Најдобар совет доколку и вие имате проблеми со пеглањето, а сами не можете да го решите, само подарете и на вашата мајка Phillips парен генератор и таа моќно, брзо и лесно ќе го испегла и најзгужваното парче облека!
Работата на сопругот а и мојата сами по себе си ги одредуваат правилата Ч прглање на се зиво и диво Во текот на неделата се собираат огромен број на кошули кои ми беа најстрапното нешто кога се омажив Едноставно една кошула ја пеглав некога си до 40 мин ( Тука имав мала помоши од сопругот Со текот на времето им го фатив до некаде редот, но секогаш имаше по нешто што стрчи. Обично ако ги сушам во сушара, ги вадам по рано или ги уклуцувам на по малку минути, за да остане влага и да можам да ги испеглам по лесно, затоа што не се сите ист материјал, па знае да се најде некоја по лута Или пак ги собирам од тел по рано, додека се сеуште влажни. Обавезно следува и доплнително прскање за време на пеглањето. Пеглата секогаш е со флеки од пеглањето на алиштата кои тешко се чистат. Пробувам да ги вадам со сода бикарбона, со паста за заби ( така сум читала по форумите но секогаш е со остатоци, никогаш целосно не е исчистена. Не ги лепам, внимавам многу, затоа ми одзима време, но и покрај тоа пеглата е целата исфлекана и црна и најголемиот проблем ми е што понекогаш знае да остане таа флека од пеглата на кошулата или друг вид на облека. Или пак од местото на пеглата, од кај што прскам вода да излезат црни парчиња и да ми направат флека на штотуку испеглана кошула. И така тоа се повторува континуирано. А да спомнам дека за по нежните материјали секогас користам ткаенина од горе за да ги заштитам од директната топлина на пеглата. Ете тоа е моето искуство како млада домакинка која што мора да се навикне да ужива во пеглањето
Пеглање е уметност. Пеглање не е за секој. Сон ми е совршено да испеглам кошула па наместо да го слушам мојот да мрчи, да пушти некоја пофалба, да не се осеќам ко неспособна со две леви раце. Мислам дека ако ја имам пеглава ќе се доодомаќинам, па и парталите за бришење прозорци со задоволство ќе ги пеглам
Ја видов на реклама пеглава и највеќе ме привлече заради ова: Непрекинато преминување од џинс кон свила-значи никогаш не успевам доволно да ја прилагодам температурата на пеглата,секогаш или е премногу или премалку загреана Инаку мој совет: кога се спремате за некаде а брзате и немате време за пеглање, маицата/кошулата што ќе ја носите ставете ја на закачалка и закачете во купатило. Така, додека се туширате со топла/жешка вода, од пареата сами ќе се испеглаат, проверено!
Немам совет, се' е кажано претходно. Ама ќе си кажам дека пред да се омажам и родам деца, пеглањето ми беше начин на релаксација. А сега, пеглам само кога е неопходно
Јас сум домакинка, на која отсекогаш и било хоби да пери алишта со многу омекнувач, но па затоа кога доаѓа делот за пеглање го препуштав на мојата мајка, а веќе две години тоа почнав да го правам сама. Значи моите трикови за пеглање се следниве: Ако ми се пресушени алистата за пеглање навечер ги попрскувам со вода ги замотувам во чаршав, за да бидат омекнати за пеглање. Секогаш алистата ги сушам под сенка не изложени дирекно на сонце бидејќи така повеќе се задржува мирисот на омекнувач на нив и секако бојата не бледнее од сонцето. Алистата ги пеглам наопаку исто за бојата да не избледи. Исто ќе кажам една финта за чистење на пеглата во случај да ви се залепи . Во еден сад ќе растворите оцет и вим и со сунѓерчето од рапавата страна ќе ја потриете пеглата, од кога ќе се исчисти ја поминувате со едно влажно чисто сунѓерче.
Искрено сакам пеглање, ама понекогаш знае да биде напорно. Јас мислам дека тоа многу зависи од видот на облеката и видот на пеглата која ја користиш. Понекогаш одредени парчиња облека лесно и брзо се пеглаат, но за одредени имам големи потешкотии, а сето тоа е поврзано со пеглата, бидејќи имаме една која функционира на вода, па многу често се случува да се истури дополнително вода врз облеката и тогаш сме повторно на почеток. Како млада личност, многупати се случува да ги земам алиштата од жица и уште влажни да се обидувам да ги испеглам, но кога пеглата загрева бавно, тоа е просто невозможно да биде изведено бргу и ете така јас се си доцнам. Како заклучок: Пегла што загрева за 2 минути и што нема потреба да се приспособува согласно материјалот!? Дефинитивно тоа е потребно за пеглањето да се претвори во релаксирачка и едноставна домашна обврска.. )
Не ме разочарувај, те молам, сакам да си останам пеглачка за навек. Пред неколку години спомнав дека пеглање ми е омилена занимација од домашните обврски. Ме утепаа од зафркавање, а јас само си ја споделив пасијата за пеглање. Пеглам сè по список - од облека до чорапи, забегана со тапија. Од совети, ќе го повторам тоа дека полесно се пеглаат алишта кои не се пресушени. Освен нели, ако сакате да го разбудите мазохистот во вас, па да се акнете на пеглање суви-барут алишта и да добиете запаление на мускулите. Е во тој случај, може да се напиете еден Андол потоа, ја олеснува болката во мускулите.
