1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пеглање: Сподели совет и освој неверојатен Philips парен генератор!

Дискусија во 'Дом' започната од Femina, 31 март 2017.

  1. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Искрено ич не сакам да пеглам цело време ги вртам алиштата посебно кошула за да ја испеглам како што треба а посебно со пареа мн подобро се пеглат и се согласувам со една феминка погоре што кажа алиштата да пред да се стават на сушарка да се истресат убаво.
    Веќе подолг период апаратите на ФИЛИПС се најдобри.
    Може ова мислење не е за тука али имам јас пегла за коса од филипс веќе 3 години и многу сум задоволна брзо загрева брзо лади косата ја прави одлична.
    За пеглава коментар има одличен дизајн,убава боја и сигурно е мн добра и сигурно мн ќе ни го олесни пеглањето и ќе ни заштеди од времето :inlove::D
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Антиталент сум за ова, којзнае на колку маици имам дупки направено поготово оние со апликации, кошули не се осмелувам да чепнам ојдоа јабана од старт, фармерки не пеглам се исправаат од кога ќе ги облечам, еднаш тепих ќе запалев зашто на него оставив пегла, а да се имам и изгорено 2-3 пати при пеглање на коса.:DДа е жива и здрава мајка ми што уште ме пегла.
    Да не бидам ептен офф топик восок и мастики се вадат со пегла врз весник, а ако сте ептен антиталент ко мене може да ги израмните алиштата на пареа во бања дур се туширате.
    пс: Ако по некоја случајност ја добијам пеглава, ќе се научам да пеглам, часна пионирска реч.:nod:
     
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Дали ако немаме некој посебен совет, ќе ни се важи коментарот? :D
    Не, стварно, никогаш немам среќа на вакви „извлекувања“ ама бар да си пробам. Баш би ми била од помош и мене, како што наместо на време да си пеглам, јас 10 минути пред излегување, гз преку глава запеглувам работи :sweat: а уште повеќе би и била добредојдена на мајка, која секогаш мака мачи со кошули и панталони и ред други работи чие пеглање тешко оди :|
    Епа еве Фемина, коментаров мој не е за мене, за мајка ми е :inlove:
     
    На CoCoGiiiRL му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.190
    Допаѓања:
    56.713
    Пол:
    Женски
    Woooow @referentka, мило ми е што ја отворив темава, алал да ти е за советите.

    Инаку и мене пеглањето ми е уживање, си пуштам музика и на ништо не размислувам. Исто ко јога. :D
    Ама кошули и панталони... :sweat: Ми треба уште муви да лапам за да ги усовршам. :wasntme:
     
    На Doozy, Antolinaa, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  5. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.477
    Пол:
    Женски
    Мразам да пеглам бре :doh:
    Особено некој работи кои што стварно се многу тешки за пеглање.
    Алиштата скоро секогаш ги пеглам полусуви никогаш пресушени така поубаво ми се пеглаат.
    Некогаш мора да ставам одоздола некоја крпа или непто друго под алиштата за да излезе како што треба.
    Ама ова е сон би сакала да го имам! :D
     
  6. single.girl

    single.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не сум била добитник на наградна игра со оглед на тоа што до сега не сум учествувала во ниту една наградна игра, не веруварм во игри на среќа а и среќа немам баш кога станува збор за такви работи, но
    Philips парниот генератор навистина ме освои и направи за момент да поверувам дека би можела да бидам негова сопственичка.
    Била је то љубав на први поглед!:inlove::inlove:
     
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    Леле како би ми дошло ова мене :$
    Таман и роденденски поклон би ми било :wasntme:
    Баш денес водев разговор од типот - ми треба пегла.
    Кога имаш дома три мали деца, потребата за пеглање е огромна, мотивацијата доволна, но реализацијата е скоро невозможна :whew: особено во ситуацијата во која сум сега.
    Имено, мојот ритуал за пеглање - заспи деца, музиче и сокче и пеглај.
    Имам пегла на пареа со која доста брзо и лесно пеглав кога ќе бев 'во елемент', но, како што кажав,со три малишани, максимално уживање во оваа активност не успеав да имам:wasntme: заплачи едно, расони се друго, па дај ми вода, приказна...често ја оставав пеглата 'на пауза' и продолжував подоцна.
    Но еден ден, имавме нала незгода на заплеткано бебе на нозете од мама и ситуацијата налагаше или да тресне бебето или пеглата :( Претпоставувате, го спасив бебушот. Но сега пеглата ја нема таа функција со пареа зошто контејнерот за вода е пукнат, па пеглањето ми е доста отежнато со празна пегла, а и заборавена активност ми е, секојдневно се пере барем една машина и проаѓаме со сушењето во сушара.
    Кога би го имала ова, би пеглала со мерак :D
    Совет од мене - внимателно со пеглата во присуство на деца!
     
    Последна измена: 31 март 2017
    На bittersweet, Dust, Asterion и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски
    Ако не сакате да пеглате купувајте материјали шо не се гужваат :lol:

    Облеката подолго ќе ја зачува бојата и текстурата доколку се пегла од внатрешната страна, но ако е многу осетлива ткаенината, користете чиста памучна крпа, која ќе послужи како заштитен слој меѓу ткаенината и врелата пегла.

    Прво пеглајте ги работите кои се исправуваат на пониска температура, а потоа оние кои бараат пожешка пегла.

    За да не пеглате завеси закачете ги додека сеуште се влажни.

