1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пеглање: Сподели совет и освој неверојатен Philips парен генератор!

Дискусија во 'Дом' започната од Femina, 31 март 2017.

  1. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Бигор фаќа ако се става обична вода,пожелно е да се користи онаа дестилираната..А за да мирисаат убаво има такви спрејови,ем полесно се пеглаат ем убаво мирисаат.Оваа ,,ѕверка,, ме потсеќа на оние професионалните по конфекциите што ги користат..
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски
    За да мирисаат убаво има парфимирана дестилирана вода по маркетите. Не ставајте омекнувач внатре, и штетите на пеглата така.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Имам трауми од пеглање облека од деликатен материјал. :sweat::worried: Пред 3 години требаше да одам на свадба, и за денскиот дел од свадбата имав избрано да носам еден долг фустан со розеви цвеќиња чиј материјал беше многу тенок и нежен.
    Незнам што ми влезе ѓаволот, саат пред свадбата ми текна да го дозапеглам уште малку поубаво, демек некој мене некој толку ќе ме загледаше дали сум имала уште некоја згужваница, и така фустанот беше леалав. Да не видам случајно дека водата во пеглата ми завршела, само што го допев фустанот со пеглата одма се залепи и тогаш започна хаосот. :worried:
    Нервози,паники... само што ќе се сетам лошо ми е. Имав среќа што фустанот беше таков модел што надолу се ширеше и некако незнам како убаво да објаснам, ама делови од метеријалот се преклопуваа, а таму каде што сега веќе имаше дупка идеше ко прекриено од самиот фустан. Го зашив рачно набрзина и дека шарен од цвеќињата не се познаваше многу, и видела не видела си го облеков и си заминав со него на свадба. :D

    Отогаш секогаш кога пеглам нешто што е од деликатен материјал проверувам дали имам доволно вода во пеглата. (y) Исто до мене имам распрскувач со вода, и пред да пеглам на местата каде што има згужваници прскам вода, па после со најниската температура што пеглата ја има како опција пеглам.

    Исто друг совет при пеглање кошули или други парчиња облека кои имаат повеќе копчиња, делот околу копчињата да го пеглате само со врвот на пеглата, подигајќи го задниот дел, ако објаснев убаво. :D

    Едит: Го најдов фустанот за кој ви кажував. :D
    m2.jpg
     
    На danichap, Doozy, P.S.love и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски
    Затоа деликатно материјалче, па и да не е деликатно ако е пред некоја пригода, да нема вакви несакани ситуации крпа тенка ставете меѓу облека и пегла, и така пеглајте. И да се залепи, ќе се залепи на крпчето.
     
    На Meckicja, danichap, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dusica24mkd

    Dusica24mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Кога некој споменува пеглање , веднаш се присетувам на мојата покојна баба која знаеше да каже:
    - Биро се што ќе работиш убаво изработи за мерак, но штеди си ги нозете и кичмата ќе ти требаат за стари денови . Што можеш седната , работи така, и што ќе речат другите да не му ја мислиш.
    И од тогаш јас, си пеглам седната со наместена даска и пегла во позиција што мене ми одговара ...И се друго што можам да изработам во седечка положба, го работам така :)
    Треба и старите да се послушаат.
    Фала ти бабичке
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ivan4e04

    Ivan4e04 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    7.999
    Пол:
    Женски
    И јас да се вклучам во дискусијата,бидејќи пеглата и е потребна на мајка ми.Нејзината пегла е стара и и одзема многу време и знам дека пеглањето и е една од најнеомилените работи и најдосадните работи.Трикови од мене кои ги имам испробано:
    1.Залепена мастика и залепен течен лепак ги вадам со поставување на хартија над нив и со пеглање над хартијата,така тие остануваат на хартијата.
    2.Минатото лето си купив ленени панталони,незнаејќи дека ленот се гужва премногу,затоа ги пеглам додека се сеуште влажни.
    3.Сите бели алишта ги пеглам додека се влажни за да не пожолтат.
    4.Совет од мама дека потемните работи се пеглаат од наопаку за да не сјаат од пеглата и да не им избледи бојата.
    5.Еднаш имав залепено тенка марама на пеглата и во таа збрка ја исклучив пеглата и потоа не сакаше да се извади,затоа залепеното на пеглата извадете го веднаш додека е жешка пеглата.
    6.Во едно шише мешам вода и оцет и прскам на алиштата за да се извади сјајот и трагите кои ги оставила пеглата и потоа пеглам со не многу жешка пегла.
    7.Со оцет исто така ја чистам пеглата.
    8.Блузите и фустаните со копчиња ги пеглам со пегла за коса во тој дел
    Знам и други совети ,но да не се повторувам со членките.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Branka LK