Пеглањето понекогаш навистина знае да одзема многу време, а да не спомнуваме и колку е досадно. Особено ако треба да испегламе кошула од специфичен материјал.. Еве неколку начини.. 1. Газа и картон За овој трик потребно ви е само газа и обично парче картон. Делот што највеќе се гужва или пак целото парче облека ставете го на картонот, а преку него ставете газа. Полека поминете со пегла и изгужваната облека ќе биде како нова. 2. Трик со алуминиумска фолија Под облеката ставете алуминиумска фолија таа ќе ја рефлектира топлината и полесно се пегла од двете страни. 3. Бебешка пудра Ако имате проблем со дамките од пот на вашите алишта, тогаш употребете бебешка пудра додека пеглате. Ставете ја пудрата на местото под пазувите на блузите и така пеглајте ги. На овој начин ќе создадете една бариера меѓу кожата и материјалот, со што нема да се појавуваат дамки од пот. И за крај... се заљубив... сакам да е моја
Ме нервира самиот чин на пеглање алишта, но затоа е тука свеки моја. Таа бидејќи со уживање пегла се па дури и гаќи, навлаки, чаршави и тн. Јас моите алишта кога ќе ми се соберат повеќе правец кај неа. Пс пеглам само тоа што е ептен гужвано, и тоа сабајле пред работа . Пеглава супер подарок за роденден на "мама"
Искрено се надевам дека нема кај тебе ништо да се промени. Јас еве, немам кога да пеглам, навистина. Но мислам дека тоа што даската не ми е погодена има голем удел во тоа. А никако да си погодам убава даска а богами и пегла
Кога се пеглаат ракавите на кошулите, во нив се става пешкир завиткан во ролна и се пегла врз него, за да не се направат непожелни рабови.
Не сум некој љубител на пеглањето и затоа пеглам по потреба и тоа најчесто кошули на маж ми па така ако некоја кошула потешко се пегла ставам врз неа мокра крпа или марамче и поминувам со пегла. Исто така кога пеглам чаршафи за именден најпрво ги попрскувам со вода и ги оставам да одстојат па потоа ги пеглам. Ете толку од мене и се надевам ќе имам среќа да го добијам овој Philips парен генератор, да си го олеснам, а притоа и да го засакам пеглањето.
Кога бев помлада мрзев пеглање, се сеќавам во средно никогаш не се пеглав, трик ми беше облеката ја оставав на топла електрична печка од вечер и сабајле за нашколо работите ми беа како испеглани...ама кога почнав да одам на работа ме фати некоја еуфорија и почнав да пеглам се и сешто...иако не е некоја активност која што ја сакам, сепак мислам во последно време се навикнав и ми стана еден вид ритуал петок или сабота навечер кога не сум излезена си пуштам серија, една-две епизоди и си пеглам комбинации за цела недела за на работа и така преку недела ич не се замарам за пеглање...Инаку производ кој го препорачувам за пеглање деликатни алишта, ем ефтино, ем побрзо се пеглаат ем преубаво мирисаат
хаха претпоставувам, не сум се лизгала досега ама преубаво мириса стварно, после цел шкаф и цела соба ми мириса на него
И јас како тазе домаќинка навлегувам во техниката на пеглањето, така да советиве ми се добредојдени. Инаку кога ме мрзи некогаш да си испеглам за себе го облекувам да видам дали ќе се измазни на мене . Да бидам искрена, не ми треба пеглава на мене, затоа што од скоро ја имам оваа и сум презадоволна. Ама ако веќе се запнете да ми ја подарите би ја израдувала мајка ми . Секако со мојата стара пегла, ѕверкава за мене.
Оо ама имам мерак на пеглава.... би ме направиле најсреќна доколку ја добијам. Инаку јас пеглањето си го олеснувам со спреј од авакс, прскам од него и поминувам со пеглата. Ама со оваа пегла ќе нема потреба од тоа бидејќи доволна ќе биде нејзината пареа. П.С веќе се замислувам како пеглам со неа
Јако Подобар совет од вода нема Иначе Капетане се сеќавам на почеток те читав за каков прашок кориатиш за перење сигурна сум и дека знаеш да пеглаш. Јас и да дадам совет нема да ми ја дадат пеглата ама еве Убав омекшивач, пеглање веднаш по сушење, и задолжително се на посебна закачалка.