:D
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Совети немам за полесно пеглање, бидејќи не сакам да пеглам. Само ја сакам пеглава. :D
     
    На Meckicja, Salome, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. busavobebe

    busavobebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    833
    Пол:
    Женски
    Пеглава ја забележав случајно на реклама и можам да кажам дека е сон на секоја жена, инаку јас секогаш кога пеглам кошулки и фустани секогаш користам марамче напрскано со омекнувач така немам страв да не ги изгорам а и поубаво мирисаат
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Домаќинка се јавува за пеглава :D

    Е па сите опции ми одат во прилог, брзо загревање, непрекинато преминување од џинс кон поосетливите материјали (пошто стандард пегла немам трпение да чекам да се намали/зголеми температурата, па редовно ја "лепам" :tmi:)

    Совет:
    Поставете ја даската за пеглање пред телевизорот или компјутерот/лаптопот и пуштите омилена серија или некој филм.
    Само тогаш пеглањето ќе може да биде задоволство, а плус со ваква пегла - за мерак (fingers) ;)
     
    На artemidis, Arthur, manja666 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Прекрасна пеглаа и јас ја сакам... Секој пат кога ќе земам јас нешто да пеглам мора да го изгорам бар со оваа ќе се пофалам на мама дека сум научила да пеглам без да ги оштетам убавите алишта :hai:
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anita18

    anita18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пеглањето ми е уживање, посебно кога ги пеглам алиштата на моето бебенце...Секако неговите алиштенца постојано се перат и е потребно да се пеглаат. Инаку задоволство ми е да пеглам затоа што само тогаш можам да си погледам телевизија :) Би сакала да ја добијам пеглата поради нејзиното едноставно и ефикасно пеглање. Мојот совет е почесто да се пеглаат обратно превртени алиштата, исто така да се здиплат и да се пеглаат скоро собрани од сушење. Ви благодарам. Поздрав!
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Совет за побрзо и подобро пеглање нема. Тоа најмногу зависи од самиот квалитет на пеглата, односно нејзината јачина и сила. Секако дека тука зависи и факторот квалитет, односно поскапа пегла е еднаква на појака и многу подобра пегла која што пегла многу побрзо и не остава гужвотини.

    Ете на пример јас со оглед на тоа дека ги сушам алиштата во машина бидејки немам услови за сушење на "природно" од голема важност ми игра улога каква ќе биде мојата пегла.
    До сега сум купила неколку пегли, дала доста финансии и заклучокот на целокупното патешествие ми е дека се си има своја цена и своја вистинска бренд марка во успешноста на пеглањето.

    Ми се виде многу практична и квалитетна оваа пегла, па би сакала и јас да ја поседувам. :)
     
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    За деликатни материјали, пресушени кошули или гужвани фармерки, ставам одозгора мокра крпа, па поминувам со пегла со пареа. Нека не бидат само пресушени алиштата и пеглањето ќе ви биде многу полесно.

    П.с. изгледа само јас обожавам да пеглам, еден вид на медитација ми е. :wasntme:
     
  18. Natalyy123

    Natalyy123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Ако едно нешто научив од мајка ми, тоа е дека пеглањето е една од најзаморувачките и најдосадни домашни обврски. Секако, научив и за некои „трикови“ кои можеби не помагаат многу ама дефинитивно се завршува работата побрзо.

    1. Доколку ги сушите алиштата на жица, убаво истресете ги-така некогаш и не мора да ги пеглате некои алишта бидејќи откако ќе се исушат, стојат право.
    2. Пеглање во недела-евтина струја, и не мора да се грижите колку време гори пеглата бидејќи сте на евтина струја.
    3. Времето поминува побрзо кога гледате телевизија.
    4. Доколку работите со поделикатни материјали, испрскајте ги со вода.
    5. Пеглајте во близина на кревет-така ќе можете да ги наредите алиштата уредно без дополнително да ги прередувате.
    6. Пеглајте прво од внатрешната, потоа од надворешната страна.
    7. Под даската за пеглање (во мекиот материјал) ставете алуминиумска фолија-бидејќи алуминиумот брзо се загрева и брзо се лади, ќе постигнете пеглање од двете страни иако ја пеглате само едната страна.
     
    На Crna Dama, Lolipop23 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  19. Simona Mona

    Simona Mona Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека пеглањето е задоволство, но дефинитивно е начин за облеката совршено да се вклопи во Вашата "outfit" приказна зависно од пригодата.
    Во шишенцe, од спреј за тело, си растварам омекнувач со вода и пред пеглањето го прскам парчето за полесно пеглање и поинтензивен мирис. Навистина е полесно од топење крпче на секој милиметар, па би ви го препорачала методот како совет.
    Ја користам и пареата од пеглата, но сепак не сум сосема задоволна од крајниот резултат.
    Philips парниот генератор навистина би ми го олеснил пеглањето, дури и " во лет " пред излегување би можела да ги исправам сите криви линии на алиштата.
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Еј...на ред дојде моето омилено хоби од секцијата - работа во домот:party:

    Пеглање - цела наука која не почнува од пеглањето, туку од начинот на перење и на сушење на облеката.

    Бадијала и убава пегла да имаш , ако до пред пеглање алиштата се стуткани или е употребена центрифуга таму кај што не треба.

    Имам неколку мали ,,трикови,, од мајка ми кои ги користам при пеглање:

    1. Пресушени алишта никогаш нема убаво да се испеглаат.Најоптимално е да се влажни-накај суви.
    Доколку веќе сме ги пресушиле, тогаш може сите заедно да ги ставиме во пералната, меѓу нив да ставиме мокор пешкир и да ги пуштиме на центрифуга.Од мокриот пешкир ќе се навлажнат останатите алишта.Ако несакаме да експериментираме со пералната, тогаш со пумпица - едно по едно..ги оставаме да ја примат водата стуткани убаво едно до друго и чекаме еден час.

    2.За пеглање на ракави од кошули (машки или женски) секогаш користете ролована крпа.Еден поголем пешкир го виткате како туба и го пикате во ракавот.По желба т.е. потреба крпата може да биде и влажна за убаво да се испегла ракавот од кошулата.Ваквиот начин на пегање е одличен за оние мажи (како Рефо мој) кои што несакаат рабови на ракавите од кошулата.

    3.Машки пантолони од штоф се пеглаат исклучиво под влажна крпа, што е можно потенка.Мој совет:најубаво е да се употреби влажно марамче.Мора да се внимава на температурата, за да не ги ,,светнеме,, пантолоните.Задолжително мора да се внимава на рабовите.Секогаш се започнува од горе (горниот раб), околу џебови и плиц, на крајот се пеглаат ногавиците.
    Недозволиво е да се направат два раба:!:

    4.Тазе пегланите кошули оставете ги малку да се изладат/,,излуфтираат,, , посебно ако теглата е на пареа, бидејќи свежо пегланите кошули брзо се гужваат ако се притиснати од останатите кошули во ормарот.

    5.Строго да се внимава на температурата на пеглата и видот на материјалот за пеглање, за да не дојде до пожолтување на ткаенината која се пегла.Ако сепак дојде до тоа, тогаш набрзина изматете блека од јајце, премачкајте го пожолтениот дел и причекајте додеја се впие во ткаенината.После тоа да се испере и пак на пеглање.Истото може да се примени и при пожолтување на ткаенини од сонце (ако алиштата ги заборавиме на сонце подолго време)



    Бонус совет: Убаво испегланите алишта нема да се изгужваат и да се спакувани во куфер....а и повеќе ќе собере во куферот:nod:
     
    На Dzevelekova, Kom.pot, ванилала и 12 други им се допаѓа ова.