    Облеката може да се испегла ,,природно,, од пареата во бањата ако стои закачена на закачалка додека се туширате.
     
    На Dust, Rebecca_R, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Мојата е од Веро со купони предност и е шо е на пареа ама раката да ти падни дури испеглаш нешто за да крцка на тебе.:headbang: наместо да се шминкам 1 час јас пеглам 1 час пред излегување :emo: :lol: Би ми олеснало да добијам ваква пегла и јас се заљубив на прв поглед :inlove::rofl: .
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Naj prakticno, brzo i ekonomicno e ne peglam nisto. (fingers)
    Ama ako treba da peglam togas izgleda deka e nesto na koe treba da mu se dade sansa.(y)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам да пеглам, не го кажувам сега ради ова туку навистина уживам во пеглањето.
    Имам пегла на пареа со која доста брзо и лесно пеглам без никаков проблем. :)

    PS добитничката ќе биде објавена баш на мојот роденден :$
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Leona88

    Leona88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    51
    Сите алишта, без разлика дали се пеглаат лесно или не, откако ќе ги извадам од машина ги протресувам и уште додека се влажни ги диплам и ставам во леген. Потоа ги оставам 10 - тина минути и кога треба да ги спружам ги протресувам уште еднаш. Откако ќе се исушат ги здиплувам. Кога ќе им дојде време за пеглање, некои од нив не се ни истуткани и само благо поминувам со пеглата. А оние кои се покомпликувани ги прскам со средство против електрицитет и потоа ги пеглам, Благодарение на овој начин на пеглање пред вистинското пеглање, имам време и за други подраги активности
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.861
    Пол:
    Женски
    Ох, пеглање.
    Не пеглам често од причина што облеката не ми се гужва многу. ,,Финтата" што ја знам е испод ткаенината на даската за пеглање да се стави алуминиумска фолија за да ја рефлектира топлината па да нема потреба да се превртува и пегла облеката и од другата страна. А се сеќавам и дека мајка ми ме учеше кога пеглам да не ја ставам пеглата директно на облеката туку да ставам влажно крпче и преку него да пеглам, но јас пеглам без тоа па еве немам ништо изгорено. :lol:
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Ухуу јас секогаш ги пеглам алиштата откаке ќе се исушат или недосушени. И кога ги облекувам повторно секако ако има потреба. Алиштата кои повеќе се туткаат имам навика да ги ставам на креместаре. Интересно ми е да прскам вода и начинот на кој се суши меатото т.е. звукот е бесценет :rofl: да чврчори :rock:.
    А ваква пегла немам пробавно и поприлично ми е стара. А еднаш и косата си ја пеглав со ваква пегла. Снајди се па живеј (fingers)
    П.С. не пеглам на даска туку на земја си постелвам некое чаршавче/постелнина или на кревет бабами вели дека сум луда ама па никогаш не оставам ни малце истуткано да биди.
    А имам слушнато дека некои луѓе и гаќите ги пеглат :rofl:
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Најважно е батка пеглата да ти биде исправена и правиш нагли покрети напред-назад :D

    Извинете, ама посилно беше од мене :)
    [/MEDIA]
     
    На krEM4Eto, referentka, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Колкава еволуција доживеа и пеглата :wasntme: И во изглед и во функционалност. Прво кога ја видов сликата во темава, одма ми текна на нашата стара пегла која изгледа скроз исто вака...
    stara-el-pegla-rowenta-slika-49917205.jpg
    ...и која сè уште ја користиме во викендичката. Не прашувајте колку е мачно да се пеглаат чаршафи со неа :tmi: Мислам дека пола саат губам за истата работа што со домашнава пегла ќе ја завршам за 5 минути. Нормално дека многу зависи каква е пеглата, сè си има свое. Со квалитетна пегла немаш никаков проблем со пеглање на деликатни материјали (имам неколку кошули такви и подобро непеглани да ги носам, отколку да фатам со старава пегла да ги пеглам |().

    Туку, друго сакав да прашам - автоматско исклучување има пеглава? Го отворив сајтот, читав, ама не најдов таква информација :?: Ако има такво нешто, одма ја купувам :D Е тоа е сон на секој домаќинка - да не се туфка откако ќе излезе од дома и цел ден да ја мачи прашањето Ја исклучив ли пеглата пред да излезам? :D
     
    На Doozy, do-re-mi, Antolinaa и 7 други им се допаѓа ова.
  17. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    За секое утро да не ми почнува со кавга дека не е добро испеглана кошулата на мажот ми :) ја сакам пеглата
     
    На BabyStyle, CoCoGiiiRL, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. temjanushka123

    temjanushka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Ова чудо е боље од чудото на жар што е (наследство од бабичка) :D
     
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.042
    Допаѓања:
    257.668
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina ми ја разреши дилемата, не сум јас недомаќинка до пеглата било. Ваква ко на сликата имам, наследство од свекрвата. Изгледа треба да ја пензионирам!
     
    На Doozy, AnaKarenina и duffi им се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Совет за пеглање,немам.Освен да не оставате да ви се натрупуваат алишта за пеглање,зошто ќе ви се одмили пеглањето кога ќе ви текне колку машини и колкав е купот од алишта што ви се насобрал.

    Ете,нека биде и совет,после секое перење и сушење,пеглајте,за да не ви биде тешко кога ќе се насобере облеката.
    Јас така правам.
     
    На bittersweet и Sesil им се допаѓа ова.