1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пеглање: Сподели совет и освој неверојатен Philips парен генератор!

Дискусија во 'Дом' започната од Femina, 31 март 2017.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Еве и од мене еден совет - Јас вака кога се пресушени алиштата наместо со шишенце обична вода распрскувам со раце, тоа ти е уствари стара верзија на шишенцето али времињата се менат а јас одамна не сум пеглала:lol:Give it to me to start ironing :rock:
     
    На Meckicja и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  2. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Јас секој ден пеглам ,зошто најчесто кошули носам за излегување,имам едно бебенце и керкичка што оди нашколо плус кога е мм тука и него треба да го испеглам посебно тој е многу специфичен .Јас ги прочитав советите на дугите феминки воглавно и јас сите тие ги користам.1Имам стара пегла на пареа ама тече водата па затоа посебно ставам вода и малце омекнувач во шише со распскувач и со него прскам па пеглам.
    2.Рабовите посебно кај рамената кој ми се најкритчни на даска за пеглање неможам да ги добро испеглам ма милион начини пробав,затоа на коше на гарнитурата на чршавче секогаш така ги пеглам и секогаш ми успева.
    3.Секогаш малку по мокри ги земам од жица за да се испеглат побрзо.
    4.Исто со пеглата брзо вадам залепена мастика(што е многу често кога имаш деца) ставајки памучно марамче врз каде е залепена и замо претискам со пеглата а таа се пернесува на памучното марамче.
    5Секогаш ја пеглам облеката на обратната страна .
    6.Кога мислам дека нешто е многу тенко или може да го изгорам(имам сатара пегла) прво ставам чаршв бел па облеката па уште еден чаршав тенок врз облеката и така пеглам.
    Ја гледав рекламата и читав за Пхилипс парен генератор и би сакала да ја имам ке ми скрати доста од времето поминето пеглајки,а плус еднаш да се спасам од мојата стара пегла би било добро.
     
  3. kejt1974

    kejt1974 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Омилена тема хехе здраво на сите домаќинки!
    Во мојот дом сум опколена со мажи, моите 3 деца, мажот и свекорот па секојдневното пеглање ми е неизбежно. Моите дома "урлаат" ако случајно им ја залепам пеглата на некоја маичка па затоа морам да измислувамм начини со кои ќе го спречам сето тоа.
    -Според мене најдобро е да си ставите вода во пластично шишенце на распрскување и алиштата пред пеглање да ги испрскате, дефинитивно полесно се пеглаат.
    -Алиштата секогаш ги пеглам обратно превртени.
    Сакам да го освојам овој парен генератор за да си олеснам сама на себе! Поздрав
     
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Со пареа можете да испеглате и „забранети“ материјали, а алиштата од сушилката за алишта ќе се исправат додека се туширате. Пожелно е се да пеглате од опачината.
    *Свилата и синтетиката се пеглаат на ниска температура (176) степени целзиусови, волната на средна или висока, а памукот и постелнината на висока (204 – 218). За поголемите ствари како што се чаршавите за маса или завесите од двете страни на даската за пеглање ставете столици и, како пеглате, испегланите делови нежно положувајте ги врз нив. Така ќе избегнете да се прават брчки веднаш по пеглањето.

    *Облеката подолго ќе ја зачува бојата и текстурата доколку се пегла од внатрешната страна, но ако станува збор за многу осетлива ткаенина, имајте секогаш при рака чиста памучна крпа, газа или пешкир која ќе послужи како заштитен слој меѓу ткаенината и врелата пегла.

    *Јаките не смеат да се притискаат со пеглата.
    Јаките на кошулите прво испеглајте ги од внатрешната страна. Почнувајќи од нивните предни рабови, со врвот на пеглата полека одете кон средината. Свртете ја кошулата на лице и повторете го истото уште еден пат. Не притискајте со пеглата, само лизгајте со неа по материјалот. Веднаш потоа облеката здиплете ја или обесете ја на закачалка.