    Branka LK Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Јас немам некоја особена финта за побрзо и полесно пеглање, освен да се пегла кога облеката е сеуште мокра и осетливата облека да се пегла со свилено натопено тенко крпче.
    Иначе сум имала прилики да пеглам со пегла на пареа од оние големите како правосмукалки што сме ги гледале на тв,на некој филмови, кај нас што ги нема за продажба.. И со нејзе пеглањето е уживање.
    Се надевам ќе го доближам тоа чувство со оваа пегла која може да се користи вертикално, што е многу практично.
    Маж ми почнува на нова работа во банка па навистина ќе ми е потребна, ако ви текнува на што мислам ;)
     
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.773
    Пол:
    Женски
    Јас си имам рутиали за пеглање. Пред секое пеглање го бришам металот со влажна крпа, специјално си ја купив за пеглата, па ја уклучувам да се загрее и ја бришам од едно кебенце. Мене тоа ми е буквално ритуал! Потоа откако ќе одлучам дека е доволно изгланцана ја подесувам на температурата за материјалот (тоа е најважно: чиста пегла и погодена температура за материјалот) и на крај преминувам на пеглање. Можам со саати да пеглам. Само имам еден мал проблем никогаш не научив да штиркам. Тоа ми е следна задача, обично испеглана кошула и штиркана не е исто.
    На една другарка Филипс пегла доби за свадба и не и се допаѓа ама да бидам искрена освен ценава не знам што не и чини... :lol:
    Не сум заинтересирана за Филипс пегла, јас ја сакам оваа пегла од Горење ама скапа ми е 3750 е (тек овие од Филипс колку се недостапни за мојот џеб...) а ја имам оваа која се покажа ненормално добра. Не сум при пари сега за да ја менувам и среќа што засега немам потреба.
    Жоржетот и свилата би требало да се најтежок за пеглање ама мене ми е вистинко уживање. Во водата во пеглата ставам малку мирисен омекнувач и на најслабо си пеглам. Никогаш не сум утнала. Никогаш до сега не сум направила утка што не е случај кога готвам... И со свилата немам никогаш проблем, само дозирањето на омекнувачот треба да го погодите, оти може да ви се изгуби мекоста на материјалот.
    Кој си знае да пегла и со пегла на жар ќе заврши работа, кој не знае и со пегла од милион долари нема да заврши работа.

    П.С. ВЕ МОЛАМ кога ќе имате наградна игра за Горење тогаш ако може една пегла за мене, сега некоја друга нека и се радува на пеглава од Филипс. Таа што ќе ја добие наградава со здравје и мнооооооооооогу долго да си ја користи.
     
    Последна измена: 1 април 2017
    На Ники. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски
    За чистење на пеглата ставете крпа на даската, врз неа едра сол и поминете со пеглата вклучена на максимална температура неколку пати. Се што има налепено на неа ќе се извади
    или
    измешајте вода и сода бикарбона во сооднос 1:1, ставете го на крпа и поминете низ пеглата неколку пати додека не се извадат сите нечистотии, залепени работи. Потоа вклучете ја и од коа ќе се загрее на копчете за пареа претиснете неколку пати.
     
    На Mishela, LivingGlam, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Значи ова што ќе го напишам не е антиреклама на горење, ниту реклама на Филипс или додворување за наградата!!!
    @Antebellum јас никогаш не би купила пегла на Горење (иако во домот имаме некои апарати на овој производител) после искуството на свекрва ми, која парите кои ги имаше добиено како награда од работа, ги чуваше и им се радуваше дека ќе купи со нив пегла, отидоа во ветер за месец дена, после неколку пати пеглање со Горење пеглата. Не знам како долниот дел од пеглата се одлепи и истото не можеше да се сервисира со изговор дека тоа е грешка во користењето на свекрва ми. Не можам да ви опишам колку беше разочарана. После тоа сопругот и купи Филипс, иста како нашата која ја имаме скоро година и сум задоволна како се покажа. Станува збор за овој модел...
    [​IMG]
    Кога би била во ситуација да избирам од кој производител ќе ми биде следната пегла, без двоумење би одговорила Филипс.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anngelaa

    Anngelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Жени како жени. Не би биле тоа што сме ако не се пожалиме. Пред еден месец ми падна мојата пегла од даската и се скрши.. Во меѓу време се снаоѓам со мало пегле кое не си ја врши баш работата. Очајно ми е потребна пегла, и би била пресреќна доколку ја добијам. Но сеедно темата е совет за пеглање па да се надоврзам. Кога ги перам завесите имам проблем бидејќиии се огромни, но за да си го олеснам пеглањето си ставам ќебе на трпезариска маса и ги пеглам така, што е доста мачно. Не сум некоја wow домаќинка, ноо како што прочитав во спецификациите на philips пеглата има опција за вертикално пеглање што би ме направило неизмерно среќна. Исто така можда е надвор од темата но кога сум во брзање, наместо со пегла ги поставувам вертикално алиштата и со фен на најсилно ги „дувам“ за да се исправат, но оваа пегла би ја олеснила таа работа исто така. Philips барем досега ме нема разочарано како фирма, имам пегла за коса, фен од оваа фирма и се доста добри.
    Од мене толку околу советите, доколку се сетам на некој нов ќе пишам.
    Kisses :D
     
    На Meckicja и IvannaT им се допаѓа ова.
  12. Strawberry121

    Strawberry121 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    ние сме 5 члено семејство а сега имаме и принова. Постојано сум со пеглата во раце бидејки само јас сум невработена. Пеглата која што ја имам не е нешто нај нај и губам многу време во пеглањето. Додека оваа пегла би ми овозможила побрзо да испеглам и да ги подготвам домашните за на работа. Мојот сопруг е келнер па постојано има некои кошули и пантолони за пеглање. Кочулите почнувам да ги пеглам од јаката потоа ракавите па останатиот дел и тоа се кошулата е превртена а додека со пантолоните имам голем проблем бидејки се со раб напред и морам да ги пеглам налице а со мојава пегла само ги светнав и на ништо не личат
     
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    ИИИИ пеглава,каков дизајн човече.(highfive) Ако ме натера да го засакам пеглањето тогаш слободно доделете ми ја.Нема да ви се скарам.Ако не ќе формирам граѓанско здружение АНТИПЕГЛАЧИ...имам неколку точки зашто не сакам да пеглам-значи губам време,нерви,вени и онаа капка за живот што ја имам се губи во пеглањето.А имам само една точка зашто морам да пеглам.Мразам гужвани работи...па сега видете...колkу љубам да пеглам...
    Совет?Па погоре се кажале.И не го правете пеглањево теорема што треба да се докажува.Нека биде едноставно и лесно.Тоа ми е најважно...[​IMG]
     
    На Doozy, Peco, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.773
    Пол:
    Женски
    Јас не да би се разочарала - продавницата ќе им ја запалам... Фала за предупредувањето кога ќе купувам пегла ќе внимавам на металот. За ист ваков случај сум слушнала за друг модел, ама одамна беше и никако не сфативме што подразбираа под погрешно пеглање. Сега имам пегла не ми треба. Да не одам ептен офф со муабети уште еднаш на добитничката и посакувам долго да си ја користи пеглава.
     
  15. АнгеллаAngella

    АнгеллаAngella Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мојот трик се состои со амуминиумска фолија во тоа што наместо да пеглате од двете страни ви овозможува да ја испеглате само едната страна од кошулата.
    За да ја олесните оваа работа под заштитената ткаенина на даската за пеглање ставете си алуминиумска фолија, така што фолијата ќе рефлектира топлина и тоа ви овозможува пеглањето на другата страна да не вие потребно.
     
  16. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Читајќи мислења низ темава, почнав да го халуцинирам мирисот на пеглање алишта. :worried:
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Јас ако ја добијам пеглава ќе му ја подарам на тате :wasntme: Штом нема ризик од лепење и слично, нема ни оправдувања 8)
     
    На joy1 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  18. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.245
    Допаѓања:
    172.075
    Пол:
    Машки
    Има еден куп нови членови на темава :clap:
     
    На joy1, duffi и mssuniquee им се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    145.081
    Или едноставно пеглата исчистете ја со апчиња Парацетамол.
    100% проверено.:D
     
    На Meckicja, Sesil и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  20. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Јас ќе споделам еден одличен совет за сите студенти кои живеат по студентските домови или за средношколците по интернатите, кои одлучиле од дома да си земат пегла. Веројатноста е голема дека во студентските немаме од популарно наречените даски за петлање како дома, па затоа најдобар резултат при пеглање ќе добиете ако на масата или на подот ставите ќебе свиткано на четвртина што ќе ви го олесни пеглањето и ќе добиете олично испеглани алишта.
    СОВЕТ +: Ако имате алишта што тешко се пеглаат, во шишенце со распрскувач ставете од вашиот омилен омекнувач за алишта и вода (пола со пола) и пред пеглање попрскајте по површината на облеката, но само да го навлажните материјалот, а не да биде мокар, со што ќе добиете совршено испеглано парче облека и прекрасен мирис за цел ден.
    Наздравје пеглање !!! :)
     
    На Meckicja и Sesil им се допаѓа ова.