    *Облеката со фалти најнапред треба да се израмни
    Со кружни движења ткаенината лесно се растегнува и исправа. Пеглањето на фалтите треба да започне одоздола, па спрема внатре и потоа спрема надвор. На крајот фиксирајте ги со пареа. За разлика од останатата облека, облеката со фалти не ја диплете веднаш, туку оставете ја за фалтите да слегнат. Внимавајте и какви продолжителни кабли користете тие би морале да трпат оптоварување од барем 12 ампера како не би прегореле. Најдобри се тие со по еден приклучок.

    Ако материјалот е посебно склон на брчкање, намокрете еден пешкир, ставете ја врз него облеката и испеглајте ја. Ако при тоа уште користете и пегла на пареа, облеката ќе биде беспрекорно испеглана. Почекајте да се излади пред да ја склопите.
    Дури и кадифето може да се исправи со пареа. Наместете ја пеглата на околу 1,5 см од внатрешната страна на ткаенината и израмнете ја со пареа. За да го задржи првобитниот облик, облеката од растеглива ткаенина треба да се пегла во правецот на ткаењето.

    Со пеглата на пареа се олеснува пеглањето и нема никакво уништување на облеката. Сметам дека треба да го има секоја домаќинка во домот секако доколку е во можност.
    Паа...ќе може еден за мене? Ама паа... Само еден...:hai:
     
    Последна измена: 2 април 2017
  5. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    А, има некакво ограничување, мора да е постар член? Рекламата ја има на почетната страна на femina.mk, не разбирам зошто не би можеле да учествуваат нови членови?! :^)
     
  6. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Се ближи Велигден, а јас ја имам таа среќа да се накапам со восок, од свеќата во црква - секоја година. :lol: Восокот го вадам со лист хартија и пегла, веднаш излегува.
     
  7. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.245
    Допаѓања:
    172.075
    Пол:
    Машки
    Јес, јес, океј.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.720
    Допаѓања:
    172.708
    Пол:
    Женски
    Јас не пеглам ..т.е само со сила:tmi:
    Дајте ми ја на некој ден да видам дали ќе ме биде... ако не чувајте си ја8)
    Совет немам.. да имав совети немаше да ми треба волку софистицирана пегла, ќе пеглав со најобична(facepalm)
     
    На danichap, TeddyGrey, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. fragolka

    fragolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    За побрзо и поефикасно пеглање јас ставам алуминиумска фолија на даската за пеглање под заштитната подлога.
     
    Последна измена: 2 април 2017
  10. majdaa

    majdaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2016
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Јас каде што се омажив сеуште пегла свекрвка со постарине пегли па исто и јас малце се незгодни ги светнува алиштата поточно пантолоните .
    Ставам пелена од бебушот и така полесно се пегла и нема шанси да ги залепите.
    А кога пеглав кај мојте со таа за на пареа често испушташе вода па не и ставав или влажни ги пеглав или со пупица некоја ги прскав..
    Исто пеглата често ја користев и за пеглање коса може смешно но убаво ми ја пеглаше.
    Вадев мастики од облека поточно ставав хартија и поминував.
    И уште една интересна работа ако треба да залепите некое цветче на некоја облека или некое платно и имате селикон а немате пиштолче тогаш ставате селикот помеѓу платното и украсот што треба да го залепите поминувате со пегла неколку пати и готово.
    Овој изум пред некој ден го направив на керка кога и се откачи цветчето од блузата.
    Кога одев во школо кога правев хербариум ставав растение помеѓу два листа ги пеглав и се сушеше има доста интересни работи што може со пегла да ги направиш.
     
  11. CAREY

    CAREY Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пеглата го олеснувам пеглањето,одлична е.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.745
    Пол:
    Женски
    Пеглањето е остаено на мене дома и мислењево го пишам по трет пат зошто го исклучвам на неќење. Немам некои особени трикови, зошто према мене е многу едноставна работа која обожувам да ја правам.
    Прво и најважно ми е алиштата да не се скроз суви, најтешко ми е да испеглам блуза која ми се истуткала во плакарот наспроти блуза полу исушена, уште влажна. Првата е погруба и се прават повеќе рабови, додека втората со пеглањето се досушува и си останува таква каква што треба.
    Порано користев тенко влажно марамче за понежни, свиленкасти материјали зошто пеглата беше едноставна - имаше само и само една топлина. Па поради тоа морав настрана посебна вода да чувам.
    Многу често пеглам на спалната кај моите кога си ги пеглам летните фустани зошто се таков материјал зошто од кој правец и да фатиш - не оди, и вака ги фаќам еднакво, само страните ги довршвам на даска.
    Некои работи сама ги "откривам" како ми е полесно, но ова е кога прв пат фатив пегла - алиштата скоро никогаш не ги пеглам на лице. Не знам дали има врска ама шубе ме јади ако се на лице.
    Како што реков немам ништо посебно туку она основното.
    Дали ја сакам пеглава? Да.
    Чисто ради пердињата и не би ми текнало ако не се тепавме со мајка вчера на даска со огромните од дневната и трпезаријата кој ни во должина не одговараат на даската, а и претешки се ако ставиш само дел се лизга остатокот. За се останато моменталната пегла е совршена. Едино в соба кај мене имам мали пердулиња, тие кај да ги ставиш се изработуваат, па мислам за вертикално пеглање не би нашла посреќна од мама, бар во моментов зошто уште ја јади нешто после вчерашната, предпразнична генералка.
     
  13. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Сметам дека ова е прекрасна и корисна иновација која ќе помогне во побрзо и поефективно извршување на една од според мене најтешките обврски која одзема време.
    Веќе имаме дома пегла од philips ја користиме подолго време, а овај подарок би била прекрасна идеја да си ја продолжиме соработката :D
    A за совети еве неколку забавни интересни
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Пеглава е ко за мене. Јас пеглам буквално се, така да добра пегла ќе ми заврши ептен работа и ќе ми ги олесни маките.
    Најлесно ми оди пеглањето кога ми се тазе сушени алиштата, а не пресушени. Иако со добар млаз на пареа не би требало да е проблем и кога се пресушени.
     
    Последна измена: 3 април 2017
    На Meckicja, referentka и duffi им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Плус сега здравје Боже, бенкици, шпилхозни, капчиња, ракавички..ќе имаш за пеглање..:inlove:
    Тебе ти треба пеглава - дефинитивно !:nod:
     
    На duffi и kukla21 им се допаѓа ова.
  16. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    имам филип пегла и задоволна сум, веќе 3 години ја користам, но секогаш пеглам со вода во неа, поубаво се пеглаат со пареа и ставам дестилирана вода, со овој модел на пегла мислам дека е многу поолеснувачки и едноставно. пеглам и распрскувам со пумпица пола пола вода со омекнувач така полесно се пеглаат иако имам пробано и со специјални за пеглање но ги прави покрути, перам со помалку вртежи 600 или најмногу 800. бидејќи сопругот е ,,комплицирАн,, :) и сака кошулитe да бидат беспрекорно мазни и без раб користам и мала даска, со оваа пегла ќе ми се олесни работата барем за овие деликатни парчиња на облека, да не ги заборавам и сакоата и оделата кои ги пеглам преку еден ден поради работни обврски. и да ако купувам пак пегла ќе биде филипс, поздрав домаќинки! :)
     
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Хаику пеглање:

    Жешко пеглај и,
    ладна вода пиј. Малку
    прсни, мирно спиј.

    8)
     
    На danichap, Cka, Espadrila и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Еве совет,ставете алуминиумска фолија под навлаката на даската за пеглање,ќе ја рефлектира топлината и алиштата одеднаш ќе ви бидат испеглани од двете страни. :)
     
  19. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Облеката секогаш пеглајте ја од внатрешната страна за да не се избледи бојата.
    Секогаш први ги пеглам оние алишта кои се понежни, за кои пеглата треба да е на средна температура, а потоа останатите.
    Оваа пегла совршено би ми одговарала за пеглање на облеката, со оглед на тоа што обврската за пеглање е моја. :)
     
  20. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Пеглава е како за мене. На секое пеглање јас мора да „изгорам„ некое парче облека. Или чипка ке испеглам, или апликација од блуза ќе размачкам. Тоа е така оти сакам да испеглам се на највисоката температура.

    Совет од мене за сите пеглачки. Јас секогаш си викам „Ај нека се подсоберат алишта па ќе пеглам. И ко ќе се напрај еден куп за пеглање тогаш незнам од кај да почнам. Затоа пеглајте си навреме :)